Процедури за доделување Годишни награди на Македонска берза

Доделување на награди
Годишните награди на Македонска берза  се доделуваат традиционално на крајот на календарската година, во месец декември. 
За категориите каде што е потребно да се аплицираат квантитативни критериуми за избор на победниците, како период за пресметка би се земал од првиот работен ден во гoдината  до вториот петок во месец декември во тековната година за која се доделуваат наградите. 
 

Категории за доделување на годишни награди на Македонска берза

  1. Акција со најголем промет 
  2. Акција со најголем пораст на цената 
  3. Акција со најголем пораст на прометот
  4. Членка на годината
  5. Награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност 
  6. Најтранспарентно котирано акционерско друштво
  7. Акција на годината 
  8. Воведување на други категории на награди и доделување на други видови награди

Процедурите за доделување на годишните награди се достапни на следниот линк