Ве известуваме дека на ден 24.03.2026 година, Берзата изврши бришење на издавачот Макошпед АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за присоединувањето на трговско друштво.
Издавачот Макошпед АД Скопје беше внесен на Листата на набљудување на 11.02.2026 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради објава од друштвото на склучена Спогодба за усогласување на услови по кои што ќе се изврши присоединувањето на трговски друштва, а до завршување на постапката за присоединување.