Тркалезна маса на тема: ИДНАТА УЛОГА НА ПАЗАРИТЕ НА КАПИТАЛ ВО МАЛИ И ОТВОРЕНИ ЕКОНОМИИ

Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза организираат тркалезна маса на тема: „Идната улога на пазарите на  капитал во мали и отворени економии “. 


Тркалезната маса се организира во период на интензивна подготовка на новите законски  решенија од областа на пазарот на хартии од вредност што треба да бидат целосно усогласени со европските директиви и по иницирањето на определени промени во постојните нормативни решенија заради подобрување на амбиентот во кој функционира македонскиот пазар на хартии од вредност. Воедно, учеството на реномирани странски експерти од оваа област ќе овозможи интересна дискусија за перцепциите и плановите на странските инвеститори, меѓународните финансиски институции и поголемите регионални берзи и нивните размислувања и очекувања поврзани со идните трендови на регионалните пазари, вклучително и македонскиот.

Учесници на дебатата се:
Нора Алити, Претседател, Комисија за хартии од вредност 
Глигор Бишев, Претседател на Управен одбор, Шпаркасе банка Македонија
Владимир Филиповски, Професор, Економски факултет, Скопје
Henning Eßkuchen,  Head of CEE Equity Research, Erste Group Bank 
Ivana Gažić, President of the Management Board, Zagreb Stock Exchange
André Küüsvek, Director for Local Currency and Capital Markets Development, EBRD
Модератор: Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза

Настанот ќе се одржи на 02 Октомври 2019 (среда), во хотел Doubletree by Hilton Skopje, со почеток во 12.00 часот. По завршување на работниот дел следува коктел.

Настанот е од отворен карактер и љубезно ве молиме да го резервирате своето место на време бидејќи местата се ограничени. 

Регистрацијата може да ја потврдите на следниот линк.