.png)
Кирил Јовановски e вонреден професор по Финансиски пазари и институции и Лични финансии на катедрата по финансии во рамките на Економскиот факултет од Скопје, при Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на неговата професионална кариера има работено во повеќе домашни банки, каде се стекнува со богато искуство од областа на регулацијата и управувањето со финансиските институции, а особено на банките.
До денес има посетувано бројни домашни и странски семинари и конференции од областа на финансиските пазари, каде добива многу корисно практично и теоретско знаење. Дел од тоа знаење има прилика да го пренесе на своите студенти, но и на пошироката стручна јавност.
Денес е активен на сите позначајни проекти поврзани со финансискиот сектор (пазарот на капитал и банкарство), каде преку својата еспертиза допринесува за развојот на овој дел од македонската економија. Притоа бил член на одборот на директори во ЦДХВ, Фондот за осигурување на депозити, Македонска берза АД Скопје, а од 2018 година со мадат од 5 годнини од страна на СОбранието на РМ е избран за надворешен член на Комисијата за хартии од вредност на РМ.
This content is available only in Mecedonian.