Котација на IV-та емисија корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје
четврток, 29 октомври 2026

На седницата одржана на 26.10.2026 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација.

Карактеристиките на овој финансиски инструмент се следни:

Вид на хартија од вредност:  корпоративни, преносливи, субординирани, необезбедени, обврзници, со фиксна каматна стапка. Издадениот капитален инструмент ќе се користи како дополнителен капитал на Банката
Број на издадени хв: 1.500
Номинална вредност на една хв: 1.000 ЕУР
Вкупна номинална вредност на емисијата: 1,5 милиони ЕУР
Датум на издавање: 01.10.2026 година
Датум на достасување: 30.09.2032 година
Каматна стапка: Фиксна годишна камата од 4,75% за целиот период. Каматата се исплаќа годишно, на 01.10 секоја година почнувајќи од 01.10.2027 година. Каматата се пресметува во евра, а се исплаќа во денари
Правна положба (субординираност) на хв: Обврзниците се необезбедени и се со субординирани обврски во однос на обврските на Банката кон останатите депоненти и  доверители и не подлежат на каков било договор што го намалува степенот на субординација.  
Куповна опција/Откуп: Обврските врз основа на корпоративните обврзници не можат да бидат откупени или предвремено  отплатени, освен во случај на стечај или ликвидација на Банката.
Шифра на тргување: TTKO4
ISIN: MKTTKS200046
Датум на котација и прв ден на тргување: 30.10.2026 година

Имајќи го предвид наведеното, како и при секое вложување во хартии од вредност, потребно е инвеститорите темелно да се информираат за карактеристиките на финансискиот инструмент преку увид и анализа на проспектот за котација, како и преку следење на сите известувања кои издавачот во иднина ќе ги објавува преку системот на Берзата за електронско известување од котираните друштва СЕИ-Нет.