
Преостанато време до конференција :
Воведни обраќања
Гордана Димитриеска Кочоска
Министер за финансии (TBC)
Bujare Abazi
Претседател на Комисија за хартии од вредност
Иван Штериев
Главен извршен директор, Македонска берза АД Скопје
Специјални говори
Мал пазар, голема можност: Како малите пазари можат да го поттикнат економскиот раст
Patrick Young, Меѓународен експерт за финансиски пазари, стратег за развој на берзи и автор
Искуства на македонска blue-chip компанија
Живко Мукаетов, Генерален директор, Алкалоид АД Скопје
Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза АД Скопје
Пауза за кафе
Водење на банките низ глобалните промени
Fatih Şahbaz, Главен извршен директор, Халк Банка Скопје
Компаративен поглед на регионалните пазари на капитал
Mihael Blažeković, Главен аналитичар, Bloomberg Adria
Посебни индивидуални инвестициски пензиски сметки и нивното влијание врз пазарот на капитал
Marko Bombač, CEO, Ljubljana Stock Exchange
Долгорочниот капитал во функција на долгорочниот индустриски развој
Татјана Бојковска, Член на Управен одбор, Сава Пензиско Скопје
Марија Дуковска – Павловска, Генерален директор, Макстил Скопје
Модератор: Марјан Петрески, Професор, Факултетот за деловна економија и организациони науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје
Пауза за ручек
Патот до успешно IPO – искуства и клучни лекции
Ivan Augustin, Член на Одбор на директори, ING-GRAD Zagreb
Искуства и предизвици при финансирањето на проекти за обновливи извори на енергија и системи за складирање енергија (BESS) во Северна Македонија
Виктор Делов, Виш менаџер за регионални односи, Danske Commodities
Панел 1: Дали македонските компании сакаат капитал: Проект за поттикнување на пазарно финансирање на МБ и ЕБОР
Маја Столевска Костадинова, Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР
Slaven Kartelo, Партнер за пазари на капитал и сметководствено советување за Југоисточна Европа, PwC Croatia
Робин Зимбаков, Сопственик , Солопром Скопје
Нина Мојсова Ќосева, Директор на Сектор Финансии, Иуте Македонија
Moдератор: Каролина Каровска Божиноска, Директор на сектор, Македонска берза
Панел 2: Алтернативни извори на финансирање – искуства и перспективи
Владимир Пешевски, Советник на Премиер за економски прашања, Влада на РСМ
Дејан Калиников, Генерален директор, СПМГ Цапитал
Igor Cicak – Основач и CEO, Provectus Capital Partners
Rok Habinc, Партнер, Pan-Adria Partners
Модератор: Иван Мишев, PWC Северна Македонија
Дигитални средства и токенизација: Трансформација на инвестициските пазари
Jai Waterman, Главен извршен директор, Blockstation
Презентација AI и финансиските пазари
Филип Петровски, Извршен директор, Data Masters
Fireside chat „AI и финансиските пазари“
д-р Петре Ламески, Декан, ФИНКИ
д-р Кирил Јовановски, Редовен професор, Економски факултет Скопје
Воведни говори
Гордана Димитриеска-Кочоска
Министер за финансии
Гордана Димитриеска-Кочоска е магистер по економски науки. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2006 година како студент на генерација по предметот Макроекономија. Магистрирала од областа на финансискиот менаџмент на тема „Финансиското известување и паричниот тек како менаџерски алатки во процесот на одлучување“ на Економскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.
Димитриеска-Кочоска го надградува своето образование со голем број специјализации од областа на финансиите и контролингот и поседува голем број сертификати. Меѓу нив е Едногодишната контролинг академија сопроведена од Менаџмент центар Белград, лиценцирана од CA AKADEMIE AG, Минхен, Едногодишна програма за сертифициран сметководен аналитичар спроведена од АБИТ Академија Скопје. Посетува и обуки и семинари: „Kaizen foundation“ организиран од Менаџмент центар на Белград, „Развој и зголемување на професионалната и личната компетентност на менаџерите од потенцијал до талент“ во Хрватска организација за психологија, CAPEX анализа организиран од Менаџмент центар Белград, „Cash flow analyses“ организирано од Менаџмент центар на Белград, „Анализа на финансиски извештаи“ организиран од Менаџмент центар на Белград. Активно учествува и на конгреси.
Има богата кариера во областа на финансискиот консталтинг и корпоративното банкарство. Во 2006 година е ангажирана во Македонски телеком во Одделението за даноци, во 2006-2007 година е дел од Кабинетот на министерот во Министерството за финансии, Одделение за јавен долг, од 2007 до 2014 е во Секторот за корпоративно банкарство во Стопанска банка, од 2014 до 2017 е член на УО и директор за финансии во АД Електрани на Македонија, од 2018 до 2020 година е финансиски консултатнт од областа на контролинг, финансии и даноци во КФК ДООЕЛ и од 2020 до 2024 година исто така финансиски консултант од областа на контролинг, финансии и даноци во КФК ДООЕЛ.
Во 2020 година Димириеска-Кочоска ја извршува функцијата дополнителен заменик-министер за финансии во Техничката Влада на Република Македонија.
Димитриеска-Кочоска покрај македонскиот мајчин јазик, говори и англиски и шпански. Мажена е и мајка на две деца.
Bujare Abazi
Претседател на Комисија за хартии од вредност
М-р Бујаре Абази е избрана за Претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 20 мај 2025 година од Собранието на Република Северна Македонија.
Бујаре Абази своето образование го стекнала на Универзитетот во Загреб и на Државниот Универзитет во Тетово каде се здобива со звањето Магистер по економски науки и Сообраќаен инженер-поштенска технологија.
Од 2000-та година па се до изборот за Претседател е професионално ангажирана во АД „Пошта на Северна Македонија“ на повеќе позиции каде со својата експертиза и искуство извршува најодговорни задачи и дава значителен придонес за подобрување на квалитетот на услугите, внатрешната контрола и на корпоративното уредување на институцијата. Во март 2023 година, М-р Абази е именувана за Генерален Директор на компанијата, а функцијата ја извршува до февруари 2024 година.
Има богато искуство во решавањето на комплексни проблеми, менаџирање на човечки ресурси и во процесите на донесување на одлуки за што во текот на својот професионален развој посетува многу обуки и семинари, за кои поседува и сертификати.
М-р Абази, покрај албанскиот и македонскиот јазик, активно ги користи англискиот и хрватскиот јазик.
Иван Штериев
Главен извршен директор, Македонска берза АД Скопје
Г-дин Иван Штериев е Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје од 2005 година. Тој беше дел од тимот кој ја воспостави берзата во Република Македонија во 1996 година и работи во Македонската берза од нејзиното основање, најпрвин како раководител на трговска сала, а потоа како директор на Секторот за тргување до 2005 година.
Учествувал во бројни работни групи задолжени за изработка на закони и подзаконски акти поврзани со домашниот пазар на хартии од вредност. Исто така, бил член на Одборот на Македонскиот централен депозитар за хартии од вредност и комисионер во Комисијата за хартии од вредност на Македонија. Г-дин Иван Штериев е и член на Надзорниот одбор на SEE Link (SEE Link е проект започнат од берзите на Бугарија, Македонија и Загреб со цел создавање регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на овие три пазари. Проектот е поддржан од Европската банка за обнова и развој).
Учествувал како говорник и презентер на бројни домашни и меѓународни конференции на теми поврзани со функционирањето на пазарите на хартии од вредност.
Специјални говори
Patrick Young
Меѓународен експерт за финансиски пазари, стратег за развој на берзи и автор
Патрик Л. Јанг е еден од водечките светски експерти за финансиските пазари и поранешен главен извршен директор на берза. Автор е на првата бестселер книга од областа на финансиските технологии – „Capital Market Revolution!“ (Financial Times, 1999), која се смета за едно од пионерските дела во оваа област.
Во текот на својата кариера бил главен извршен директор на Трансилванската берза SIBEX, член на одборот на платформата за блок-тргување со акции Liquidnet, како и поранешен претседател на Global Financial Centres Conference и Blockchain Malta.
Преку својот дневен билтен Exchange Invest (ExchangeInvest.com), Патрик активно ги промовира развојот и улогата на берзите во денешното, како што го нарекува, „време на берзите“, а неговите анализи ги следат водечките учесници на глобалните финансиски пазари.
Денес работи како советник за пазарни структури и финансиски центри, со посебен фокус на развојот на нови берзи и пазари на капитал. Особено е посветен на унапредувањето на помалите берзи, каде што гледа значителен потенцијал за создавање вредност преку нивно тесно поврзување со реалната економија. Неговите авторски текстови и анализи се објавувани во реномирани светски медиуми, меѓу кои Australian Financial Review, Börsen-Zeitung, Financial Times и The Wall Street Journal.
Преглед на идните глобални пазарни трендови
Blaž Hribar
член на Управен одбор, Pokojninska družba A,Словенија
Blaž Hribar е член на управниот одбор на Pokojninska družba A од 2015 година, каде што е одговорен за управување со инвестиции. Претходно, тој бил раководител на одделот за анализа во NLB Skladi и има речиси две децении искуство во управување со средства. Тој исто така е и автор на бројни статии и многу останати професионални придонеси во оваа област.
Искуства од македонска blue-chip компанија
Живко Мукаетов
Генерален директор, Алкалоид АД Скопје
Иван Штериев
Главен извршен директор, Македонска берза АД Скопје
Г-дин Иван Штериев е Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје од 2005 година. Тој беше дел од тимот кој ја воспостави берзата во Република Македонија во 1996 година и работи во Македонската берза од нејзиното основање, најпрвин како раководител на трговска сала, а потоа како директор на Секторот за тргување до 2005 година.
Учествувал во бројни работни групи задолжени за изработка на закони и подзаконски акти поврзани со домашниот пазар на хартии од вредност. Исто така, бил член на Одборот на Македонскиот централен депозитар за хартии од вредност и комисионер во Комисијата за хартии од вредност на Македонија. Г-дин Иван Штериев е и член на Надзорниот одбор на SEE Link (SEE Link е проект започнат од берзите на Бугарија, Македонија и Загреб со цел создавање регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на овие три пазари. Проектот е поддржан од Европската банка за обнова и развој).
Учествувал како говорник и презентер на бројни домашни и меѓународни конференции на теми поврзани со функционирањето на пазарите на хартии од вредност.
Водење на банките низ глобалните промени
Fatih Şahbaz
Главен извршен директор, Халк Банка Скопје
Роден е во 1981 година во Соргун, Јозгат. Дипломирал на Економскиот отсек при Факултетот за економски и административни науки на Универзитетот Селчук, како и на Правниот факултет на Универзитетот Догуш. Магистрирал на Економскиот отсек при Институтот за општествени науки на Универзитетот Мармара, а докторирал во областа на политиката и јавната администрација на Универзитетот Истанбул Меденијет.
Во Халкбанк Туркије (Türkiye Halk Bankası A.Ş.) извршувал функции како банкарски службеник, внатрешен контролор, раководител на оддел, раководител на филијала, директор на сектор и претседател на група. Од 22.11.2022 година ја извршувал и функцијата заменик генерален директор за поддршка услугите и човечки ресурси.
Г-дин Шахбаз е член на Надзорниот одбор на Халкбанк АД Скопје од 27.07.2020, а од 16.12.2025 е назначен за Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје.
Компаративен поглед на регионалните пазари на капитал
Mihael Blažeković
Главен аналитичар, Bloomberg Adria
Михаел Блажековиќ е главен аналитичар во Bloomberg Adria, со долгогодишно искуство во областа на макроекономијата и анализата на пазарите на капитал, вклучувајќи акции, обврзници, суровини и каматни стапки на регионалните и глобалните пазари. Неговата работа е особено насочена кон анализа на монетарната и фискалната политика, како и истражување на различни индустрии, при што неговите извештаи и коментари им помагаат на инвеститорите и на деловната заедница подобро да ги разберат сложените економски и финансиски трендови.
Покрај својата кариера во финансискиот сектор, Михаел е и претприемач во областа на земјоделството и адреналинскиот туризам, како сопственик на OPG Blažeković. Неговата стручност и практично искуство во финансискиот сектор го прават еден од препознатливите аналитичари во регионот.
Посебни индивидуални инвестициски пензиски сметки и нивното влијание врз пазарот на капитал
Marko Bombač
CEO, Ljubljana Stock Exchange
Марко Бомбач, CFA, FRM, го започна својот прв мандат како претседател на Управниот одбор на Љубљанската берза на 1 септември 2024 година.
Својата кариера ја започнал како финансиски аналитичар во Factor Bank, по што се приклучил на NLB Skladi, каде што повеќе од една деценија успешно извршувал повеќе раководни функции, меѓу кои и раководител на Одделот за истражување и анализи. Од 2020 година ја извршува функцијата директор за управување со ризици во Банката на Словенија. Во текот на својата кариера бил активен член на повеќе комитети и работни групи во рамки на Евросистемот и други меѓународни професионални тела.
Долгорочниот капитал во функција на долгорочниот индустриски развој
Татјана Бојковска
Член на Управен одбор, Сава Пензиско Скопје
Татјана Бојковска е член на Управниот Одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
По седум години поминати во областа на ревизија и банкарско работење, таа стана дел од системот на капитално финансирано пензиско осигурување во 2012 година, напредувајќи на позиции во сегментите управување со ризици и управување со средствата на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво. Нејзините експертиза, искуство и посветеност доведоа до нејзино назначување за член на Управен Одбор во 2023 година.
За време на првата година од нејзиниот мандат, Сава пензиско друштво ја освои наградата “Најдобар мал пензиски фонд во Европа“ и влезе во најтесен круг во категоријата “Акции“ на Европско ниво, на IPE Conference & Awards за 2023 година, кои беа доделени на крајот на ноември 2023 во Виена, Австрија.
Татјана е носител на сертификатите CFA (Chartered Financial Analyst), CAIA (Chartered Alternative Investment Analyst) и CIPM (Certificate In Investment Performance Measurement). Исто така, таа го има положено и стручниот испит за инвестиционо советување организиран од страна на домашната Комисија за хартии од вредност. Како член на CFA Institute и CAIA Association, таа редовно се вклучува во волонтерски активности организирани од овие професионални асоцијации.
Покрај придонесот во остварувањето на стратешките цели на Сава пензиско друштво, Татјана покренува иницијативи и придонесува и во активности за едукација на населението за значењето на дополнителното пензиско штедење како одговор на неповолните демографски движења во земјата.
Марија Дуковска Павловска
Генерален директор, Макстил Скопје
Марија Дуковска-Павловска е извршен член на Одборот на директори и генерален директор на Макстил АД Скопје, функција што ја извршува во изминатите пет години. Таа поседува богато лидерско искуство во стратешкото и оперативното управување, како и во областа на човечките ресурси, организацискиот развој и обука на вработените на регионално ниво. Нејзината професионална кариера опфаќа значајно искуство во производствениот сектор, особено во електронската индустрија, како и во банкарството.
Меѓународното искуство го стекнала преку ангажман во невладиниот сектор, каде што била одговорна за координација на човечките ресурси и финансиското управување со проекти во земјите од Југоисточна Европа. Воедно, била ангажирана како експерт за подобрување на организациските и финансиските перформанси на пет јавни комунални претпријатија во областа на водоснабдувањето во Северна Македонија.
Пред да се приклучи на Макстил, извршувала повеќе високи раководни функции, меѓу кои генерален директор на меѓународна компанија со седиште во Северна Македонија, како и директор за човечки ресурси за Источна Европа и директор за организациски развој и обука на вработените за регионот ЕМЕА во рамките на истата компанија.
Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Бизнис менаџмент, а магистрирала економски науки од областа на претприемништвото на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, Република Хрватска. Нејзиниот професионален развој опфаќа лидерски програми реализирани преку Atlanta Tech University и FranklinCovey University, како и сертификати за NLP тренер и консултант и Mindset Map Coach.
Поседува богато консултантско искуство, стекнато преку работа со повеќе од 25 домашни компании и организации. Како силен поборник на континуираниот личен и професионален развој, таа е сертифициран коуч, обучувач и фасилитатор на програми за личен и организациски развој, вклучувајќи ги SDI и FranklinCovey програмите.
Марјан Петрески
Професор, Факултетот за деловна економија и организациони науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје
Д-р Марјан Петрески е редовен професор по економија на Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Покрај академската кариера, тој е стратешки советник во Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, истражувачки соработник во Partnership for Economic Policy (Канада) и визитинг професор на Технолошкиот универзитет во Гдањск, Полска. Кариерата ја започнал во Министерството за финансии и Народната банка, а неговата научна и професионална работа е насочена кон монетарната економија, макроекономијата, финансиските пазари и економските политики.
Како коосновач на Finance Think, проф. Петрески учествувал во изработката на бројни економски анализи и препораки што придонеле за креирање и унапредување на јавните политики во Северна Македонија. Во текот на својата кариера бил консултант на Светската банка, Меѓународната организација на трудот (ILO), УНКТАД, UN Women, УНИЦЕФ, УНДП, Европската Унија и други меѓународни организации, работејќи на проекти во повеќе од 30 земји.
Проф. Петрески е автор на повеќе од 170 научни публикации, од кои значителен дел се објавени во водечки меѓународни научни списанија од областа на економијата. Неговите истражувања се фокусираат на монетарната политика, финансиската стабилност, пазарот на трудот, меѓународната трговија и развојната економија, а важи за еден од најцитираните економисти во Северна Македонија.
Патот до успешно IPO – искуства и клучни лекции
Ivan Augustin
Член на Одбор на директори, ING-GRAD Zagreb
Иван Аугустин е главен финансиски директор (CFO) на ING-GRAD, каде што е одговорен за финансиската стратегија на компанијата, управувањето со капиталот и обезбедувањето долгорочна финансиска одржливост. Во својата работа е посветен на зајакнување на финансиската отпорност, унапредување на капиталната ефикасност и поддршка на успешната реализација на сложени инфраструктурни и градежни проекти преку современо финансиско управување и добро корпоративно управување.
Пред да се приклучи на ING-GRAD, Иван стекнал богато искуство во банкарството и управувањето со средства, извршувајќи аналитички и раководни функции во водечки финансиски институции, меѓу кои Zagrebačka banka и Erste Mandatory and Voluntary Pension Funds Management Company. Воедно, бил и член на Надзорниот одбор на Bluesun Hotels, со што дополнително го проширил своето искуство во областа на корпоративното управување и стратешкото финансиско управување. Неговото професионално искуство ги опфаќа банкарството, институционалното инвестирање и корпоративните финансии, со особен фокус на создавање одржлива вредност и долгорочно финансиско лидерство.
Искуства и предизвици при финансирањето на проекти за обновливи извори на енергија и системи за складирање енергија (BESS) во Северна Македонија
Виктор Делов
Виш менаџер за регионални односи, Danske Commodities
Панел 1: Дали македонските компании сакаат капитал: Проект за поттикнување на пазарно финансирање на МБ и ЕБОР
Маја Столевска Костадинова
Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР
Маја Столевска Костадинова е регионален координатор за меѓународно советување во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде што е насочена кон поддршка на иницијативи со значајно влијание во земјите од Западен Балкан. Со повеќе од една деценија професионално искуство, нејзината експертиза опфаќа финансиски анализи, советодавни услуги и известување, придонесувајќи кон зајакнување на економската отпорност и унапредување на одржливиот развој.
Нејзиното професионално искуство е надополнето со меѓународно признати квалификации, меѓу кои ACCA, овластен внатрешен ревизор и сертификат за ESG инвестирање. Во рамки на својата работа во ЕБОР, таа им помага на компаниите и институциите полесно да се справат со сложените финансиски предизвици, да ги унапредат своите капацитети и да придонесат кон одржлив економски раст во пазарите во развој.
Slaven Kartelo
Партнер за пазари на капитал и сметководствено советување за Југоисточна Европа, PwC Croatia
Славен Картело е партнер во PwC Хрватска и Партнер за пазари на капитал и советодавни услуги во областа на сметководството за Југоисточна Европа, со повеќе од 23 години искуство во ревизија, финансиско известување и советување. Во својата улога советува компании во проекти поврзани со пазарите на капитал и го предводи развојот на ревизорските и финансиските советодавни услуги на PwC во Хрватска и Југоисточна Европа.
Својата кариера во PwC Хрватска ја започнал во 2002 година и во текот на своето професионално искуство работел со некои од најголемите компании и деловни групации во Хрватска и регионот. Поседува богато искуство во примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS), сложени сметководствени прашања, системи на интерни контроли и корпоративно известување. Член е на ACCA, овластен ревизор во Република Хрватска и сертифициран интерен ревизор (CIA).
Во последните години го предводи ESG тимот на PwC Хрватска, советувајќи компании за имплементација на Директивата на Европската Унија за корпоративно известување за одржливост (CSRD) и интегрирање на принципите на одржливост во нивните деловни стратегии. Активен е член на Хрватската ревизорска комора и редовно предава на стручни семинари и конференции, промовирајќи најдобри практики во финансиското известување, корпоративното управување и пазарите на капитал.
Робин Зимбаков
Сопственик , Солопром Скопје
Нина Мојсова Ќосева
Директор на Сектор Финансии, Иуте Македонија
Нина Мојсова Ќосева е Директор на Сектор Финансии на Иуте Македонија со повеќе од 15 години искуство во финансиски менаџмент, стратешко финансиско раководење, управување со актива и пасива, капитално планирање и стратегии за финансирање. Доктор е по економски науки од Краковскиот универзитет за економија во Полска. Одговорна е за финансиското управување, управувањето со капиталот, изворите на финансирање и стратегијата за финансирање на Иуте Македонија. Воедно е ко-основач и извршен директор на Balkan Economic Forum, регионална платформа посветена на економскиот развој, финансиската стабилност и регионалната соработка на Западен Балкан.
Каролина Каровска Божиноска
Директор на сектор, Македонска берза
Важноста на малите берзи во земјите во развој
Hüseyin Erkan
поранешен директор на Истанбулската берза и Светската Федерација на берзи
Hüseyin Erkan е поранешен Главен извршен директор на Светската федерација на берзи (WFE), на чие чело бил од 2012 до 2014 година. Претходно, од 2007 до 2012 година, бил Претседател и Главен извршен директор на Истанбулската берза.
Своето образование го започнува во Англија, а дипломира и магистрира економија и меѓународни финансии на Њујорк Универзитетот – Stern Business School. Кариерата ја започнува во приватниот сектор, а на пазарите на капитал работи од 1989 година.
Во Истанбулската берза се приклучува во 1994 година, каде што извршува различни раководни позиции, меѓу кои и Заменик главен извршен директор, до 2006 година. Бил член на Управниот одбор на Takasbank и активно вклучен во бројни меѓународни иницијативи, како што се IOSCO, WFE, FEAS, SECI и COMCEC, со фокус на развој на пазарите на капитал и регионална соработка.
Во 2012 година е назначен за Главен извршен директор на WFE, каде што раководи со организацијата до 2014 година.
Hüseyin е оженет и татко на две деца. Зборува англиски јазик.
István Máté-Tóth
Заменик главен извршен директор, Будимпештанска берза, Унгарија
Панел 2: Алтернативни извори на финансирање – искуства и перспективи
Владимир Пешевски
Советник на Премиер за економски прашања, Влада на РСМ
Владимир Пешевски е економски експерт со повеќе од три децении професионално искуство во областа на инвестициите, стратешкиот менаџмент, корпоративните финансии и економските политики. Својата кариера ја започнал во Македонската академија на науките и уметностите, каде што работел на истражувачки проекти од областа на енергетиката и одржливиот развој, а потоа стекнал значајно консултантско искуство преку проекти поддржани од УСАИД, советувајќи повеќе од 50 домашни компании
Во 1998 година станува генерален директор на СЕАФ Македонија, меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции, каде што успешно управувал со инвестиции и поддршка за развој на приватни компании во земјата. Подоцна ја презема функцијата генерален директор и партнер во СЕАФ Фондот за Јужен Балкан. Во периодот од 2009 до 2017 година ја извршувал функцијата вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија, каде што бил вклучен во креирањето и спроведувањето на економски политики и иницијативи за подобрување на деловното опкружување.
Владимир Пешевски има магистратура по деловна администрација (MBA) од Универзитетот во Шефилд, Англија. Во текот на својата кариера бил активен и во повеќе професионални организации и иницијативи поврзани со конкурентноста, претприемништвото и развојот на приватниот сектор.
Дејан Калиников
Генерален директор, СПМГ Цапитал
Г-динот Калиников има повеќе од 10 години искуство во инвестицискиот сектор, поточно во американскиот инвестициски фонд СЕАФ, каде што во моментот ја извршува и функцијата генерален директор на фондот СЕАФ Македонија II. Во периодот од 2009 до 2011 година, г-динот Калиников беше главен оперативен директор и член на бордот на директори на телекомуникацискиот оператор Оне и претседател на бордот на директори на Оне-то-Оне (поранешен Германос), членки на групацијата на Телеком Словенија во Македонија. Неговото долгогодишно професионално искуство вклучува работа во Lucent Technologies, Македонски Деловен Центар и во неколку компании од ИТ индустријата во Македонија. Тој е почесен член на бордот на директори на Американската Стопанска Комора во Македонија (извесно време бил и претседател на истиот борд). Г-динот Калиников бил член на Комисијата за котација при Македонската Берза на хартии од вредност, член на Националниот Комитет за претприемништво и иновации, бил член на работната група за креирање на Национална стратегија за информатичко општество на РМ, и е актуелен член на управниот одбор на Институтот за директори.
Г-динот Калиников има магистратура по деловна администрација со фокус на финансии и стратегија, стекната на Emory универзитетот во САД, како и диплома на инженер по електротехника во доменот на информатички технологии од Електротехничкиот Факултет при УКИМ, Скопје. Тој течно го говори англискиот јазик како и словенските јазици кои се зборуваат на Балканот.
Igor Cicak
Основач и CEO, Provectus Capital Partners
Игор е одговорен за целокупната стратегија и управувањето со Provectus. Како претседател на Инвестицискиот комитет, тој го предводи процесот на креирање на инвестициското портфолио на компанијата и учествува во дефинирањето на стратешката насока за различните инвестиции на Provectus.
Пред основањето на Provectus, Игор беше главен извршен директор на Provectus Capital, специјализирана инвестициска компанија за спојувања и превземања (M&A) со фокус на Југоисточна Европа. Воедно, тој е коосновач и претседател на Надзорниот одбор на Optimapharm, водечка европска организација за клинички истражувања, која во 2020 година беше продадена на глобален private equity фонд. Претходно, Игор извршувал високи извршни и раководни позиции во домашни и меѓународни банки, како и во големи компании.
Игор дипломирал на Економскиот и деловен факултет во Загреб, ја завршил GMP програмата во Виена и Senior Executive Program на London Business School.
Rok Habinc
Партнер, Pan-Adria Partners
Pan-Adria Partners управува со процесот на прибирање средства за секторски неутрален venture фонд во вредност од 70 милиони евра. Фондот е насочен кон компании во рана фаза на раст, претежно од Словенија, кои развиваат производи или услуги со глобален потенцијал. Pan-Adria VentureOne инвестира од 0,5 до 3 милиони евра по компанија, со можност за дополнителни последователни инвестиции. Тимот на Pan-Adria располага со богато искуство во глобална B2B продажба и докажани резултати во успешно надминување на деловни предизвици и скалирање на компании.
Пред да ја основа Pan-Adria Partners, Рок беше ко-основач и партнер во STH Management – инвестициска група активна во различни индустрии, фондови и проекти во областа на недвижностите. Од 2010 година управува со venture фондот STH Ventures. Во текот на својата кариера извршувал раководни функции, вклучително и како генерален директор и сопственик на фабрика за машиноградба, како и извршни позиции во друштва за управување со фондови и компании од различни производствени индустрии. Исто така, има богато искуство во M&A проекти во секторите финансиски услуги, амбалажа, телекомуникации и информатички технологии. Покрај тоа, Рок е активен бизнис ангел и член на Одборот на Business Angels of Slovenia.
Рок е дипломиран електроинженер на Универзитетот во Љубљана, магистер по бизнис администрација (MBA) од Emory University во Атланта, САД, и носител на престижната CFA® професионална квалификација.
модератор: Иван Мишев
PWC Северна Македонија
Иван е правен експерт со повеќе од 15 години искуство во областа на регулативата за финансиски услуги и корпоративното право во Северна Македонија. Тој има магистратура по правни науки (LL.M.), положен правосуден испит и е член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од 2013 година. Пред да се приклучи на Адвокатското друштво Папазоски и Мишев, работел како правен советник во Македонска берза.
Неговата експертиза опфаќа регулатива од областа на финансиските услуги, вклучувајќи ги пазарите на капитал, хартиите од вредност, инвестициските фондови, банкарството, платежните услуги, регулативата за спречување перење пари и заштита на потрошувачите во финансискиот сектор. Иван учествувал во бројни проекти поврзани со развој и имплементација на финансиска регулатива, како и со спојувања и превземања (M&A), корпоративни преструктурирања, стратешки инвестиции и иницијативи за добро корпоративно управување. Во моментов ја извршува функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза.
Презентација AI и финансиските пазари
Филип Петровски
Извршен директор, Data Masters
Професионалец со долгогодишно искуство во областа на Data Architecture, Data Analysis and Modeling, Prediction Models и Data Warehousing. Искусен во сите делови од животниот циклус на Business Intelligence проект, почнувајќи од пред-продажба и бизнис анализа, до визуелизација на податоци и премин во производство. Горд на постојано подобрување во 5-те најважни точки на еден Data Scientist, а тоа се решавање на проблеми на податоци, програмерски начин на размислување, математика, визуелизација и комуникација.
Fireside chat „AI и финансиските пазари“
д-р Петре Ламески
Декан, ФИНКИ
Роден е 1985 година во Кавадарци. Во 2008 година дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Магистрирал на истиот факултет во 2010 година, со магистерска теза од областа на роботиката. Во текот на студирањето бил редовно на градуван за успешните студии. Од 2008 година работи на Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје како демонстратор. Неговите наставни обврски опфаќаат изведување вежби по предмети од областа на роботика, дистрибуирани компјутерски системи, вештачка интелигенција, алгоритми за анализа на податоци, информациони системи и мобилни информациони системи. Области од научно-истражувачки интерес му се машинска интелигенција и учење, интелигентни мобилни роботи, анализа на временски серии на податоци и когнитивни системи.
д-р Кирил Јовановски
Редовен професор, Економски факултет Скопје
Д-р Јовановски е редовен професор на Катедрата по финансии при Економскиот факултет во Скопје. Дипломирал на департманот Финансиски менаџмент во 2005 година, по што ја започнал својата професионална кариера во Стопанска банка АД Скопје, а потоа продолжил во Комерцијална банка АД Скопје, каде стекнал значајно искуство во областа на корпоративното и кредитното работење.
Во 2008 година ја започнува својата академска кариера како асистент по предмети од областа на финансиите, а во текот на годините напредува до редовен професор, со посебен фокус на финансиските пазари, банкарството и личните финансии. Активно учествува на бројни семинари, работилници, летни школи и стручни настани од областа на финансиите.
Д-р Јовановски е активно вклучен во значајни проекти поврзани со финансискиот сектор и развојот на пазарот на капитал во Северна Македонија. Во текот на својата кариера бил член на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност, Фондот за осигурување на депозити и Македонска берза АД Скопје, а од 2018 година е надворешен член на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.
Дигитални средства и токенизација: Трансформација на инвестициските пазари
Jai Waterman
Главен извршен директор, Blockstation
Џаи е искусен бизнис и технолошки лидер, кој во моментов ја извршува функцијата главен извршен директор (CEO) на Blockstation. Со повеќе од 22 години искуство во унапредување на деловните процеси и повеќе од 18 години искуство во развој на софтверски решенија за компании, Џаи е посветен на примена на флексибилни и целосни решенија кои им овозможуваат на регулираните институции поголема ефикасност, транспарентност и високо ниво на безбедност.
Неговиот иновативен пристап е насочен кон развој на решенија со потенцијал за трансформација на финансиската индустрија. Развојниот тим на Blockstation успешно ја имплементирал својата технологија кај берзи, депозитари, финансиски институции и регулатори, создавајќи иновативен екосистем за блокчејн технологија и дигитални средства. Решението на Blockstation овозможува токенизација на средства, нивно поставување на берза и пристап до нив од страна на пошироката јавност.
Пред да се приклучи на Blockstation, Џаи ја основал компанијата illions, развивајќи ERP cloud blockchain сметководствено решение, а исто така го креирал концептот Cross Company Automation – процес за автоматизација на внатрешна и надворешна размена на податоци помеѓу повеќе независни организации. Неговата посветеност кон развој на практични и иновативни технолошки решенија го позиционира како препознатлив лидер во областа на финансиските технологии.
Панел 4: Добри практики за корпоративно управување – норматива v.s. пракса
Орде Ѓорѓиоски
Директор на правни и општи работи, Витаминка АД Прилеп
Орде Ѓорѓиоски е Директор на правни и општи работи во Витаминка АД Прилеп и доцент по деловно право на Меѓународниот Славјански Универзитет. Тој е двапати доктор по науки – во областа на правото и на менаџментот, и има објавено над триесет научни трудови и две книги. Со над 15 години правна пракса, од кои 12 години на раководна позиција, тој е активен и во академската и во бизнис заедницата.
Ѓорѓиоски е член на бројни организации и управни одбори, вклучително и GS1 Македонија, Пакомак, Џудо федерацијата, Ротари клуб Прилеп и Здружението на корпоративни правници. Тој редовно учествува како панелист и предавач на конференции од областа на право, менаџмент и корпоративно управување, а неговата стручност е препознаена и во меѓународни иницијативи и обуки, вклучувајќи студиски престои и тренинзи во странство.
Горазд Поповски
Директор на Сектор за правни работи, Стопанска банка Скопје
Горазд Поповски е директор на Секторот за правни работи во Стопанска банка АД Скопје, каде што е одговорен за сите правни прашања. Моментално е и претседател на Правната комисија при Македонската банкарска асоцијација.
Тој поседува обемно искуство во областа на правото, со посебна експертиза во банкарско право, трговско право, граѓанско право, проценка на правен ризик и прашања поврзани со обезбедување на побарувања. Има значително искуство во водење и следење на комплексни комерцијални предмети со висока финансиска вредност.
Горазд Поповски редовно соработува со меѓународни банки, особено со Националната банка на Грција (NBG), која е доминантен акционер на Стопанска банка АД Скопје. Се одликува со одлични истражувачки, писмени и усни комуникациски вештини.
Тихомир Касапинов
ESG координатор, Менаџер за управување со менаџмент системи и Проектен менаџмент, Винарска Визба Тиквеш
Тихомир Касапинов денес работи како ESG координатор, Менаџер за управување со менаџмент системи и Проектен менаџмент во Винарска Визба ТИКВЕШ АД - Кавадарци. Својата професионална кариера ја започнува во 2004 година како Машински инженер и Проектен менаџер во ВВ Тиквеш АД Кавадарци. Дипломиран на Машински Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, има положено Проект менаџмент, испит за Енергетски Менаџер, а посетувал и бројни домашни и странски обуки од областа на корпоративното управување, одржлив развој, менаџмент системи за управување, менаџирање со високо ефективни тимови, проценка на инвестиции. Координатор и водител на тимот за изработка и постигнување на целите за ESG стратегијата на компанијата.
Учествувал како говорник и презентер на домашни конференции на теми поврзани со одржлив развој, ESG,корпоративно управување. Практичното и теоретско знаење имал можност да го пренесе на студенти на повеќе факултети и средни школи во склоп на програмите за дуално образование.
модератор: Зорица Асенова,
Главен правен советник, Македонска берза
М-р Зорица Асенова денес работи како Правен советник во Македонска Берза АД Скопје почнувајќи од април 2018 година, а својата професионална кариера ја започна и градеше работејќи во Комисијата за хартии од вредност на РСМ од 2004 година. Дипломираше и магистрираше на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, има положено правосуден испит, испит за работа со хартии од вредност и испит за инвестиционо советување, а посетувала и бројни домашни и странски обуки и конференции од областа на корпоративното управување, преземање на акционерски друштва, издавање и тргување со финансиски инструменти, инвестициски фондови како и други обуки од областа на административното, деловното право и финансиското право. Преку учеството во работата на работни групи за изработка на закони од областа на пазарот на капитал и на работните групи за подготовка на Национална програма за усвојување на правото на ЕУ, се стекнува со широки познавања на легислативата на ЕУ во областа на финансиските услуги и со можноста да учествува во процесот на нејзиното транспонирање во македонското законодавство. Практичното и теоретско знаење имала можност да го пренесе на студенти, како и на пошироката стручна јавност, предавајќи на бројни обуки и конференции во земјата и во странство.
- Конференцијата ќе се реализира двојазично, на македонски и англиски јазик.
- Организаторот обезбедува симултан превод во текот на целата конференција.
- Конференцијата ќе се одржи во хотелот Метропол Охрид.
Котизација за учество
Котизација за учество на конференцијата: 9.000 денари + ДДВ
Котизацијата вклучува:
- учество на конференцијата, конференциски материјали, ручек, пауза за кафе и коктел.
Котизацијата не вклучува:
- сместување и превоз до Охрид и други трошоци.
Попусти за групи
- Доколу се пријават 3 лица од иста компанија/институција: -10%
- Доколу се пријават 4 или 5 лица од иста компанија/институција:-20%
- Доколу се пријават над 5 лица од иста компанија/институција: -30%
-Специјален попуст за високообразовни инстуитуции: –50%
- Специјален попуст за студенти: –70%
- Бесплатно учество за претставници на компаниите членки на БУМ клубот
Македонска берза АД Скопје
Жиро сметка за уплата на котизацијата: 300-0000032408-06 Комерцијална банка АД Скопје;
За сместување на учесниците, Македонска берза АД Скопје изврши предрезервација на еднокреветни и дво/трокреветни соби во хотел Метропол Охрид. и хотел Белви Охрид, под следните услови:
| Цени на база ноќевање со појадок | Еднокреветна соба | Двокреветна соба | Трокреветна соба |
|---|---|---|---|
| Хотел Метропол и Хотел Белви | 72 ЕВРА на ден | 92 ЕВРА на ден | 124 ЕВРА на ден |
| Цени на база полупансион | Еднокреветна соба | Двокреветна соба | Трокреветна соба |
|---|---|---|---|
| Хотел Метропол и Хотел Белви | 84 ЕВРА на ден | 116 ЕВРА на ден | 156 ЕВРА на ден |
| Цени на база полн пансион | Еднокреветна соба | Двокреветна соба | Трокреветна соба |
|---|---|---|---|
| Хотел Метропол и Хотел Белви | 96 ЕВРА на ден | 140 ЕВРА на ден | 189 ЕВРА на ден |
Цените се бруто, по соба, со вклучена туристичка такса и ДДВ.
РЕЗЕРВАЦИЈАТА НА ХОТЕЛСКОТО СМЕСТУВАЊЕ СЕ ВРШИ ДИРЕКТНО ВО ХОТЕЛ МЕТРОПОЛ И ХОТЕЛ БЕЛВИ СО НАГЛАСОК ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА
Плаќањето за хотелското сместување се врши од страна на учесниците на конференцијата. При регистрација во хотелот ве молиме да нагласите каков тип на сместување ќе користите (ноќевање со појадок или полупансион). Плаќањето е во денарска противвредност. Во цената е вклучен ДДВ.
Бројот на учесници на конференцијата е ограничен. За откажувањата примени заклучно со 1 Септември 2026 година се рефундира 50% од котизацијата. За откажувањата примени по 1 Септември 2026 година не се врши рефундирање на котизацијата. Македонска берза го задржува правото на промена на програмата без најава.
Доколку го регистрирате Вашето учество на конференцијата до 01.09.2026, ќе добиете персонализирана ID картичка со Вашето име, презиме и организација. За лицата кои ќе регистрираат учество по 01.09.2026, не може да биде гарантирана персонализирана ID картичка.