22 годишна конференција на Македонска Берза

Преостанато време до конференција :

 

Програма на конференцијата
Вторник, 26 Септември 2023
20:30 
Прием за добредојде -хотел Белви Охрид
Среда, 27 Септември 2023
08:30 - 09:30 
Регистрација на учесниците, хотел Метропол Охрид
09:30 - 10:00 

Воведни говори

Fatmir Besimi
Министер за финансии на Република Северна Македонија

Nora Aliti
Претседател, Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија

Иван Штериев
Главен извршен директор, Македонска берза

 
Специјална презентација - Иднината на Северна Македонија во мултиполарниот свет
Поддржано од Амбасада на САД во Северна Македонија  
10:00-10:30

Marko Papic
Партнер и главен стратег, Clocktower Group


10:30 - 10:45 
Пауза за кафе
 
Панел 1: Што ни донесе 2023 година?
10:45 - 12:00 

Модератор на панелот
Иван Штериев

Главен извршен директор, Македонска берза

Сашо Арсов
Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Гоце Христов
Директор на финансии во Гранит АД Скопје

Вилма Учета Дузлевска
Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Хрватска

Васко Митев
Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје

Бранко Грегановиќ
Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка Скопје

 
Успешни проекти на членките на FEAS - идеи за иден развој на пазарите на капитал
12:00 - 12:20 

Konstantin Saroyan
Secretary General, Federation of Euro-Asian Stock Exchanges (FEAS)


 
Како понатаму да се развива Македонска берза
12:20 - 12:40 

György Dudás
Partner - Bourse Consult LLP, Велика Британија


 
Извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување
12:40 - 13:00 

Зорица Асенова
Правен советник, Македонска берза


13:00 - 14:30 
Пауза за ручек
 
Панел 2: Дигитализација, вештачката интелигенција и финансиски услуги
14:30 - 15:45 

Модератор на панелот
Александар Иљов
Директор на маркетинг и продажба, Халк Банка Скопје

Jacek Kubas
Head Of Digital Hub, EBRD

Даниел Даниловски
Менаџер за професионални услуги, Nextsence, Скопје

Matko Maravic
CEO, InterCapital Securities Ltd, Хрватска

Jovanka Lukic
Team Lead, Central Risk Management - Model Validation - Innovations and Projects, ABN AMRO Bank, Холандија

Киро Чадиковски
Директор на Дирекција за банкарски картички и платежни сметки, Комерцијална банка Скопје

 
Презентација на проектот Adria Digital Exchange
15:45 - 16:05 

Tomislav Gračan
Член на Управа, Загребска берза


 
Максимално ефикасно и продуктивно: Дигитална трансформација на работењето со далечинско потпишување
16:05 - 16:25 

Сузана Tасевска
Директор на дирекција за информатичка инфраструктура и телекомуникации, КИБС Скопје


 
Обезбедени обврзници
16:25 - 16:45 

Nikolay Bebov
Managing Partner, Co-Head, FS Law at Tsvetkova Bebov & Partners, member of Eversheds Sutherland, Бугарија


 
Социјален настан - поддржано од Лазар Винарија  Logo Lazar
17:30 

Дегустација на македонски вина и традиционални производи, со наградна игра


 
 
19:30
Вечера
22:00
Забава

ПАНЕЛ 1: Што ни донесе 2023 година?

Тековната 2023 година беше и е година полна со предизвици за економиите насекаде. Инфлација, раст на каматните стапки, импликации од старите и новите задолжувања на државниот и приватниот сектор во променетата реалност, фискални прилагодувања и новитети во многу јурисдикции, директни и индиректни последици од пандемијата и војната во Украина...На домашниот пазар на капитал започна со примена нов понеповолен даночен третман на капиталните добивки од инвестирање во хартии од вредност; монетарната политика е порестриктивна – како во делот на одредување на каматните стапки, така и во настојувањето за поголема капитална адекватност на банките; најави за воведување на солидарен данок...Што ни донесе 2023 година? – низ призма на корпоративниот и финансискиот сектор во Р. С. Македонија, односно академска анализа.

 

Модератор :
Ivan_Steriev

Иван Штериев

Главен извршен директор, Македонска берза

 


Говорници :
Saso_Arsov

Сашо Арсов

Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Сашо Арсов е роден 1971 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет, УКИМ во Скопје, а докторирал на истиот факултет во 2003 година. Во 2009 година се стекнал со звањето Сертифициран финансиски аналитичар (CFA). На Економскиот факултет работи од 1997 година, а од 2013 година е редовен професор. Предавал и на Graduate Center for Public Policy and Management “Macedonia”, University of Pittsburgh, USA, програма во Скопје (2005/6 година). Работел на повеќе проекти за потребите на Светската банка, UNDP, Европската комисија и други приватни и државни корисници. Во периодот 2008-2015 година бил член на Советот на Народната банка на РМ. Остварил студиски престои на BCID – Центарот за меѓународен развој во Брадфорд, ВБ, Универзитетот Фонтис во Ајндховен, Холандија, Универзитетот во Рејкјавик, Исланд и др. Неговиот научен интерес опфаќа: корпоративни финансии, финансиски пазари, меѓународни финансии, јавни проекти, проектен менаџмент и сл. Автор е на учебници по Финансиски менаџмент и Инвестициски менаџмент (коавтор).

Goce_Hristov

Гоце Христов

Директор на финансии во Гранит АД Скопје

Гоце Христов е роден 1976 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Економскиот Факултет во Скопје во областа на финансиско- сметководстениот менаџмент и сметководство и ревизија. Во периодот од 1998 година до 2020 година работел во друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје каде поминал низ сите скалила на професионална обука, за да од 2004 година се стекне со позиција Партнер за ревизија која успешно ја извршувал до 2020 година. Од 2020 година до денес ја извршува функцијата Директор на финансии во градежното друштво Гранит АД Скопје каде раководи со секојдневните финансиски и сметководствени активности на најголемата градежна компанија во Република Северна Македонија со повеќе од 1000 вработени. Поседува лиценца за овластен ревизор и овластен сметководител. Во неколку наврати обавувал функција на член на Одбор за ревизија во неколку банки во Република Северна Македонија, како и член на Надзорен Одбор на Сава Пензиско Друштво. Член е на Институт за овластени ревизори на Република Северна Македонија и моментално е Претседател на Комисија за контрола на квалитет при Институтот. Учествувал и предавал на семинари, обуки и конференци во земјата и надвор од неа во областите на финансиите, сметководството и ревизијата.

Vilma_Uceta_Duzleska

Вилма Учета Дузлевска

Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување

Вилма Учета Дузлевска дипломирала на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот СВ. Кирил и Методиј. Членка е на Одборот за осигурување на Стопанската комора на Македонија од 2012 година и членка на Стручниот бизнис свет на American College Skopje од 2014 година. Извршната директорка, после поминати два мандати на функција Главен извршен директор во Кроациа Осигурување – Живот АД, Скопје, и една година во Кроациа Осигурување – Друштво за неживотно осигурување АД Скопје, професионалниот ангажман го продолжува во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје. По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои 12 на главна извршна позиција, Надзорниот одбор на Триглав осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за претседател на Управниот одбор.

Vasko_Mitev

Васко Митев

Извршен директор, ИЛИРИКА Инвестментс Скопје

Васко Митев е Претседател на Одборот на директори на Вега фондови АД Скопје. Оваа функција ја извршува од формирање на Друштвото. Тој е експерт во брокерската индустрија, токму како брокер во Комерцијална Банка ја започнува својата професионална кариера. Од 2008 година тековно до денес работи како Извршен директор на Илирика Инвестмент АД Скопје. Присуствувал на бројни регионални семинари и конференции а посетувал и завршил различни обуки во земјите од Југоисточа Европа за Инвестициско банкарство, Корпоративни финансии, M&A и due diligence. Тој е учесник и предавач на повеќе семинари и конференции организирани од КХВ, Македонска Берза и Стопанската комора каде се има стекнато со уверение за работа со хартии од вредност, уверение и меѓународни лиценца за инвестициски советник. Тој е дипломиран економист, на отсекот-финансиски менаџмент.

Branko_Greganovic

Бранко Грегановиќ

Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка Скопје

Бранко Грегановиќ е претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Грегановиќ има диплома по економија и два одбранети магистерски труда, едниот по економија на Економскиот факултет во Љубљана, другиот по менаџмент на Лондонската бизнис школа и повеќе од 30 години регионално и меѓународно искуство во банкарскиот, корпоративниот и јавниот сектор. Почетоците на неговата кариера се врзани за работа во државни институции, во централната банка на Словенија, а подоцна и во Министерството за финансии, каде од функцијата државен потсекретар е задолжен и за управување со јавни долгови и гаранциите на државата. Кон крајот на 90-те години Грегановиќ поминува во приватен сектор. По години поминати на водечки позиции во Сосиете Женерал Банка Словенија, Хипо Алпе-Адриа Банка во Австрија, Групацијата Дрога Колинска, но и како самостоен советник од областа на корпоративните финансии, спојувања и аквизиции и финансиско преструктуирање, во 2014 година Грегановиќ доаѓа на чело на НЛБ Банка Белград, каде цели седум години ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прераснува во профитабилна и препознаена финансиска институција со забрзан раст на годишно ниво од 15 до 20 отсто. Ваквите резултати на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и го отвораат патот за аквизиција на една од водечките српски банки- Комерцијална банка Белград, во декември 2020 година.

Специјална презентација

 

Дали ЕУ членството е возможна мисија?


Говорници :
Foreign_Speaker

Marko Papic

Партнер и главен стратег
Clocktower Group

Марко е партнер и главен стратег во Clocktower Group, фирма за управување со алтернативни инвестиции со седиште во Санта Моника, Калифорнија. Тој го води Стратешкиот тим на фирмата, обезбедувајќи истражувања согласно барањата на клиентите и партнерите за геополитика, макроекономија и пазари.

Пред да се приклучи на фирмата, Марко ја основал BCA Research’s Geopolitical Strategy practice (GPS) во 2012 година, првата посветена инвестициска стратегија за политичка анализа на финансиската индустрија. Услугата GPS генерира геополитичка алфа со идентификување на јазот помеѓу политичките очекувања на пазарот и очекувањата на компаниите. Марко бил виш потпретседател и главен геополитички стратег на фирмата.

Марко ја започнал својата кариера како виш аналитичар во Стратфор, глобална разузнавачка агенција каде придонесе за глобалната геополитичка стратегија на фирмата, како и за нејзината програма за регрутирање и обука на аналитичари. Во својата академска работа, тој помогна во создавањето на Центарот за студии на Европската унија на Универзитетот во Тексас во Остин. Марко е магистер по политички науки на Универзитетот во Тексас во Остин и магистер на Универзитетот во Британска Колумбија.

Тој е автор на Geopolitical Alpha: An Investment Framework for Predicting the Future, книга која ја претставува неговата рамка заснована на ограничувања на инвеститорите. Роден е во Белград, Србија, но живеел во Ирак, Јордан, Швајцарија, Канада и САД.

Специјална презентација

 

Успешни проекти на членките на FEAS - идеи за иден развој на пазарите на капитал


Говорник :
Konstantin_Saroyan

Konstantin Saroyan

Secretary General, Federation of Euro-Asian Stock Exchanges (FEAS)

Д-р Константин Саројан е генерален секретар на Федерацијата на евро-азиски берзи, каде што управува со мултикултурна средина на различни берзи членки и централни депозитари за хартии од вредност кои ги покриваат Европа, Азија и Медитеранскиот басен. Како член на одборот на Ерменскиот институт на директори, Константин ја придонесува својата енергија и знаење за развојот на корпоративното управување во регионот. Константин е ко-основач на клубот на инвестициски банкари во Ерменија и член на одборот на Фондот за рурален економски развој на Ерменија. Константин има диплома - доктор по економија и е дополнителен професор на Фондацијата Француски универзитет во Ерменија.

Специјална презентација

 

Како понатаму да се развива Македонска берза


Говорник :
György_Dudás

György Dudás

Partner - Bourse Consult LLP

Ѓерги има повеќе од две децении искуство во инфраструктурата на финансискиот пазар. Работел за КЕЛЕР, унгарската ЦСД и ККП 22 години и бил извршен директор 14 години. Ѓерги бил потпретседател на ECSDA (Европска асоцијација CSD, 2006-2017) и тој бил вклучен во развојот на регулаторниот и инфраструктурниот режим на ЕУ за пост-трговска инфраструктура. Ѓерги имал извршни и неизвршни позиции за време и по неговите години во КЕЛЕР. Тој ја напуштил KELER Group во Q2 2017 година и оттогаш работи како консултант специјализиран за посттрговска инфраструктура. Тој се приклучил на Bourse Consult како партнер во 2019 година. Ѓерги има магистерска диплома по финансии на Универзитетот Корвинус од Будимпешта. Во моментов е член на Унгарската економска асоцијација и е член на кураторското тело на локалната невладина фондација која го промовира развојот на граѓанското општество.

Специјална презентација

 

Извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување


Говорник :
Zorica_Asenova

Зорица Асенова

Правен советник, Македонска берза АД Скопје

М-р Зорица Асенова денес работи како Правен советник во Македонска Берза АД Скопје почнувајќи од април 2018 година, а својата професионална кариера ја започна и градеше работејќи во Комисијата за хартии од вредност на РСМ од 2004 година. Дипломираше и магистрираше на Правниот Факултет „Јустинијан Први„ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, има положено правосуден испит, испит за работа со хартии од вредност и испит за инвестиционо советување, а посетувала и бројни домашни и странски обуки и конференции од областа на корпоративното управување, преземање на акционерски друштва, издавање и тргување со финансиски инструменти, инвестициски фондови како и други обуки од областа на административното, деловното право и финансиското право. Преку учеството во работата на работни групи за изработка на закони од областа на пазарот на капитал и на работните групи за подготовка на Национална програма за усвојување на правото на ЕУ, се стекнува со широки познавања на легислативата на ЕУ во областа на финансиските услуги и со можноста да учествува во процесот на нејзиното транспонирање во македонското законодавство. Практичното и теоретско знаење имала можност да го пренесе на студенти, како и на пошироката стручна јавност, предавајќи на бројни обуки и конференции во земјата и во странство.

ПАНЕЛ 2: Дигитализација, вештачката интелигенција и финансиски услуги

Финансискиот сектор историски е еден од пионерите во примена на дигитализацијата. Токму финансиските посредници и берзите во светски рамки често биле носители на технолошките иновации. Современите финансиски услуги се незамисливи без нивно целосно или делумно дигитализирање. Доаѓањето на сцена на новите генерации Y и Z овие трендови уште повеќе ги зајакнува или ќе ги зајакне. Дополнително, брзиот експоненцијален развој на технологиите базирани на вештачката интелигенција во последниов период предизвикува ново значајно влијание во финансискиот сектор и претставува суштинска иновација, со сите повратни импликации што се очекуваат и/или предвидуваат поради ова. Јасно е дека технолошкиот пробив во областа на машинското учење и алгоритмите за учење со поддршка им овозможува на компјутерите и системите да ги извршуваат задачите што досега обично беа поврзани со човечката интелигенција. Што значи сето ова за сегашноста и иднината на финансиските услуги?

 

Модератор :
Aleksandar_Iljov

Александар Иљов

Директор на маркетинг и продажба, Халк Банка Скопје

 


Говорници :
Jacek_Kubas

Jacek Kubas

Head Of Digital – EBRD

Јацек Кубас е директор во лондонската канцеларија на Европската банка за обнова и развој, во тимот на ЕБОР за локална валута и пазари на капитал (LC2). Јацек е специјализиран за хартии од вредност, деривати и пазарна инфраструктура. За време на неговиот престој во ЕБОР, Јацек работел како советник на претседателот на ЕБОР со силен фокус на стратегија и развој на бизнисот. Неодамна, Јацек во соработка со берзите од Западен Балкан ја создаде SEE Link, платформа која ги интегрира берзите во Западен Балкан. Пред да се приклучи на ЕБОР, Јацек работеше во Одделот за финансиско право на Европската централна банка, Франкфурт; Германија, обезбедувајќи правен совет за спроведување на монетарната политика и мерки поврзани со кризата, и во канцеларијата на Allen & Overy LLP во Варшава. Јацек дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Гдањск, се здобил со диплома во Финансиски услуги од Правниот колеџ во Чикаго, Кент и диплома по право по меѓународна трговија на Европскиот институт за универзитетски студии во Торино, Италија.

Daniel_Danilovski

Даниел Даниловски

Менаџер за професионални услуги, Nextsence, Скопје

Даниел е менаџер за професионални услуги на Nextsense и експерт за доверливи услуги. Неговата посветеност на развојот на напредни технологии за подобрување на перформансите на организациите и нивната дигитална трансформација, резултираше со воведување на иновативни решенија и производи на Nextsense за дигитално потпишување и работа со е-документи. Со значајниот придонес на Даниел, Nextsense го разви портфолиото на производи и услуги за дигитално потпишување - Nextsense Signing Suite.

Неговите докажани експертски способности се рефлектираат во многубројните, успешно имплементирани решенија за дигитално потпишување, дигитализација и автоматизација на деловните процеси и позиционирање на Даниел како експерт за целосно безбедни решенија за обезбедување услуги за е-идентификација, автентикација и интегритет, во согласност со европската регулатива eIDAS.

Matko_Maravic

Matko Maravic

CEO, InterCapital Securities Ltd, Хрватска

Матко Маравиќ дипломирал финансии на Универзитетот во Мичиген, Бизнис Школата Стивен М. Рос во САД и магистер по финансиско право на Универзитетот Гете (Институт за право и финансии) во Германија. Својата професионална кариера ја започнал во 2008 година во Агрокор д.д. во одделот за стратегија и пазари на капитал каде првенствено работел на долгорочното финансирање на групацијата. Во 2010 година, Маравиќ се приклучува на Интеркапитал хартии од вредност д.o.o. како соработник во секторот за инвестиции од банкарството, во чии рамки раководел со проекти за финансирање на хрватскиот пазар на капитал и бизнис спојувања и превземања. На почетокот на 2016 година ја презел функцијата Претседател на Управниот одбор во чии рамки тој е првенствено одговорен за сопственото тргување, оддел за анализа и инвестициско банкарство. Матко Маравиќ е овластен брокер и инвестициски советник, а предава и како надворешен соработник на Загребската школа за економија и менаџмент.

Jovanka_Lukic

Jovanka Lukic

Team Lead, Central Risk Management - Model Validation - Innovations and Projects, ABN AMRO Bank

Јованка Лукиќ е раководител на тимот за валидација на модели за иновации и проекти во рамките на ABN AMRO Bank, Холандија. Тимот е одговорен за валидација на моделите на вештачка интелигенција што се користат во банката, климатскиот ризик, како и моделите IFRS9. Јованка се приклучила на ABN AMRO во 2012 година работејќи на полето на пазарен ризик. Пред да влезе во ABN AMRO, Јованка работела во енергетскиот сектор. Студирала физика и докторирала по статистичка механика на Универзитетот во Рим „Ла Сапиенца“. Работела неколку години како истражувач соработувајќи со различни универзитети во Франција, Германија и Шпанија.

Kiro_Cadikovski

Киро Чадиковски

Директор на Дирекција за банкарски картички и платежни сметки, Комерцијална банка Скопје

Киро Чадиковски има 25 години банкарско искуство, од кои преку 20 години на раководни позиции. Целото работно искуство го има стекнато во Комерцијална банка АД Скопје. Во моментов тој е на позиција Директор на Дирекција за банкарски картички и платежни сметки, директно одговорен за организација на работењето во доменот на платежните картички, платежните сметки на физички лица, како и сите нови технологии поврзани со нив, вклучително и електронското банкарство за физички лица. Покрај тоа, тој е одговорен и за развој на нови производи, дигитализација, развој на платни системи, нови канали на плаќање и слично.

Неговото формално техничко образнование стекнато на Електро-техничкиот Факултет во Скопје, магистерските студии по финансиски менаџмент, како и долгото банкарско искуство го прават еден од ретките експерти во нашата земја на полето на финтек индустијата, дигитализацијата, IoT, како двигател на развој на хибридни банкарски производи. Во текот на неговата кариера учествувал и оперативно ги водел сите проекти во Банката поврзани со развој и новитети во платежната индустрија, особено во делот на картички, проекти поврзани со MasterCard и VISA, но и други проекти за автоматизација и дигитализација на процеси, како и последниот проект за целосна дигитализаицја на Банката во делот за работа со население, со цел Комерцијална банка АД Скопје да стане првата целосно дигитална банка во земјата.

Презентации

 

Презентација на проектот Adria Digital Exchange

Tomislav_Gracan

Tomislav Gračan

член на Управа, Загребска берза

Томислав Грачан е член на Управниот одбор на Загребската берза од 2010 година. Работното искуство пред тоа вклучува водечки позиции во неколку компании (Загребачка банка д.д., Диоки д.д., ХВБ Лизинг Хрватска д.о.о., УниКредит лизинг Кроација д.а. d.o.o.), на работни места поврзани со обезбедување правна советодавна поддршка за менаџментот и во доменот на организациja и реструктуирање на трошоците. Својата кариера ја започнал во 1998 година како практикант во Општинскиот суд во Ѓурѓевац, каде по положувањето на правосуден испит продолжува да работи како судски советник. Завршил Executive MBA програма на Cotrugli Business School. Напишал две книги како и неколку стручни трудови од областа на правото и финансиите.

Презентација

 

Максимално ефикасно и продуктивно: Дигитална трансформација на работењето со далечинско потпишување

Suzana_Tasevska

Сузана Tасевска

Директор на дирекција за информатичка инфраструктура и телекомуникации, КИБС Скопје

Дипломиран инженер на Факултетот за електротехника и информациски технологии при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вработена во КИБС АД на позиција директор на дирекција за информатичка инфраструктура и телекомуникации.

Долгогодишно искуство во области на ИКТ како системско инженерство, бази на податоци, сигурност и заштита на информации, дигитални сертификати и инфраструктури со јавен клуч (PKI).

Учество во проекти во врска со дигитализација на работењето, платни системи и платежни услуги, давател на доверливи услуги за сертификати за електронски потписи, печати и временски жигови.

Презентација

 

Обезбедени обврзници

Nikolay_Bebov Nikolay Bebov

 

Managing Partner, Co-Head, FS Law at Tsvetkova Bebov & Partners, member of Eversheds Sutherland, Bulgaria

Николај е одговорен за бугарските правни аспекти на некои од најголемите трансакции на бугарските пазари на капитал и трансакции за спојување и преземање во финансискиот сектор. Тој, исто така, редовно ги советува клиентите за трансакции за спојување и преземање во финансискиот сектор, како и проекти во Северна Македонија, каде Николај работи заедно со искусни локални квалификувани адвокати. Николај редовно учествува како автор во специјализирани публикации како што се Меѓународното право и регулатива за хартии од вредност (за Бугарија), Меѓународното банкарско право и регулатива (за Бугарија и Северна Македонија), Преглед на практиката во спорови за хартии од вредност (Бугарија), Преглед на Законот за спојувања и аквизиции (Бугарија), како и многу други. Николај, исто така, има значително искуство во подготовката на законодавните акти - во Бугарија и Северна Македонија. Николај е член на Меѓународната адвокатска комора, Американската адвокатска комора, Адвокатската комора на државата Њујорк, Адвокатската комора на градот Њујорк и Федералната адвокатска комора.

ДЕТАЛИ ЗА УЧЕСТВО
  • Конференцијата ќе се реализира двојазично, на македонски и англиски јазик.
  • Организаторот обезбедува симултан превод во текот на целата конференција.
  • Конференцијата ќе се одржи во хотелот Метропол Охрид.


Котизација за учество

Котизација за учество на конференцијата: 6.900 денари + ДДВ
Котизацијата вклучува:
- учество на конференцијата, конференциски материјали, пауза за кафе, коктел.
Котизацијата не вклучува:
- сместување и превоз до Охрид и други трошоци.


Попусти за групи

- Доколу се пријават 3 лица од иста компанија/институција: -10%

- Доколу се пријават 4 или 5 лица од иста компанија/институција:-20%

- Доколу се пријават над 5 лица од иста компанија/институција: -30%


Детали за уплата:

Македонска берза АД Скопје
Жиро сметка за уплата на котизацијата: 300-0000032408-06 Комерцијална банка АД Скопје;


Организирано сместување на учесниците:

За сместување на учесниците, Македонска берза АД Скопје изврши резервација на еднокреветни и дво/трокреветни соби во хотел Метропол Охрид и хотел Белви Охрид, под следните услови:

Цени на база ноќевање со појадок

  Еднокреветна соба   Двокреветна соба
Хотел Метропол и Хотел Белви 56 ЕВРА по лице на ден 80 ЕВРА по лице на ден
 

Цени на база полупансион

  Еднокреветна соба   Двокреветна соба
Хотел Метропол и Хотел Белви 62 ЕВРА по лице на ден 92 ЕВРА по лице на ден


 

Цените се по соба, на ден, со вклучена туристичка такса и ДДВ

За само едно ноќевање, цената се зголемува за 5€ по лице



Плаќањето за хотелското сместување се врши од страна на учесниците на конференцијата. При регистрација во хотелот ве молиме да нагласите каков тип на сместување ќе користите (ноќевање со појадок или полупансион). Плаќањето е во денарска противвредност. Во цената е вклучен ДДВ.

РЕЗЕРВАЦИЈАТА НА ХОТЕЛСКОТО СМЕСТУВАЊЕ СЕ ВРШИ ДИРЕКТНО ВО ХОТЕЛ МЕТРОПОЛ И ХОТЕЛ БЕЛВИ СО НАГЛАСОК ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА



Напомена :

Бројот на учесници на конференцијата е ограничен. За откажувањата примени заклучно со 15 Септември 2023 година се рефундира 50% од котизацијата. За откажувањата примени по 15 Септември 2023 година не се врши рефундирање на котизацијата. Македонска берза го задржува правото на промена на програмата без најава.

 
 

РЕГИСТРИРАЈ СЕ

 
Спонзори

KIBS
Komercijalna
NLB
STB
triglav
EDS
Медиумски покровители

Bloomberg


Kapital
Pari.mk