Продукти на Берзата
БЕСТ НЕТ

Што претставува Бест нет?

Бестнет претставува "on line", систем за дистрибуција на берзански информации преку интернет. Програмот овозможува следење на берзанското тргување во реално време 24 часа, 7 дена во неделата. Наменет е на сите оние кои имаат потреба од брза, сигурна и веродостојна информација за случувањата на Македонската берза.

Бестнет го проследува тргувањето преку три прегледи и тоа: Статистички преглед на тргувањето, Пазар по цени и Склучени трансакции.

Статистичкиот преглед на тргувањето ги дава збирните податоци за сите истргувани хартии од вредност, класифицирани според пазарите на кои се извршиле трансакциите (Официјален пазар, Неофицијален пазар и Други хартии од вредност - конвертибилни сертификати). Во овој преглед се имплементирани податоците за постигнатата максимална и минимална цена за одредена хартија од вредност, како и почетната и последната цена по која се нудат акциите и обврзниците и увид во номиналната цена на акциите на секое акционерско друштво. Овој преглед ги содржи и податоците за бројот на склучени трансакции за одредена хартија од вредност, количината на истргуваните акции/обврзници и остварениот промет (во денари) за секоја истргувана хартија од вредност. На крајот од прегледот се презентираат и збирните статистички податоци од сите пазари. 

Прегледот Пазар по цени ги содржи количините и цените кои се нудат од куповната и продажната страна, увид во цената и количината на истргуваните хартии од вредност и просечната цена на истите. Во овој преглед се презентира и последната цена по која се склучила трансакција за дадена хартија од вредност и сите промени во цените искажани во апсолутни износи и проценти. 

Во прегледот Склучени трансакции освен вообичаените показатели за склучените трансакции во текот на денот, назначени се и брокерските куќи, преку кои се одвивале истите и тоа за сите трансакции поеднинечно, како и идентификационен број под кој се регистрираат трансакциите на Берзата. 

Како да станете корисник на Бест Нет?

За да станете корисник на Бестнет треба да пополните on-line апликација во која ќе ги наведете Вашите основни податоци и периодот на кој би сакале да се претплатите. Потоа треба да извршите уплата на сметката наведена во Договорот. Вашето корисничко име и лозинката за пристап ќе ги добиете на Вашата e-mail адреса, најдоцна за 24 часа од денот на уплатата, а фактурата ќе Ви биде испратена по пошта на Вашата адреса. Корисничкото време почнува да тече од денот на дистрибуирање на корисничкото име и лозинката до корисникот.


На официјалната страница на Бестнет www.bestnet.com.mk можете подетално да се информирате за можностите кои што ги нуди овој програм и доколку сте заинтересирани за користење да се пријавите со испраќање на вашите податоци на e-mail:bestnet@mse.org.mk.