Ве известуваме дека на ден 11.03.2026 година, Берзата изврши бришење на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страницата на Берзата, поради тоа што постапката за преземање на друштвото е завршена.
Издавачот Фабрика Карпош АД Скопје беше внесен на Листата на набљудување на 23.12.2025 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за преземање на друштвото.