Котација на Официјален пазар

Предности од котација


Под котација на хартии од вредност, се подразбира постапката на внесување на одредена хартија од вредност на официјалниот пазар согласно одредени критериуми пропишани од Берзата и обврска за редовно објавување на ценовно чувствителни финансиски и нефинасиски информации и податоци во јавноста.
 
Трговските друштва, со изградени перформанси и јасно утврдени развојни цели, кои преферираат дополнителен капитал и широк круг на инвеститори, котираат на официјалниот пазар на Берзата. Со котацијата на акциите на Берзата, управата на друштвото праќа јасна порака до потенцијалните инвеститори дека друштвото го управува транспарентно. На тој начин, друштвото се обврзува дека континуирано ќе ја известува јавноста, за сите релевантни активности и проценка на финансиската позиција, со што ги изложува перформансите на друштвото на јавна проценка.

Друштвата кои котираат на официјалниот пазар остваруваат повеќе користи од котацијата и тоа:
•    Можност за прибирање нов капитал со емисија на нови хартии од вредност,
•    Повисок рејтинг и углед на друштвото,
•    Зголемена ликвидност и пазарно формирање на цената на акциите,
•    Зголемување на вредноста на друштвото и можност за дневна проценка на вредноста на друштвото,
•    Поефикасна заштита на инвеститорите, издавачите и малите акционери,
•    Поефикасно спроведување на принципите на корпоративно управување,
•    Поедноставен пристап и до странските берзи.

Посебни услови за котирање на акции

 
За одредени акции да можат да бидат внесени на Супер котација, издавачот треба да ги исполни следните услови:
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последните три години
2.
Финансиски резултати
остварена добивка најмалку во последните три години
3.
Капитал
најмалку 10.000.000 евра
4.
Распространетост на родот на акциите во јавноста
најмалку 20%
5.
Број на акционери
најмалку 200
6.
Интернет страница
Издавачот треба да поседува сопствена интернет страница, на Македонски и Англиски јазик
 
Распространетоста на најмалку 20% од акциите од одреден род треба да биде во сопственост на најмалку 200 акционери. При пресметката на процентот од горниот став, се изземаат акциите што ги поседуваат:
a)
членовите на органите на управување на издавачот, доколку поседуваат над 5% од родот на акции
б)
позначителни акционери (индивидуални или институционални) со над 10% сопственост на родот на акции и
в)
акциите во сопственост на Република Македонија и државни институции, доколку поседуваат над 10% од родот на акции.
 
 
За одредени акции да можат да бидат внесени на Берзанска котација, издавачот треба да ги исполни следните услови:
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последните две години
2.
Капитал
најмалку 5.000.000 евра
3.
Распространетост на родот на акциите во јавноста
најмалку 10%
4.
Број на акционери
најмалку 100
 
На Берзанска котација може да биде примен и издавач кој нема ревидирани финансиски извештаи за последните две години, доколку во последната година има издадено хартии од вредност по пат на јавна понуда.
 
Распространетоста на најмалку 10% од акциите од одреден род треба да биде во сопственост на најмалку 100 акционери. При пресметката на процентот од горниот став, се изземаат акциите што ги поседуваат:
a)
членовите на органите на управување на издавачот, доколку поседуваат над 5% од родот на акции,
б)
позначителни акционери (индивидуални или институционални) со над 10% сопственост на родот на акции и
в)
акциите во сопственост на Република Македонија и државни институции, доколку поседуваат над 10% од родот на акции.
  
Согласно измените и дополнувањата на Законот за хартии од вредност од 23.01.2013 година (Службен весник на РМ бр. 13/2013) се воведе обврска за задолжителна котација на хартиите од вредност на издавачите кои ги исполнуваат следниве услови за котација на пазарниот подсегмент "Задолжителна котација":
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последните две години
2.
Номинален Капитал
најмалку 1.000.000 евра
3.
Распространетост на родот на акциите во јавноста
најмалку 1%
4.
Број на акционери
најмалку 50
  
Распространетоста на најмалку 1% од акциите од одреден род треба да биде во сопственост на најмалку 50 акционери. При пресметката на процентот од горниот став, се изземаат акциите што ги поседуваат:
a)
членовите на органите на управување на издавачот, доколку поседуваат над 5% од родот на акции,
б)
позначителни акционери (индивидуални или институционални) со над 10% сопственост на родот на акции и
в)
акциите во сопственост на Република Македонија и државни институции, доколку поседуваат над 10% од родот на акции.
 
 За одредени акции да можат да бидат внесени на пазарниот подсегмент Котација на мали акционерски друштва, издавачот треба да ги исполни следните услови:
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последната година
2.
Капитал
најмалку 250.000 евра
 
Издавачот чии акции котираат на подсегментот Котација на мали акционерски друштва е должен најмалку една година од датумот на котација да ги врши известувањата по основ на постојаните обврски за известување од глава VI преку овластен покровител за котација на Берзата.
 

Посебни услови за котација на должнички хартии од вредност

 
За котација на обврзници на подсегментот Берзанска котација, издавачот треба да ги исполни следните услови:
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последните три години
2.
Вкупна номинална вредност на реализирана емисија
најмалку 500.000 ЕВРА
3.
Процент на обврзници во јавноста
најмалку 25%
4.
Број на сопственици на обврзниците
најмалку 50
 
Обврзниците за кои издавач е Република Македонија, државна институција, јавно претпријатие, единиците на локалната самоуправа, Народната Банка на Република Македонија и обврзници за кои издала гаранција Република Македонија, се внесуваат на котација на Официјалниот пазар по барање на издавачот.
 
 
За котација на краткорочни должнички хартии од вредност на подсегментот Берзанска котација, издавачот треба да ги исполни следните услови:
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последните две години
2.
Капитал
најмалку 5.000.000 евра
3.
Вкупна номинална вредност на реализирана емисија
најмалку 500.000 ЕВРА
 
Краткорочните должнички хартии од вредност за кои издавач е Република Македонија, државна институција, јавно претпријатие, единиците на локалната самоуправа или Народната Банка на Република Македонија и краткорочните должнички хартии од вредност за кои издала гаранција Република Македонија, се внесуваат на котација на Официјалниот пазар по поднесено барање од членка на Берзата, во кој случај Берзата од издавачот ги обезбедува Проспектот и Известувањето за успешност на емисијата
 
Последната верзија на Правилата за котација може да ја прегледате тука...

Условите кои треба да се исполнат за котација на официјалниот пазар на Берзата важат, како за издавачи кои првпат бараат котирање, така и за издавачи чии акции се веќе котирани на Берзата. Берзата може во конкретни случаи да поставува и дополнителни услови за котација како и посебни услови за котација на некој од пазарните подсегменти на берзата. Берзата во исклучителни случаи може да прифати на котација на Официјалниот пазар и издавачи со помала големина на капиталот, помал број на акционери или помал процент на акции во посед на јавноста од пропишаните, доколку оцени дека пазарните карактеристики на издавачот тоа го овозможуваат и дека има потенцијал за тргување со хартиите од вредност за кои се бара котација.