Ве известуваме дека на ден 14.01.2025 година, Берзата изврши бришење на една од причините за внесување на издавачите Герас Цунев Трговија АД Струмица и Герас Цунев Конфекција АД Струмица на Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради завршување на постапките за преземање на овие друштва.
На издавачите Герас Цунев Трговија АД Струмица и Герас Цунев Конфекција АД на Струмица им беше проширен основот за внесување на Листата за набљудување на 25.10.2024 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради објава на намера за давање понуди за преземање за овие издавачи.