Јавна берзанска аукција на акции издадени од Алта Банка АД Битола понудени од Народна Банка на РСМ
Thursday, November 26, 2026

Известуваме дека на 30.11.2026 година (Понеделник) по пат на јавна берзанска аукција, согласно Анекс 2 од Правилата за тргување на Македонска берза, ќе се нуди за продажба пакет од 372.742 обични акции од издавачот Алта Банка АД Битола понудени од страна на Народна банка на Република Северна Македонија, по моделот “се’ или ништо”.

Доколку на јавната берзанска аукција на 30.11.2026 година не биде склучена трансакција, аукцијата ќе продолжи во деновите 01.12, 02.12, 03.12, 04.12 и 07.12.2026 година.

Почетната продажна цена по која ќе се понуди за продажба пакетот од обични акции од издавачот Алта Банка АД Битола на 30.11.2026 година изнесува 3.777,00 денари за една акција, додека на секој нареден ден на одржување на јавната берзанска аукција во деновите 01.12, 02.12, 03.12, 04.12 и 07.12.2026 година, почетната продажна цена ќе биде намалувана за 10% во однос на цената од аукцијата одржана претходниот ден.

Внесот на куповните цени на јавната берзанска аукција за пакетот акции од издавачот Алта Банка АД Битола ќе се одвива во временски интервали од 14:15 до 15:15 часот.

Акциите понудени за продажба од страна на Народна банка на јавната берзанска аукција се нудат за плаќање во готово.

Посебни услови кои треба купувачите да ги исполнат е да имаат добиена претходна Согласност од Извршниот одбор на Народната банка за стекнување со својство на акционер со квалификувано учество во Банката согласно одредбите од Законот за банките и поднесена писмена Изјава дека ќе ги уплатат средствата за купување на акциите.

Порамнувањето на трансакциите ќе се изврши на вториот работен ден од денот на нивното склучување (Т+2).