20 годишна конференција на Македонска Берза

Преостанато време до конференција :

 

Програма на конференцијата
Четврток , 28 Март 2019
20:30 
Коктел за добредојде 
Петок, 29 Март 2019
08:30 - 09:30 
Регистрација на учесниците, хотел Метропол, фоаје 
09:30-10:00 

Воведни говори 

Зоран Заев
Претседател, Влада на Република Северна Македонија

Нора Алити
Претседател, Комисија за хартии од вредност 

Иван Штериев
Главен извршен директор, Македонска берза

 
Специјална презентација
10:00-10:30 

Геополитика на Западен Балкан - што да очекуваат инвеститорите?
Florian Bieber

Директор, Centre for Southeast European Studies at the University of Graz, Austria

10:30 - 10:45 

Пауза за кафе

Поддржана од пријателите :

 
Панел 1: Финансирање на корпоративниот развој
10:45 - 12:30 

Peter Righi
Global Director, CEED Global

Дејан Калиников
Извршен директор, СЕАФ Македонија

Tiziano Giovannetti
Директор, Fintel Energija (First Serbian IPO)

Ivana Gažić
Претседател на Управниот одбор, Zagreb Stock Exchange

Lars Olofsson
Извршен директор, Prio Startup LTD, Шведска

 
Специјални презентации
12:30 - 13:10 

Зошто ни се потребни локалните берзи?
Tomas Carruthers

Главен извршен директор, Project Heather -Scottish Stock Exchange

Спојувања и преземања кај финансиските институции во регионот на ЈИЕ
Jošt Dolničar

Член на Управниот одбор, Сава Реосигурување

13:10 - 13:30 

Пауза за кафе

Поддржана од пријателите :

 
Панел 2:   2019 - Година на обврзници!
13:30 - 14:45 

Владислав Хаџидинев
Член на Управен одбор и Извршен директор, УНИ Банка

Дејан Николовски
Раководител на Сектор за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг, Министерство за финансии 

Петар Трпески
Директор на сектор за управување со корпоративни клиенти, Шпаркасе банка Македонија

Jim Turnbull
Помошник Директор, Debt Capital Markets - Local Currency and Capital Markets Development, EBRD

14:45 - 16:00 
Пауза за ручек
16:00 - 16:15 
Доделување на награди 


"Кристално ѕвоно" - за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2018 година

Награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2018 година

 
Trending ...
16:15 

Модератор на конференцијата  

Игор Петрoвски, Капитал 
19:30 
Вечера 
22:00 
Забавен програм: Cuba Libre Beach, Охрид

ПАНЕЛ 1: ФИНАНСИРАЊЕ НА РАЗВОЈОТ

Македонските компании кои имаат солидни бизниси и стабилен развој главно се насочени кон финансирање на своите развојни проекти преку банките. Примарниот пазар на хартии од вредност кај нас никогаш не доживеа посебна експанзија. Вистински иницијални јавни понуди, проследени со трансформација на приватните во јавни акционерски друштва сѐ уште не се регистрирани. Во нашето соседство пак, на Белградската берза, по речиси 80 години се случи првата IPO. Кои се предизвиците со кои се соочува компанијата при подготовката на IPO-то. Какво е влијанието на традиционалниот развоен образец на компаниите, нивните животни циклуси врз одлуките да излезат на пазарот со нови емисии за докапитализација со цел финансирање на нови проекти и иден поекспанзивен развој? Зошто нема иницијални јавни понуди кај нас? Како продолжение на дискусијата, своето искуство од вложувањето во млади компании и растењето на истите со нас ќе го сподели гостинот од Шведска кој неодамна регистрира своја компанија во Македонија

 
 

Говорници :
 
PetarR

Peter Righi

Global Director,CEED Global

 

Peter Righi е ко-основач и глобален директор на CEED, со повеќе од 14 годишно искуство работејќи на економскиот развој и растот на приватниот сектор во земјите во развој. Пред основањето на CEED, Peter го водеше секторот за деловен развој во SEAF, кој спроведуваше директни консултации и техничка помош за сите портфолио компании на SEAF. Работел директно со фирми кои инвестираат да ги развијат и продаваат производите и услугите со додадена вредност на западните извозни пазари. Дипломирал на Middlebury College and American University’s School of International Service, со фокус на меѓународната економија и развој. Зборува течно шпански и има познавање на францускиот јазик.

 
DejanK

Дејан Калиников

Извршен директор на СЕАФ Македонија

 

Дејан Калиников е генерален директор на американскиот инвестициски фонд СЕАФ Македонија и генерален директор на македонското друштво за управување со фондови СПМГ Капитал. Во периодот од 2009 до 2011 година, Дејан беше главен оперативен директор и член на бордот на директори на телекомуникацискиот оператор Оне и претседател на бордот на директори на Оне то Оне (поранешен Германос), членки на групацијата на Телеком Словенија во Македонија. Дејан има магистратура по деловна администрација со фокус на финансии и стратегија, стекната на Emory универзитетот во САД, како и диплома на инженер по електротехника од Електротехничкиот Факултет при УКИМ, Скопје. Неговото професионално искуство вклучува работа во Lucent Technologies, Македонски Деловен Центар, и во неколку компании од ИТ индустријата во Македонија.

 
Tizi

Tiziano Giovannetti

Director, Fintel Energija

 

Tiziano Giovannetti е генерален директор на компанијата од 2007 година, а од април 2018 година е член на Одборот на директори и извршен директор на Друштвото. Има долгогодишно искуство во развојот на проекти за ветерна енергија и е генерален менаџер на следните компании: MK-Fintel Wind a.d. Белград, МК-Финтел Ветер Холдинг д.о.о. Белград, Ветропарка Кула д.о.о. Белград и Енергобалкан д.о.о. Белград. Во Република Италија, тој е основач, член на Одборот на директори и извршен директор на Fintel Energia Group S.P.A, додека Agroenergie Agricola SRL е претседател на Одборот на директори. Во компаниите GIGA S.R.L., MinIeolica Marchigiana S.R.L., Bore Chienti S.R.L., Pollenza sole S.R.L. и Civita Energy SRL, Energogreen Renewables S.R.L. и Fintel Gas e luce SRL, ги извршува функциите на извршниот директор. 

 
IvanaG

Ivana Gažić

Претседател на Управниот одбор на Загрепска берза

 

Ја започна својата кариера во 1998 година во Pliva Plc., како Раководител на секторот за операции на пазарот на капитал. Од 2005 г. Работела како Раководител на проект и асистент на Извршниот директор. Во 2005 година Ивана се приклучи на Société Générale - Splitska Bank Plc. каде што работела како заменик раководител на корпоративниот сектор и раководител на одделот за финансии. Во 2007 година ја продолжи кариерата во Hypo Alpe-Adria-Bank Plc. на позицијата Извршен директор во Одделот за инвестициско банкарство. Од мај 2010 година, е претседател на Управниот одбор на Загрепската берза. Ивана е претседател на надзорниот одбор на SEE LINK Skopje, компанија основана од Бугарската, Македонската и Загрепската берза, основана за креирање на техничко решение електронски систем за прекугранично пренасочување на налозите за тргување. По преземањето на Љубљанската берза кон крајот на 2015 година, таа е и претседател на нејзиниот надзорен одбор. Таа e говорник, предавач и учесник на бројни конференции на тема банкарство, финансии и пазари на капитал.

 
Lars

Lars Olofsson

Извршен директор, Prio Startup LTD, Шведска

 

Lars Olofsson е магистер по право и има МБА од Универзитетот Лунд, Шведска. Ја извршувал функцијата Извршен директор на EXPERT LTD Sweden и EXPERT Int. AG Schweiz. Ја основал комапнијата Prio Startup LTD во 1990 година, со неа помогнал на над 700 компании од сите големини и дејности, ширум светот за развој на нивниот бизнис. Сега се фокусира на start up компании, вклучувајќи инвестиции и развој на бизнисот согласно програмата за поддршка на Prio Startup. Исто така е и член на одборот на директори на здружението на мали и средни претпријатија (SME) во Шведска.

   

Специјална презентација

Геополитика на Западен Балкан - што да очекуваат инвеститорите?

 
 

Говорник :
 
VladislavH

Florian Bieber

Директор, Центар за студии од Југоисточна Европа , Универзитет во Грац

 

Florian Bieber е политички научник и историчар кој работи на меѓуетнички односи, етнички конфликт и национализам, фокусирајќи се на Југоисточна Европа. Тој е професор по историја и политика на Југоисточна Европа и директор на Центарот за студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац. Го координира Балканот во Советодавната група за политиката на Европа. Тој исто така е визитинг професор на студиите за Национализам на Централноевропскиот универзитет и го уредува дневниот весник Современа Југоисточна Европа. Студирал на колеџот Тринити (САД), Универзитетот во Виена и Централноевропскиот универзитет (Унгарија). Магистрирал политички науки и историја и докторирал политички науки на Универзитетот во Виена, како и мастер на студиите за Југоисточна Европа од Централноевропскиот универзитет (Будимпешта).

   

ПАНЕЛ 2:   2019 - ГОДИНА НА ОБВРЗНИЦИ!

Дали 2019 година за Македонската берза е година на обврзниците? Дали фактот што континуираните државни обврзници започнаа да котираат на Македонската берза, во Декември, минатата година претставува нов квалитет за овој инструмент како и поголем интерес на инвеститорите за вложување во него? Како Македонската берза, по две децении, ја доби првата котација на корпоративни обврзници? Зошто домашните банки неодамна издадоа нови обврзници (една перпетуална и една конвертибилна)? Која е стратешката визија и искуство на ЕБРД, во земјите во кои работат, за оваа тема, земајќи ги во предвид нивните активности за развој на иновативни производи, особено инструменти со фиксен приход?

 
 

Говорници :
 
VladislavH

Владислав Хаџидинев

Главен директор за финансии (CFO),Член на Управниот одбор и Извршен директор

 

Се приклучува на Банката во 2015 година како Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје, а со новата Организациона структура во Мај 2016 година Хаџидинев е избран и именуван за Главен директор за финансии, Член на Управниот одбор и Извршен директор. Пред тоа г-дин Хаџидинев беше дел од Прва Инвестициона Банка АД Софија, Бугарска Народна Банка и Адви Корп во Лондон. Во неговата кариера има работно искуство во Приватното Банкарство, Управување со инвестициско портфолио и трговија со хартии од вредност. Одговорноста на г-дин Владислав Хаџидинев во рамките на Банката е поврзана со работењето на Одделението за управување со ризици, управувањето со нефункционалните кредити, одделот за жалби, оддел за финансии и сметководство, Одделението за информатичка технологија, Одделот за кредит и Секторот за трезорско работење и хартии од вредност.

 
DejanN

Дејан Николовски

Раководител на Одделот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг

 

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот 'Свети Кирил и Методиј' во Скопје. Тој е дел од Министерството за финансии од 2005 година, најпрво како Соработник во Одделение за задолжување и инвестирање (Front office), потоа како Раководител на истото одделение, а од 2011 година е Раководител на Одделот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг. Дејан, во својата кариера учествувал на повеќе семинари и работилници на теми како што се финансиските пазари, финансиските инструменти и управувањето со долгови.

 
PetarT

Петар Трпески

Директор на Одделот за корпоративно управување со клиенти, Sprakasse Bank Macedonia

 

Дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, а магистрирал финансии на City College, Sheffield University, Thessaloniki. Својата кариера ја започнал во Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, бил Ивршен директор на Ауктор&Хита Брокери АД Скопје, потоа работел во Стопанска банка како раководител на секторот за продажба и мрежа на филијали. Од 2014 година работи во Шпаркасе банка, а од 2017 година е Директор на Одделот за корпоративно управување со клиенти.

 
JimT

Jim Turnbull

Associate Director, Debt Capital Markets - Local Currency and Capital Markets Development (LC2), EBRD

 

Оваа функција ја извршува од 2011 година, кога и се приклучил на ЕБРД. Покрај тоа ги координира ѝ активностите на LC2 тимот во Бугарија, Романија, Грција, Кипар, Турција и Балканот. Има повеќе од 30 години искуство во инвестициско банкарство и управување со средства, како и искуство во управување со девизнa и деривативна изложеност и на новите и на развиените пазари. Како извршен директор на Triarii Advisors, Jim беше и независен советник на неколку хеџ фондови специјализирани за инвестирање во пазарите во развој. Тој, моментално е дел од одборот на директори на Централниот депозитар на Романија.

   

Специјални презентации

 

Презентација 1 : Зошто ни се потребни локалните берзи?

 
Tomas

Tomas Carruthers

Главен извршен директор, Project Heather -Scottish Stock Exchange

 

Tomás Carruthers го започна проектот „Heather“ како платформа за напредок на социјалните финансии, идеја која ја разви додека беше извршен директор на Social Stock Exchange. Со своето 25 годишно искуство и репутација на пионер во својата област, Tomás се осврнува на претходните претприемачки успеси, вклучувајќи ја и функцијата на извршниот директор на Interactive Investor. Како препознатлив водечки лидер во секторот за социјално и етичко финансирање, Tomás е познато име на глобалната сцена, говорејќи на повеќе од 80 настани и претседава со повеќе работни групи во ОЕЦД. Се образувал во Њукасл, Единбург и Кембриџ, каде што исто така помогнал да започне Electronic Share Information, првата веб-страница која ги објавува цените на акциите во 1994 година. Тој е оженет, живее во Единбург и ужива во цртање и калиграфија

 

Презентација 2 : Спојувања и преземања кај финансиските институции во регионот на ЈИЕ

 
Jost

Jošt Dolničar

Член на Управниот одбор, Сава Реосигурување

 

Jošt Dolničar е дел од Сава Реосигурување од 2006 година како Стручен соработник одговорен за управување со подружниците., а од декември 2008 година како член на Управниот одбор одговорен за поддршка на подружниците на групацијата, управување со ризици, актуарски процеси и IT. Пред да се приклучи на Сава реосигурување, Jošt Dolničar работел во Групацијата Триглав, каде ја извршувал функцијата Извршен директор на неживотно осигурување. Jošt дипломирал право на Универзитетот во Љубљана. Активно се занимава со спорт и е дел од Словенскиот олимписки комитет.

 
ДЕТАЛИ ЗА УЧЕСТВО
  • Конференцијата ќе се реализира двојазично, на македонски и англиски јазик.
  • Организаторот обезбедува симултан превод во текот на целата конференција.
  • Конференцијата ќе се одржи во хотелот Метропол во Охрид.


Котизација за учество

За уплатена котизација заклучно со 15 Март 2019 година: 5.500 денари (со вклучен ДДВ)
За уплатена котизација по 15 Март 2019 година: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Котизацијата вклучува:
- учество на конференцијата, конференциски материјали, пауза за кафе, коктел.

Котизацијата не вклучува:
- сместување и превоз до Охрид и други трошоци.


Попусти за групи

- Доколу се пријават 3 лица од иста компанија/институција:  -10%

- Доколу се пријават 4 или 5 лица од иста компанија/институција:  -20%

- Доколу се пријават над 5 лица од иста компанија/институција:  -30%


Детали за уплата:

Македонска берза АД Скопје
Жиро сметка за уплата на котизацијата: 300-0000032408-06 Комерцијална банка АД Скопје;


Организирано сместување на учесниците:

За сместување на учесниците, Македонска берза АД Скопје изврши резервација на еднокреветни и двокреветни соби во хотел Белви во Охрид, под следните услови:
 
  Еднокреветна соба   Двокреветна соба
Хотел Белви 3.020 МКД на ден 2.150 МКД на ден
 

 

Цените се на база полн пансион. Плаќањето за хотелското сместување се врши од страна на учесниците на конференцијата. Плаќањето е во денарска противвредност. Во цената е вклучен ДДВ. Резервација за хотелското сместување во наведениот хотел се врши исклучиво преку Македонска берза АД Скопје.


Напомена :

Бројот на учесници на конференцијата е ограничен. За откажувањата примени заклучно со 15 Март 2019 година се рефундира 50% од котизацијата. За откажувањата промени по 15 Март 2019 година не се врши рефундирање на котизацијата. Македонска берза го задржува правото на промена на програмата без најава.
.
 
 
 
 
Златен спонзор

Vitaminka

 
Сребрен спонзор

SavaO

SavaP

Uni

 
Спонзори

ESB

kbprvo

T-Home

Refinitiv

 
Медиумски покровител

Kapital