
Преостанато време до конференција :

Воведни говори
Fatmir Besimi
Министер за финансии на Република Северна Македонија
Nora Aliti
Претседател, Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија
Иван Штериев
Главен извршен директор, Македонска берза
Специјални говори
“Како да се успее во изменетиот свет
Промената како нова константа - како да се натпреварувате и да успеете на пазарите кои постојано се менуваат“
Agnieszka Gajewska
Партнер во PwC, Глобален лидер за услуги во јавниот сектор,
Лидер за Централна и Источна Европа (CEE Clients & Markets Leader)
Armen Grigoryan
Постојан претставник на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Република Северна Македонија
Пауза за кафе
Тони Стојановски
Член на Управен одбор и Генерален директор за корпоративно банкарство, Стопанска банка АД Скопје
Санел Кустурица
Претседател на Управeн одбор, Шпаркасе Банка АД Скопје
Бранко Грегановиќ
Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје
Маја Стевкова Штериева
Претседател на Македонска банкарска асоцијација
Модератор на панелот
Наташа Стојановска, Bloomberg Adria
ESG известување - потреба или помодарство?
Wouter Scheepens
Партнер, Steward Redqueen, Холандија
Добро корпоративно управување - што носи новиот Кодекс на Македонска берза?
Chris Hodge
Специјален советник, Nestor Advisors, Велика Британија
Зошто е важно да се има политика за односи со инвеститори
Marko Čižmek
Член на Управен одбор, Валамар Ривиера, Хрватска
Како подобро да се подготвите за процесите на спојувања и аквизции
Hugh Owen
Надворешен советник, M&A, Legal, PWC
Пауза за ручек
Економски и геополитички шокови - што знаеме, а што не знаеме?
Velimir Šonje
Основач и директор, Архиваналитика, Хрватска
Воведна презентација
Pletser Tamás
CFA, Group Research, Erste Bank, Унгарија
Anže Predovnik
Генерален директор, BSP Energy Exchange, Словенија
Драган Мијалковски
Директор, Челичарница, МАКСТИЛ АД Скопје
Ристо Јаневски
Директор, Енергетско планирање и развој, ОКТА АД Скопје
Модератор
Златко Черепналковски
Директор, Продажба и маркетинг, ЕДС АД Скопје
Пауза за кафе
„Излегување на берза“ - може и на Балканот, ако се сака...
Manyu Moravenov
Главен извршен директор, Бугарска берза
Hristo Hristov
Основач и извршен директор, HR Capital, Бугарија
Пазарите на капитал во земјите на ЕБРД
Attila Toth
Раководител, Развој на финансиски пазари и пазари на капитал, Европска банка за обнова и развој
IPO global watch - што е ново?
Bartosz Margol
Партнер, PwC Полска
Maja Vukadinovic
Менаџер, PwC Полска

ПАНЕЛ 1: БАНКИТЕ ВО НОВАТА РЕАЛНОСТ
Говорници :

Тони Стојановски
Член на Управен одбор и Генерален директор за корпоративно банкарство, Стопанска банка АД Скопје
М-р Тони Стојановски e Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор на СБ од март, 2020 година. Претходно, од 2010 година, ја извршуваше функцијата Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на СБ. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на СБ, успешно ја градеше кариерата во Народна банка на РСМ на значајни позиции, меѓу која и Генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност. Г-динот Стојановски е магистер по економски науки од областа на монетарната економија на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје. Членства во други одбори и организации: Претседател на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје (од јуни 2020г.) и Заменик претседател на МБА (од мај 2016г.)

Санел Кустурица
Претседател на Управен одбор, Шпаркасе Банка АД Скопје
Санел Кустурица е претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, кој зад себе има 23-годишно искуство во банкарскиот сектор, извршувајќи одговорни функции на различни позиции во повеќе банкарски институции на пазарот во Босна и Херцеговина: Микро Ентерпрајз Банка, Прокредит Банка, УниКредит Загребачка Банка, ХВБ-Централ Профит Банка, УниКредит Банка, како и Шпаркасе Банка АД БиХ. Г. Кустурица од јуни 2009 година е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата и истата година е именуван за претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД БиХ, извршувајќи ја оваа функција до почетокот на 2021 година. На почетокот на 2021 година Санел Кустурица доаѓа во Македонија на позицијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, а веднаш по завршувањето на проектот за интеграција и присоединувањето со Охридска банка се назначува за заменик- претседател на Управниот одбор на Банката, надлежен за активности поврзани со работењето со население, маркетинг и развој на производи. Богатото професионално искуство на г. Кустурица е поддржано и од исклучителното формално образование и магистерска диплома од областа на бизнис-администрација и меѓународна економија на Универзитетот во Делавер, Соединетите Американски Држави.

Бранко Грегановиќ
Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје
Бранко Грегановиќ е претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Грегановиќ има диплома по економија и два одбранети магистерски труда, едниот по економија на Економскиот факултет во Љубљана, другиот по менаџмент на Лондонската бизнис школа и повеќе од 30 години регионално и меѓународно искуство во банкарскиот, корпоративниот и јавниот сектор. Почетоците на неговата кариера се врзани за работа во државни институции, во централната банка на Словенија, а подоцна и во Министерството за финансии, каде од функцијата државен потсекретар е задолжен и за управување со јавни долгови и гаранциите на државата. Кон крајот на 90-те години Грегановиќ поминува во приватен сектор. По години поминати на водечки позиции во Сосиете Женерал Банка Словенија, Хипо Алпе-Адриа Банка во Австрија, Групацијата Дрога Колинска, но и како самостоен советник од областа на корпоративните финансии, спојувања и аквизиции и финансиско преструктуирање, во 2014 година Грегановиќ доаѓа на чело на НЛБ Банка Белград, каде цели седум години ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прераснува во профитабилна и препознаена финансиска институција со забрзан раст на годишно ниво од 15 до 20 отсто. Ваквите резултати на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и го отвораат патот за аквизиција на една од водечките српски банки- Комерцијална банка Белград, во декември 2020 година.

Маја Стевкова Штериева
Претседател на Македонска банкарска асоцијација
Д-р Маја Стевкова Штериева кариерата ја почнува во Комерцијална банка 1993 година и до 2002 година работи во различни сегменти кои овозможуваат заокружување на искуството во банкарското работење, почнувајќи од Секторот за односи со странство, Самостоен референт во Дирекцијата за средства и ликвидност, вклучително и во Службата за работа со хартии од вредност. Во 2002 година е назначена за Директор на Дирекцијата за управување со ризици, а во 2005 година за Директор на Секторот за управување со ризици и планирање. Од 2008 година ја извршува функцијата Главен финансов директор и член на Управниот одбор. Била претседател на Управниот одбор на Академијата за банкарство и ИТ и член на Управниот одбор на Стопанската комора на РМ. Во моментов е претседател на Македонската банкарска асоцијација. Образованието го има оформено на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје , каде во 2012 година станува доктор на науки со докторат на тема „Оперативен ризик и корпоративно управување во финансиски институции„. Д-р Штериева е и предавач при економскиот факултет на Американ Колеџ Скопје, предавач на Програмата за управување со ризици и на Програмата за управување со кредитен ризик на Академијата за банкарство и информатичка технологија, Скопје.
Специјален говор
Економски и геополитички шокови - што знаеме, а што не знаеме?
Говорник :

Velimir Šonje
Основач и директор, Архиваналитика, Хрватска
Velimir Šonje е роден во Загреб, каде што дипломирал на Економскиот факултет, магистрирал, а од 1990 до 1995 година работел на Економскиот институт во Загреб. Во тоа време, како советник на Владата, тој учествувал во тимот кој ја дизајнирал програмата за стабилизација со која беше запрена хиперинфлацијата во Хрватска во 1993 година. Од 1995 до 2000 година, тој работел во ХНБ како извршен директор на секторот за истражување и статистика. Од 2001 до 2002 година ја извршувал функцијата претседател на надзорниот одбор на Raiffeisen за управување со задолжителниот пензиски фонд, додека од 2002 година бил претседател на Надзорниот одбор на Raiffeisen Invest, друштвото за управување со инвестициски фондови. Во периодот од 2000 до 2003 година бил и член на управниот одбор на Raiffeisenbank Austria d.d. Zagreb. Во 2005 година станува советник на Светска банка за повеќе финансиски проекти во регионот на Југоисточна Европа. Од 2008 до 2009 година ја извршувал функцијата претседател на управниот одбор на ICF Invest, а во 2003 година ја основа компанијата Архиваналитика, чиј директор е и денес.
Специјалени говори
Говорници :
“Како да се успее во изменетиот свет
Промената како нова константа - како да се натпреварувате и да успеете на пазарите кои постојано се менуваат“

Agnieszka Gajewska
Партнер во PwC, Глобален лидер за услуги во јавниот сектор,
Лидер за Централна и Источна Европа (CEE Clients & Markets Leader)
Agnieszka Gajewska е партнер во PwC и глобален лидер за услуги во јавен сектор и инфраструктурни проекти во Централна и Источна Европа. Има огромно искуство во инвестиции во инфраструктурата, фокусирајќи се на транспортната и социјалната инфраструктура, со посебен фокус на пазарите во развој. Таа има над 20 години професионално искуство во управување со проекти во проектно финансирање / ЈПП, корпоративни финансии и сметководство, стекнато во советодавната и банкарската индустрија во Полска и Лондон, покривајќи различни инфраструктурни проекти во Европа - Полска, ОК, Германија, Шпанија, Чешка, Словачка, Романија, Бугарија, Русија, Хрватска и Северна Америка. Agnieszka Gajewska има големо искуство со проекти во јавниот сектор посветени на реформите во јавната администрација, урбани иновации, паметни градови, дигитализација и градење капацитети. Исто така, има искуство во управување со големи програми/рамковни програми, управување и водење на големи проекти и дејствува како советник за јавни и приватни клиенти во регионот на Централна и Источна Европа.

Armen Grigoryan
Постојан претставник на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Република Северна Македонија
Г. Армен Григорјан е назначен за постојан претставник на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Република Северна Македонија на 11 октомври 2021 година. Пред да ја преземе оваа функција, од јануари 2015, тој беше раководител на Регионалното одделение за климатски промени и отпорност на катастрофи, како и советник за Глобални енергетски политики во УНДП за Европа и Централна Азија, со седиште во Регионалната канцеларија во Истанбул. Исто така има работено како советник за ризици и отпорност на катастрофи во седиштето на УНДП во Њујорк, програмски офицер на УНДП во Женева, програмски менаџер за кризи и закрепнување од кризи во УНДП Ерменија. Неговото работно искуство во овие области ги покрива и канцелариите на УНДП во Таџикистан и Киргистан, а има работено и во меѓународни организации како Светска банка, министерството за финансии на САД, Мировните сили на САД итн. Г. Григорјан има завршено постдипломски студии за меѓународни односи и европски студии на Централниот европски универзитет, додека неговото факултетско образование е во областа педагогија, историја и англиски јазик. Зборува англиски, руски, француски, а негов мајчин јазик е ерменскиот.
ПАНЕЛ 2: ЕНЕРГЕТИКА - ќе има ли долга студена зима?
Говорници :

Pletser Tamás
CFA, Group Research, Erste Bank, Унгарија
Tamas Pletser е аналитичар на акции на Ерсте Групацијата за нафта и гас кој ги покрива берзите во ЕМЕА. Pletser подготвува истражувачки трудови за институционалните и малопродажните инвеститори на Ерсте и помага при изборот на инвестиции во нафта и гас како аналитичар од страна на продажба. Опфатените акции вклучуваат PGNiG, PKN Orlen и Lotos Group од Полска, OMV од Австрија, Unipetrol од Чешка, Romgaz и OMV Petrom од Романија, NIS од Србија, Tupras, Petkim и Aygaz од Турција. Pletser започнал со истражување за нафта и гас од 2000 година. Тој е и чартер сопственик на CFA од 2002 година. Покрај неговите главни активности, тој редовно пишува, зборува и пишува интервјуа за европските пазари на нафта и гас и развојот на глобалните цени на сурова нафта.

Anže Predovnik
Генерален директор, BSP Energy Exchange, Словенија
Anže Predovnik е актуелен извршен директор на BSP Energy Exchange и еден од водечките европски експерти во работењето на организираниот пазар на електрична енергија (PX пазар). Има над 15 години искуство со функционирање на PX markets, со формирање на цените на електричната енергија и со имплементација на проекти за хармонизација на различните системи на берзите за електрична енергија со цел редуцирање на раликата во цени. Неговата работа на сегашната позиција првенствено е фокусирана на развојот на ликвидноста на словенечката берза на електрична енергија и негова интеграција со соседните пазари преку проекти за хармонизација на различните системи на берзите за електрична енергија на паневропскиот пазар на електрична енергија. Anže Predovnik дипломирал во 2007 година на Економскиот факултет во Љубљана (International Exchange), а магистерскиот труд од областа на економијата (банкарство и финансиски менаџмент) го завршил во 2014 година. Покрај тоа, тој е активен член на различни стручни здруженија, вклучувајќи ги Europex и AFM, и квалификуван говорник на конференции и други настани поврзани со енергетски теми.

Драган Мијалковски
Директор, Челичарница, МАКСТИЛ АД Скопје
Драган Мијалковски завршил средно образование во средното машинско училиште ЕМУЦ “Никола Тесла” – Скопје. Во 1999г дипломирал на Машинскиот Факултет Скопје при Универзитетот ” Св. Кирил и Методиј” Скопје, на насоката производно машинство. На истиот факултет во 2019г го завршил вториот циклус на студии и се стекнал со академски назив Магистер по технички науки од областа на Машинството. Во 2002г се вработил во Макстил и работел на позицијата одговорен инженер за техничка проблематика. Во периодот од Јули 2006г, па се до крајот на 2016г ги извршувал работните обврски на позицијата Директор за одржување во погон Челичарница. Од Јануари 2017г е унапреден на позицијата директор на погон Челичарница во склоп на Макстил АД Скопје, на која позиција се наоѓа и моментално. Активно учествувал и водел неколку значајни инвестициски проекти, кои се реализирале во погонот Челичарница, а кои биле круцијални за напредокот на погонот и компанијата. Посетувал различни советувања, работилници, семинари, обуки за усовршување во делот на струката и позициите на работните места за кои поседува сертификати. Член е на комората на овластени архитекти и инженери, при што ги поседува А овластувањата за ревизија на проекти, надзор и изведба на градба од областа на машинството.

Ристо Јаневски
Директор, Енергетско планирање и развој, ОКТА АД Скопје
Д-р Ристо Јаневски е дипломиран електроинженер на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој од 1994 година успешно ја гради својата професионална кариера во ОКТА АД Скопје. Работел како директор за логистика и услуга на клиенти, а денес е на позицијата директор за стратешко планирање и развој. Работел на повеќе стратешки проекти: изградба на ТНГ инсталации на неколку бензински станици, ре-брендирање на повеќе од 30 приватни бензински станици со боите на ОКТА, чистење на нафтоводот и негова трансформација во продуктовод. Во последните неколку години работи на новиот проект во ОКТА – Концепт на дистрибуирано производство на електрична енергија од обновливи извори и снабдување на крајните потрошувачи. Јаневски е дел од тимот на МАНУ за изработка на Стратегијата за развој во енергетиката на Република Северна Македонија до 2030 година.Автор е на бројни публикации и преку 40 научни трудови во областа на енергетиката. Претседавач е на Собранието на Стопанска комора на Северна Македонија, и е претседател на Здружението за енергетика при Комората.
Претпладневен пазарен мозаик
ESG известување - потреба или помодарство?

Wouter Scheepens
Партнер, Steward Redqueen, Холандија
Wouter Scheepens е основачки партнер на Steward Redqueen со речиси 20 години искуство во областа на оджлива економија и управување со влијанија. Тој е советник на (мултинационални) компании и други организации со посебен фокус на интеракцијата помеѓу корпоративниот сектор и општеството. Wouter студирал право на Tilburg University (дипломирал во 1989 година). Неговото образование вклучува и постдипломски студии по менаџмент и организација на TIAS Business School (1998), постдипломски студии по корпоративна комуникација (Erasmus University/ RSM 2001) и курс за менаџмент за неизвршни членови на одбори (Erasmus University 2015). Член е во различни (надзорни) одбори на непрофитни организации, вклучително и WakaWaka Foundation, Stichting Nudge. Во исто време претседава со мрежата на алумни на Tilburg University (Vrienden van Cobbenhagen). Во 2017 година, Wouter ја објавил книгата „Sustainability in the Boardroom“ (на холандски) која беше долго наведена како една од најдобрите книги за менаџмент во Холандија во таа година.
Добро корпоративно управување - што носи новиот кодекс на Македонска Берза?

Chris Hodge
Специјален советник, Nestor Advisors, Велика Британија
Chris Hodge е независен советник за управување и раководење, кој моментално работи со Институтот на директори (Велика Британија), Nestor Advisors и Hawkamah Institute, меѓу другите. Chris Hodge е искусен креатор на политики кој има работено на највисоко ниво со бизниси, инвеститори, регулатори, влади и меѓународни организации и има пишувано и презентирано опширно на темите за управување и раководење. Chris бил директор за корпоративно управување на Советот за финансиско известување на ОК десет години се до 2014 година. Тој бил одговорен за развивање и промовирање на Кодексот за корпоративно управување на Обединетото Кралство. Chris Hodge е поранешен претседател на European Corporate Governance Codes Network и Global Stewardship Codes Network, како и поранешен советник на Chartered Governance Institute.
Зошто е важно да се има политика за односи со инвеститори

Marko Čižmek
Член на Управен одбор, Валамар Ривиера, Хрватска
Marko Čižmek дипломирал на Факултетот за економија и бизнис во Загреб. Тој е лиценциран брокер и инвестициски советник. Кариерата ја започнал во 1996 година во Хрватската народна банка. Поминал неколку години работејќи во корпоративни финансии во Investmentbank Австрија и ICF. Во периодот од 2001 до 2004 година бил член на управен одбор во EURO Invest, друштво за управување со инвестициски фондови. Marko Čižmek имал бројни раководни позиции во компании кои се споени со сегашната Valamar Riviera: тој бил член на управниот одбор во Rabac d.d. (2004-2011), член на управен одбор во Dubrovnik-Babin kuk d.d. (2009-2013) и член на управен одбор во Valamar Adria holding d.d. (2008-2013), генерален директор во Epima d.o.o.(2008-2014), член на надзорен одбор во Zlatni otok d.d.(2002-2011) и Rabac d.d. (2000-2004). Marko Čižmek започнал да работи како член на Управниот одбор на Valamar Riviera во 2011 година, каде што е одговорен за финансии, сметководство, трезор, пазари на капитал и односи со инвеститорите, како и за информатичка технологија. Тој е, исто така, член на управниот одбор на Croatian Association of Financial Analysts и Croatian Association of Corporate Treasurers и заменик-претседател на надзорниот одбор на Helios Faros d.d. од 2019 година.
Како подобро да се подготвите за процесите на спојувања и аквизиции

Hugh Owen
Надворешен советник, M&A, Legal, PWC
Hugh Owen е надворешен советник на PwC за спојувања и преземања со повеќе од 25 години искуство во правен консалтинг. Hugh Owen работи на спојувања и преземања во англиското право, како и општа поддршка за M&A. Тој советува во врска со различни големи корпоративни и комерцијални трансакции низ C&SEE, во телекомуникациите, медиумите и технологијата, банкарството, осигурувањето, енергијата, недвижностите и здравствениот сектор. Пред да се приклучи на PwC, тој работел како партнер на Allen & Overy, работејќи во C&SEE. Тој се приклучил на Allen & Overy во 1994 година, се квалификувал како адвокат во Англија и Велс во 1996 година, а станал партнер во 2004 година. Hugh е постојано оценуван како водечки или високо препорачан советник за корпоративни и М&А во водечките независни правни директориуми во светот, вклучувајќи ги Chambers Global, Chambers Europe, IFLR и Legal 500. Тој ја основал словачката канцеларија на Allen & Overy во 2000 година и основал поврзана канцеларија на A&O во Романија во 2008 година. Долги години бил главен на South Eastern Europe Desk, а од почетокот на 2016 година и шеф на Ukraine Desk. Тој го поставил Allen & Overy’s Baltic Desk во 2017 година. Hugh помага и во обуката за PwC за соочување со клиенти преку PwC Академијата, како и обезбедува внатрешна обука за М&А на членовите на тимот C&SEE за правo и трансакции на PwC.
Попладневен пазарен мозаик
"Излегување на берза" - може и на Балканот, ако се сака...

Manyu Moravenov
Главен извршен директор, Бугарска берза
Assoc. Prof. Moravenov е извршен директор на Бугарската берза и професионален член на RICS (Royal Institute of Certified Valuers). Професор е во VUZF - Sofia. Manyu Moravenov има повеќе од 24 години искуство во областа на финансиите и инвестициите, пазарот на недвижности и пазарот на капитал. Во последниве години активно е вклучен во управувањето со кредитното портфолио и кредитната способност на компаниите, како и во управувањето со процесите на различните извори на финансирање како што се: ИПО и финансирање на капитал, издавање обврзници, корпоративни заеми и банкарски финансирање.

Hristo Hristov
Основач и извршен директор, HR Capital, Бугарија
Hristo Hristov е претприемач и инвеститор, извршен директор на Дарик Радио од септември 2021 година. Неговото искуство вклучува работа како новинар во BBC London и Darik Radio. Тој е дипломиран правник на Софискиот универзитет и е ментор во неколку стартап организации. Во 2005 година, Христо основа дигитална веб-страница за вести Dariknews, која подоцна го презеде Netinfo и на тој начин ја создаде најголемата компанија за дигитални медиуми во Бугарија. Од 2013 до 2019 година бил извршен директор на Netinfo, дел од Nova Broadcasting Group. Hristo Hristov е инвеститор во различни успешни дигитални проекти, како што се Grabo.bg, ebag.bg, Broshura.bg. Тој е дел од одборот на Endeavour, инвестициски партнер во Eleven, член на одборот на BESCO (бугарска стартап организација), дел од консултативниот комитет на Cedar Foundation, ментор во Founders Institute и дел од одборите на инвестициските фондови – Doverie, Convenience, Eight Investment.
Пазарите на капитал во земјите на ЕБРД

Attila Toth
Раководител, Развој на финансиски пазари и пазари на капитал, Европска банка за обнова и развој
Attila Toth работи за EBRD како соработник во тимот за развој на пазари на капитал од 2018 година. Тој е специјализиран за пазари на капитал и развој на инфраструктура на пазарот на капитал каде што изградил 20-годишно искуство. Attila Toth ја започнал својата кариера во Унгарската агенција за управување со долгови во 1997 година и се приклучил на Берзата во Будимпешта кон крајот на 1999 година. За време на неговата 16-годишна кариера во BSE, тој бил одговорен за развој на бизнис и производи, тргување и посттргување. Помеѓу 2008 и 2016 година бил заменик извршен директор на Берзата, одговорен за односи со издавачи и членки, развој на производи, тргување и деловна стратегија. Attila Toth е предава на Budapest Corvinus University и Central-European Foundation for Broker-dealers. Attila Toth е магистер по финансии на Budapest Corvinus University.
IPO global watch - што е ново?

Bartosz Margol
Партнер, PwC Полска
Bartosz го предводи тимот на PwC CEE за пазари на капитал, како дел од глобалната мрежа на експерти за пазари на капитал, кои обезбедуваат широк спектар на услуги на компании, инвестициски банки и институции во врска со трансакциите на пазарите на капитал. Во последните 15 години, Bartosz советувал за над 150 трансакции – ИПО, СПО, и други трансакции на пазарите на капитал. Тој води проекти кои се фокусираат на подготовка за исполнување на барањата за котација за компаниите од ЦИЕ и ги координира кварталните и годишните извештаи на IPO Watch. Бартек исто така ги советувал институциите на пазарите на капитал (берзи, регулатори) во ЦИЕ. Искуството на Bartosz вклучува работа на најголемите и најкомплексните трансакции во повеќето земји од ЦИЕ, прекугранични котации (вклучувајќи ИПО на компании од ЦИЕ во Лондон, Амстердам и Nasdaq), спојувања и спин-оф. Неговиот тим успешно подготви многу издавачи да водат добро организирано ИПО, да ги исполнат барањата за котација и да функционираат како јавно поседувано друштво.

Maja Vukadinovic
Менаџер, PwC Полска
Maja Vukadinovic е менаџер со шестгодишно професионално искуство во давање ревизорски услуги. Нејзиното портфолио се состои од бројни проекти за клиенти од различни индустрии (на пример, медиуми и телекомуникации, трговија на мало, големо, производство и дистрибуција, банкарство) низ регионот на ЦИЕ. Маја била вклучена во многу сложени трансакции со долгови и капитал (вклучувајќи превземања, бизнис и финансиско структурирање) на меѓународните пазари на капитал, како и проценки на подготвеноста за ИПО за компании од ЦИЕ кои планираат котација на локални и меѓународни пазари.
Trending ...
Презентација 1 : Од другата страна во подготовката на IPO

Pawel J. Szaja
Партнер, Shearman & Sterling (Лондон) LLP
Своето искуство го стекнал во канцелариите на Њујорк, Франкфурт и во Лондон во премиерните фирми во САД и Велика Британија, пред да влезе во Shearman во 2014 година. Pawel е цитиран од водечките правни директориуми Chambers UK 2019 и Legal 500 UK 2019 и e признат како ' ѕвезда ' од IFLR1000. Pawel ги советува осигурителните компании и издавачите на долгорочни хартии од вредност на пазарите на капитал, како и прашања поврзани со спојувања и преземања и корпоративното управување. Има долгогодишно искуство, советувајќи за широк спектар на понуди за хартии од вредност, вклучувајќи ги и IPOs, приватизациите, емисија на хартии од вредност и други трансакции на пазарите на капитал од Европа, Африка и Блискиот Исток.
Презентација 2 : Имплементација на MIFID II во малите земји – Lessons learned?

Damyan Leshev
Партнер, Адвокатско друштво „Цветкова, Бебов, Комаревски”
Правник со повеќе од 14 години искуство во пазарите на капитал и банкарските закони и регулативи. Учествувал во многу трансакции на пазарот на капитал во Бугарија и бил советник на голем број бугарски банки, инвестициски фирми и компании за управување со средства врз основа на MiFID I и MiFID II легислативата. Во 2016 година, г. Лешев учествуваше како виш правен експерт во проектот финансиран од ЕУ за усогласување на законите на Република Македонија со ЕУ Регулативата 600/2014 (таканаречен MiFIR). Damyan Leshev е дипломиран економист од Универзитетот за национална и светска економија во Софија, Бугарија и е Магистер на правни науки од истиот факултет.
Презентација 3 : Нови технологии на пазарот на капитал

Elmar Voggenhuber
Инвестициски специјалист, Refinitiv
Elmar Voggenhuber е инвестициски специјалист и советник за Централна и Источна Европа во Refinitiv. Неговото професионално искуство се движи од консултации на пазарите на капитал (Capgemini) до банкарство (Valartis Bank, Raiffeisen International) до финансиски податоци (Thomson Reuters, SDS). Користејќи ги своите знаења и експертиза за пазарот на капитал, Elmar одржал успешни I & A (Inspect and Adapt) работилници ширум Европа.
Презентација 4 : Вештачка интелигенција - новиот "играч" во светот на бизнисот

Илијанчо Гаговски
Основач и Директор на PrymApps
Илијанчо Гаговски е активен чинител во македонската информатичка индустрија во последните 25 години. Во 90-те работел како salesman во МБС – IBM Aliance, на почетокот на 2000-те како раководител на продажба и маркетинг во Логин Системи, од 2002 до 2013 бил директор на канцеларијата на Microsoft во Македонија, а од 2013 е соосновач и управител на PrymApps, компанија за производство на софтвер. По образование е електро-инженер, а по вокација е футурист.Негов постојан интерес се различните начини на кои технологиите ни ги менуваат животите и секојдневието
- Конференцијата ќе се реализира двојазично, на македонски и англиски јазик.
- Организаторот обезбедува симултан превод во текот на целата конференција.
- Конференцијата ќе се одржи во хотелот Инекс Олгица - Хотел и Спа во Охрид.
Котизација за учество
Котизација за учество на конференцијата: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)
Котизацијата вклучува:
- учество на конференцијата, конференциски материјали, пауза за кафе, коктел.
Котизацијата не вклучува:
- сместување и превоз до Охрид и други трошоци.
Попусти за групи
- Доколу се пријават 3 лица од иста компанија/институција: -10%
- Доколу се пријават 4 или 5 лица од иста компанија/институција: -20%
- Доколу се пријават над 5 лица од иста компанија/институција: -30%
Македонска берза АД Скопје
Жиро сметка за уплата на котизацијата: 300-0000032408-06 Комерцијална банка АД Скопје;
За сместување на учесниците, Македонска берза АД Скопје изврши резервација на еднокреветни и двокреветни соби во хотел Инекс Олгица - Хотел и Спа во Охрид и хотел Белви Охрид, под следните услови:
Цени на база ноќевање со појадок
Еднокреветна соба | Двокреветна соба | |
---|---|---|
Хотел Инекс Олгица - Хотел и Спа | 3.111 ДЕНАРИ по лице на ден | 2.501 ДЕНАРИ по лице на ден |
51 ЕВРА по лице на ден | 41 ЕВРА по лице на ден |
Цени на база полупансион
Еднокреветна соба | Двокреветна соба | |
---|---|---|
Хотел Инекс Олгица - Хотел и Спа | 3.721 ДЕНАРИ по лице на ден | 3.111 ДЕНАРИ по лице на ден |
61 ЕВРА по лице на ден | 51 ЕВРА по лице на ден |
Цени на база ноќевање со појадок
Еднокреветна соба | Двокреветна соба | |
---|---|---|
Хотел Белви | 3.111 ДЕНАРИ по лице на ден | 2.501 ДЕНАРИ по лице на ден |
51 ЕВРА по лице на ден | 41 ЕВРА по лице на ден |
Доплата за полупансион - 7 евра од горенаведените цени.
Капацитетот на Хотел Инекс Олгица - Хотел и Спа е целосно пополнет. Резервација за хотелско сместување на гостите ќе се врши во Хотел Белви.
Бројот на учесници на конференцијата е ограничен. За откажувањата примени заклучно со 15 Септември 2022 година се рефундира 50% од котизацијата. За откажувањата примени по 15 Септември 2022 година не се врши рефундирање на котизацијата. Македонска берза го задржува правото на промена на програмата без најава.