Правила за членство

Со Правилата за членство на Македонската берза се регулираат условите, начинот и постапката за прием на овластен учесник на пазарот на хартии од вредност во членство на Берзата,  правата и обврските на членка на Берзата, континуираните услови за членство на Берзата, престанокот на членство во Берзата, работата на овластените брокери и брокерите со дозвола од Берзата за пристап до БЕСТ системот на членките на Берзата, како и експозитурите на членките.

Со стекнување на статусот членка на Берзата, членката неотповикливо се согласува на примена и почитување на Статутот, Правилата за членство и другите акти на Берзата, како и сите нивни измени и дополнувања. 

 

(Јули, 2008 година)