Долгорочна суспензија од котација на издавачот Жито Караорман АД Кичево
понеделник, 22 декември 2025

Ве известуваме дека согласно Одлука на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје, на друштвото Жито Караорман АД Кичево, котирано на Официјалниот пазар на Берзата, на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена од денот на суспендирање (23.12.2025 година), и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.

За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачот Жито Караорман АД Кичево не го губи статусот на котирано друштво, но е должен во односите со трети лица и во јавноста да истакнува дека е долгорочно суспендиран од котација на Берзата. Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, Жито Караорман АД Кичево нема постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.

За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од Жито Караорман АД Кичево се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачот важат законските обврски за известување за тој подсегмент.

Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Заклучокот од 26.05.2025 година за внесување на Жито Караорман АД Кичево на Листата за набљудување и врз основа на тоа издавачот се брише од Листата за набљудување.