Ве известуваме дека на ден 28.10.2025 година, Берзата изврши бришење на издавачите Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што постапката за преобразба на друштвата е завршена.
Издавачите Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица беа внесени на Листата на набљудување на 30.05.2022 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради донесени одлуки од собранието на акционери за преобразба во д.о.о. на друштвата.