На 20 октомври 2025 година, во просториите на Македонска берза, се одржа редовен состанок на Клубот БУМ (Берзата и Успешните во Македонија).
Состанокот, на кој присуствуваа претставници од компаниите членки на Клубот, како и други заинтересирани компании кои изразија интерес за приклучување, понуди можност за размена на искуства и запознавање со успешни регионални компании кои своите развојни потреби ги финансиираат преку пазарот на капитал.
Во рамките на агендата на состанокот, присутните проследија две инспиративни презентации од гостите од Романија:
- Stefan Musgociu, Business Development & Public Affairs, Bucharest Stock Exchange, кој го претстави романскиот пазар на капитал и улогата на Букурешката берза во комуникацијата со компаниите што одлучиле да ги финансираат своите развојни потреби преку пазарот на капитал.
- Peter de Boer, Chief Executive Officer на DN Agrar, најголемиот производител на кравјо млеко во Романија и една од водечките интегрирани агро-прехранбени компании во регионот. Компанијата, основана во 2008 година, од 2022 година е котирана на Букурешката берза (BVB).
Клубот БУМ, кој брои дваесетина компании од различни сектори, започна со работа во јуни 2023 година. Неговата цел е да обезбеди стратешка поддршка на домашните компании за одржлив раст, размена на know-how и поттикнување на поврзување меѓу инвеститорите и компаниите преку пазарот на капитал.
Компаниите кои сакаат да станат членки на Клубот може да поднесат апликација на следниот линк: https://bum.mse.mk/