Други акти на берзата

Јавна берзанска аукција во смисла на овие Процедури е постапка во која продавачот според однапред утврдени услови дава понуда за склучување на договор со кој се стекнува сопственост врз удели кои се предмет на аукцијата, при што учесниците во аукцијата согласно правилата на аукцијата меѓусебно се надаваат за прифаќање на таа понуда.

Аукциите се одвиваат на посебен берзански сегмент во рамките на електронскиот систем на тргување на Берзата.

Предмет на аукцијата можат да бидат уделите на државниот капитал кои ги продаваат овластени државни органи, врз основа на Законот за измени и дополнување на законот за приватизација на државниот капитал, како и уделите во сопственост на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
 

ПРОЦЕДУРИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА НА УДЕЛИ
(Maj 11, 2006)
 

Кодекс за корпоративно управување

 

КОДЕКС ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА АКЦИОНЕРСКИТЕ ДРУШТВА КОТИРАНИ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА
(Јуни 2006) 

 

Рамка за оценка на корпоративното управување


Подолу може да ја преземете Рамката за оценка на корпоративното управување во акционерските друштва со едностепени и двостепени органи на управување, изработена од страна на проектен тим координиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), дел од групацијата на Светска банка.

Рамката за оценка на корпоративното управување е намената за оценување на степенот на примена на принципите на Кодексот за корпоративно управување.

1. Рамка за оценка на корпоративното управување во акционерските друштва со едностепен орган на управување
2. Рамка за оценка на корпоративното управување во акционерските друштва со двостепен орган на управување