Исклучување од котација на обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола
понеделник, 26 мај 2025

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 26.05.2025 година донесе одлука за исклучување од котација на обврзниците со шифра SNBTO,  издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола, поради стечај на друштвото. Обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Берзанска котација), почнувајќи од 27.05.2025 година (Вторник).

Воедно, поради исклучувањето од котација на обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола, друштвото ќе биде избришано и од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.