Донесени одлуки за Супер котација
петок, 09 февруари 2007
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 09.02.2007 година донесе одлуки за префрлување на подсегментот Супер котација на акциите на следните котирани друштва: - Инвестбанка АД Скопје - Комерцијална банка АД Скопје - Топлификација АД Скопје и - Бетон АД Скопје. Согласно Правилата за котација на Македонската берза, наведените котирани друштва доставија барање нивните акции да бидат префрлени на подсегментот Супер котација на Официјалниот пазар на Македонската берза. Акциите на наведените друштва ќе бидат котирани на Супер котација започнувајќи од понеделник, 12.02.2007 година, кога, согласно новите Правила за котација, започнува новата сегментација на пазарите на Македонската берза.