Јавна опомена за 7 котирани друштвa
понеделник, 14 јули 2025

На друштвата ГТЦ АД Скопје, Силекс АД Кратово, ЗК Пелагонија АД Битола, Пелистерка АД Скопје, Жито Караорман АД Кичево, Интернешнел Хотелс АД Скопје, ДС Смитх АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје,им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2024 година заедно со годишниот извештај за работењето за 2024 година, усвоени од Собранието на акционери на друштвото во рокот пропишан со Правилата за котација, со што не постапиле согласно член 40, точка 1 од Правилата за котација.