Оглас за вработување Систем Администратор

Македонска берза е организирана како приватно акционерско друштво со учество на домашните и странски физички и правни лица во сопственоста на компанијата, при што доминантни акционери се неколку банки. Берзата веќе 25 години е единствен оператор на македонскиот пазар на хартии од вредност и има за мисија постојан развојот на овој сегмент од финансискиот пазар.
Берзата располага и управува со развиен и хетероген ИТ систем преку којшто обезбедува транспарентен, безбеден, економичен и ефикасен пазар на хартии од вредност и испорака на највисок квалитет на услугите со цел да ги задоволи потребите на акционерските друштва, инвеститорите во хартии од вредност, брокерите и сите други стејкхолдери.
Електронскиот систем за тргување со хартии од вредност што го обезбедува и одржува Берзата овозможува запознавање со карактеристиките и перформансите на развиените системи за берзанско работење во меѓународни рамки и нуди можност и предизвик за континуирана професионална надградба и следење на најновите технологии во оваа област.

Опис на работата
Македонска берза е во потрага по Систем Администратор за да се приклучи на нашиот ИТ тим со цел квалитетно одржување на функционалностите на информациските системи на Берзата.

Систем Администратор 

1. Познавање од 

  • конфигурација, администрација и поддршка на Windows Server на разни апликациски сервери, домен контролер, backup, анти-вирусната политика и file server.
  • конфигурирање на IIS. 
  • виртуелизација на сервери со користење на VMWare
  • компјутерски мрежи вклучително и VPN
  • PaloAlto
  • Veeam Backup & Replication

2. Елементарни познавања од 

  • конфигурирање на хардвер, изведување на хардверски и софтверски инсталации и надградби, решавање на проблемите со HW / SW и решавање на секојдневни системски проблеми.
  • MS SQL Server (select, insert, update, stored procedures).

3. Креирање на техничка документација

4. Познавање на англиски јазик.

Покрај опишаните професионални предизвици нуди и стимулативни услови во поглед на плата.

Доколку сакате да бидете дел од тимот, Вашата биографија (CV) пратете ја на следниов e-mail: jobs@mse.org.mk

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на интервју.