Ве известуваме дека Одборот на директори донесе заклучок за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола.