Ажурирана мобилната апликација за СЕИНет
вторник, 06 ноември 2018

Мобилната апликација на Системот за електронско известување од котирани акционерски друштва - СЕИНет во текот на месец октомври беше ажурирана со понова верзија. Со новата верзија, со користење на default опцијата за нотификација корисниците на апликацијата ќе бидат известени за секоја нова објава што ќе ја направат котираните друштва.
Сите заинтересирани корисници на iOS платформата  т.е. сите што користат iPhone i iPad може да ја преземат мобилната апликација на СЕИНет преку Apple Store, додека за корисниците на  Android, апликацијата е достапна преку Google Play.