Правила за тргување

Со Правилата за тргување на Македонска берза се регулира предметот на тргување на Берзата, работењето со налози за тргување (прием, менување, повлекување и одбивање на налози), начин на подредување и извршување на налозите во БЕСТ системот и видовите на налози.

Воедно, во Правилата за тргување се регулира и начинот на тргување со хартии од вредност, состојбата на хартиите од вредност во БЕСТ системот, фазите на тргувањето, прекинувачките аукции, вкрстените трансакции, видовите на сметки, ценовните ограничувања при тргувањето со хартии од вредност, временото прекинување на тргувањето со определена хартија од вредност, начинот на склучување, ревидирање и понуштување на трговските трансакции со хартии од вредност и постапувањето на Берзата во случај на дефект на БЕСТ системот.

Во рамките на Правилата за тргување, со посебни анекси се регулираат правилата за реализирање на блок трансакции (Анекс 1), јавни берзански аукции на акции во сопственост на државата (Анекс 2), понудување на примарна емисија на хартии од вредност преку Берзата (Анекс 3) и јавни берзански аукции на акции при продажба на големи пакети на акции (Анекс 4).
 

ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ НА ПРАВИЛА ЗА ТРГУВАЊЕ
(Август, 2018 година)
(со важност од 06.08.2018 година)


Одлуки кои произлегуваат од Правилата за тргување

1. Одлука за утврдување на денови на тргување и работно време
    Одлука за измена на Одлука за денови на тргување (од 30.11.2011 година)
2. Одлука за налози со скриена количина
3. Одлука за распоредување на хв во режими на тргување
    Одлука за измена и дополнување на Одлуката за распоредување на хв во режими на тргување (од 23.02.2011 година)
    Одлука за измена и дополнување на Одлуката за распоредување на хв во режим на тргување
    Одлука за измена и дополнување на Одлуката за распоредување на хв во режим на тргување (од 23.12.2013 година)
    Одлука за измена и дополнување на Одлуката за распоредување на хв во режим на тргување (од 26.12.2014 година)
    Одлука за измена и дополнување на Одлуката за распоредување на хв во режим на тргување (од 30.11.2015 година)
    Пречистен текст на одлуката за распоредување на хв во режими на тргување (ги содржи сите претходни измени и дополнувања)    

4. Одлука за режими за тргување и групи и за максимално времетраење на подфазата рандом (ажурирано на 26.03.2010)

Одлука за измени на Одлуката за режими и за максимално времетраење на подфазата рандом (од 19.06.2018 година со примена од 03.09.2018 година);

5. Одлука за статички лимит

Одлука за измена и доплнивање на одлуката за статички лимит

6. Одлука за услови за применување на прекинувачка аукции
7. Одлука  за должина на подфазата со фиксно времетраење и максимална должина на подфазата рамдом
8. Одлука  за начин и време на поднесување на барање за поништување
9. Одлука за начинот на поднесување на документација за ревидирање и временските рамки за ревидирање
10. Одлука за времето на официјализација на денот на тргување

Одлука за измени на Одлуката за времето на официјализација на денот на тргување (од 19.06.2018 година со примена од 03.09.2018 година);


11. Одлука за времето на прибавување и објавување на администраторска блок трансакција

Одлука за измени на Одлуката за пријавување и објавување на администраторска блок трансакција (од 19.06.2018 година сo применa од 03.09.2018 година). 


12. Одлука за отстранување и повторно воспоставување на ценовни ограничувања
13. Одлука за утврдување критериуми и ликвидни нивоа за распределба на хв по групи
        Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за  утврдување критериуми и ликвидни нивоа за распределба на хв по групи  (од 31.10.2011 година)
14. Одлука за утврдување на услови кои треба да ги исполнат поддржувачите на ликвидност
       Одлука за измени и дополнувања на Одлука за утврдување на услови кои треба да ги исполнат поддржувачите на  ликвидност (од 31.10.2011 година)
15. Одлука за престанок на дневна обврска
       Одлука за измени и дополнувања на Одлука за престанок на дневна обврска (од 31.10.2011 година)
16. Одлука за месечни критериуми за исполнување
17. Одлука за утврдување на услови за добивање статус поддржувач на ликвидност