Согласно член 57 и 61-а од Правилата за котација предвидено е воспоставување на „Листа за набљудување“, што јавно се објавува на веб страната на Берзата.
На „Листата за набљудување“ се внесуваат издавачи кои котираат на Официјалниот Пазар поради:
а) изречена мерка од страна на Берзата - во случаи на посериозно непостапување од страна на издавачот согласно барањата утврдени во Правилата за котација;
или
б) обрнување на внимание на инвеститорската јавност за определени актуелни состојби поврзани со конкретниот издавач - во случаи на поспецифични ситуации поврзани со хартиите од вредност или со работењето на издавачот. Обрнувањето на внимание на инвеститорската јавност е механизам за комуникација со инвеститорите на македонскиот пазар на хартии од вредност и нивно дополнително информирање дека кај одредено котирано друштво се настанати поспецифични околности што треба да се имаат предвид при донесувањето на инвестициски одлуки при тргувањето со конкретни хартии од вредност.
Внесувањето на котираните друштва на „Листата на набљудување“ се прави согласно член 57, односно 61-а од Правилата за котација, како мерка спрема котираните друштва или со цел обрнување внимание на инвеститорската јавност, респективно.
За внесување, односно отстранување од „Листата за набљудување“ одлучува Одборот на директори на Берзата врз основа на анализа на исполнувањето на обврските на котираните издавачи согласно Правилата за котација и направените објави на СЕИНет од нивна страна и други информации што и стојат на располагање на Берзата.
Хартиите од вредност на котираниот издавач што е внесен на „Листата за набљудување“ остануваат котирани на пазарниот сегмент каде што се примени за котација.
ЛИСТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ:
ИЗДАВАЧИ СО ПОСЕРИОЗНИ НЕПОСТАПУВАЊА ВО ОДНОС НА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ОБВРСКИТЕ ПО ПРАВИЛАТА ЗА КОТАЦИЈА | ||||
Датум на внесување | Издавач | Шифра на ХВ | Основ за внесување | Причина за внесување |
11.11.2020 | АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје | RZLE | член 57 од Правила за котација | необјавување на финансиски извештаи (необјавени неревидирани финансиски извештаи за 01.01-.-30.06.2019, 01.01.-30.09.2019, 01.01.-31.12.2019, 01.01.-31.03.2020, 01.01.-30.06.2020 и ревидирани финансиски извештаи за 2019 година) |
11.11.2020 | Идевелоп АД Скопје | IDVP | член 57 од Правила за котација | необјавување на финансиски извештаи (необјавени неревидирани финансиски извештаи за 01.01.-31.12.2019, 01.01.-31.03.2020, 01.01.-30.06.2020 и ревидирани финансиски извештаи за 2019 година) |
11.11.2020 | Благој Туфанов АД Радовиш | BLTU | член 57 од Правила за котација |
• неодржување на годишно собрание на акционери (последно одржано во 2014 година) • необјавување на финансиски извештаи (последни објавени ревидирани финансиски извештаи за 2013 година и последни објавени неревидирани финансиски извештаи за 01.01.-31.03.2014 година) |
ИЗДАВАЧИ СО ПОСПЕЦИФИЧНИ СИТУАЦИИ И НАСТАНИ ПОВРЗАНИ СО ХАРТИИТЕ ОД ВРЕДНОСТ ИЛИ НИВНОТО РАБОТЕЊЕ | ||||
Датум на внесување | Издавач | Шифра на ХВ | Основ за внесување | Причина за внесување |
11.11.2020 | ЖАС АД Скопје | ZAS | член 61-а од Правила за котација |
• објава на издавачот дека нема деловна активност • објава на издавачот дека има блокирана банкарска сметка |
11.11.2020 | Трудбеник АД Охрид | TRDB | член 61-а од Правила за котација |
• објава на издавачот дека нема деловна активност • неодржување на годишно собрание на акционери • поведена претходна постапка за испитување на условите за отварање на стечајна постапка над друштвото од страна на Основниот суд во Охрид |
11.11.2020 | Агромеханика АД Скопје | AMEH | член 61-а од Правила за котација | објава на издавачот дека нема деловна активност |
11.11.2020 | РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје | RZIT | член 61-а од Правила за котација | објава на издавачот дека има блокирана банкарска сметка |
11.11.2020 | Стокопромет АД Скопје | STOK | член 61-а од Правила за котација | објава на издавачот дека има блокирана банкарска сметка |
11.11.2020 | Сковин АД Скопје | SKOV | член 61-а од Правила за котација | објава на издавачот дека има извршено продажба на целокупниот свој имот |
11.11.2020 | Либерти АД Скопје | RZLV | член 61-а од Правила за котација | објавена намера за преземање на друштвото |
14.01.2021 | Скопски пазар АД Скопје | SPAZ | член 61-а од Правила за котација | објавена намера за преземање на друштвото |