Исклучување од котација на конвертибилните обврзници од првата емисија издадени од Централна Кооперативна Банка АД Скопје
понеделник, 14 јули 2025

На седницата одржана на 14.07.2025 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за исклучување од котација на конвертибилните обврзници од првата емисија на издавачот Централна кооперативна Банка АД Скопје, со шифра на тргување CKBKO, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, поради извршен целосен откуп на емисијата врз основа на одлука од собранието на акционери. Конвертибилните обврзници од првата емисија на издавачот Централна кооперативна Банка АД Скопје се исклучуваат од котација на 15.07.2025 година.