Тренинг центар на Македонска Берза АД Скопје

"Најдобар принос добивате од инвестиции во знаење!"
- Бенџамин Френклин

За Тренинг центарот


Македонската берза АД Скопје, во рамките на своите заложби за перманентен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност, го воспоставува својот Тренинг центар, со цел зајакнување на капацитетите на постојните и потенцијални учесници на пазарот на хартии од вредност во областа на тргувањето со хартии од вредност, финансиските инструменти и други релевантни теми од областа на финансиите.

Проектот Тренинг центар на Македонска берза е реализиран со поддршка од Европската банка за обнова и развој, а во неговата конкретна имплементација беа вклучени консултанти од конзорциумот на Виенската берза CAPMEX.

Основната мисија на Тренинг центарот на Македонска берза е овозможување на континуирана и висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници, имајќи предвид дека тоа е еден од најважните предуслови за понатамошен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Обуки во рамките на Тренинг центарот

Првите обуки во рамките на Тренинг центарот беа организирани почнувајќи од октомври 2012 година.

Наскоро ќе биде објавен календарот на обуките и начинот и условите за пријавување на учесниците.

Во рамките на наставната програма на Тренинг центарот иницијално беа опфатени 7 теми на обуки. Секоја од обуките содржи најмалку 4, а најмногу 8 модули, при што содржината на модулите е креирана на начин што нуди можност за нејзино прилагодување огласно профилот на посетители на обуките.

Предавачи се истакнати домашни експерти од областа на финансиите и пазарот на хартии од вредност кои преку теретски и практични примери ќе им помогнат на посетителите на обуките полесно да ја разберат предметната проблематика и полесно да ги донесат своите деловни и инвестициски одлуки.

За кого се наменети обуките


Сегашни и идни индивидуални и институционални инвеститори
Акционерските друштва
Банки, брокерски куќи и другите финансиски институции
Медиумите
Сите заинтересирани лица кои имаат желба да се стекнат или да ги продлабочат своите знаења од областа на финансиите и пазарот на хартии од вредност

Прирачник за самостојно учење

Во рамките на Тренинг центарот Македонската берза наскоро ќе го публикува и првиот Прирачник за самостојно учење кој обработува теми од областа на тргување со хартии од вредност. Темите што се опфатени со Прирачникот можете да ги погледнете во  Извадок од Прирачник за самостојно учење - тргување со хартии од вредност

За повеќе информации за Тренинг центарот, темите на обуките и начинот на пријавување на учесниците можете да испратите порака на treningcentar@mse.org.mk, или да се јавите на тел. 02 3122 055, контакт лице Каролина Каровска Божиноска.

Партнери на Тренинг центарот на Македонска берза 

PwC Академија 

Академија за банкарство и информатичка технологија Скопје 

Здружение АИЕСЕК ЛК Скопје