Јавна опомена за друштвото Фабрика Карпош АД Скопје
петок, 03 април 2026

На друштвото Фабрика Карпош АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје,  му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.-31.12.2025 година во пропишаниот рок, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 3 од Правилата за котација.