Виртуелна берза

 

 

Со цел да ја приближиме проблематиката на хартиите од вредност до пошироката јавност и да овозможиме практично применување на знаењата за инвестирање во хартии од вредност, Македонската берза организира едукативен проект „Виртуелна берза”.

Виртуелната берза претставува игра на знаење преку која учесниците стекнуваат искуство од областа на тргувањето со хартии од вредност. Виртуелната берза претставува симулација на вистинското тргување на Македонската берза, бидејќи со виртуелни пари се купуваат и продаваат вистински хартии од вредност што се тргуваат на Македонската берза. Покрај едукативниот карактер, оваа игра има за цел кај секој учесник да стимулира остварување на најголем профит при тргувањето во виртуелниот берзански свет. Воедно, учесниците во играта имаат можност да го вреднуваат своето вистинско портфолио остварено од тргувањето на Македонската берза.

Правилата за учество се објавени на официјалната веб страница на проектот Виртуелна берза. Учесниците во проектот и вредностите на нивните портфолија се објавуваат на интернет страницата на Виртуелна берза, а за најдобрите три учесници по завршување на тековниот циклус следуваат награди. 

Повеќе детали за правилата за играта, условите за користење, како и наградите што ќе се доделуваат на најуспешните корисници во Виртуелната берза можат да се најдат на следниот линк: https://virtuelna.mse.mk/

Регистрација за учество во играта може директно да се направи преку линкот: https://virtuelna.mse.mk/registration