24 годишна конференција на Македонска Берза

Преостанато време до конференција :

 

ПРОГРАМА
ЧЕТВРТОК (25 СЕПТЕМВРИ)
20:30
Прием за добредојде – Хотел Белви Охрид
ПЕТОК (26 СЕПТЕМВРИ)
09:00 - 09:30
Регистрација на учесниците
09:30 - 09:35

Поздравно обраќање

Иван Штериев
Главен извршен директор, Македонска берза АД Скопје

09:35 - 09:50

Воведни говори

Гордана Димитриеска Кочоска
Министер за финансии

Bujare Abazi
Претседател на Комисија за хартии од вредност

09:50 - 10:20

Специјални говори

Предизвиците на монетарната политика во услови на зголемена неизвесност
Трајко Славески, Гувернер на НБРСМ

Треба ли регионот на ЈИЕ повеќе да се интегрира?
Blaž Brodnjak, Главен извршен директор, NLB Ljubljana

10:20-10:35

Пауза за кафе

Претпладневен тематски дел 1: IPO – да се прави или не?
10:35 - 10:50

Актуелна понуда на ЕБРД за успешните и одважни домашни компании

Attila Toth, Раководител, Развој на финансиски пазари и пазари на капитал, EBRD

10:50 - 11:00

Нашето IPO искуство

Дарко Перушески, сосопственик и извршен директор на СВОД Мастер АД (платформа GLEY)

11:00 - 12:00

Панел 1: „Некој, на берза...“

Златица Цивкароски, Член на Управен одбор, Шпаркасе Банка АД Скопје
Зоран Мартиновски, Претседател, Prime Blue Institute
Кристијан Поленак, Управувачки Партнер, Адвокатско друштво Поленак
Христијан Ковачевски, Сосопственик, Унипласт
Ирина Аврамска, Сопственик, Finovate MK
модератор: Каролина Каровска Божиновска, Директор на сектор, Македонска берза

12:00 - 12:15

Едно IPO размислување: Neotel, денес и утре

Даме Цветковски, Извршен директор, Неотел

12:15-12:30

Пауза за кафе

Претпладневен тематски дел 2: Берзанско - фондовски приказни
12:30 - 13:00

Интервју на бина 1: Состојби и предизвици на Македонска берза

Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза
Горан Теменугов, новинар, автор и водител на поткастот „Каде се парите?“

13:00 - 14:00

Панел 2: Што ќе донесат мултифондовите за пензиските членови и пазарот на капитал?

Горан Мартиноски, Раководител на сектор за управување со средства, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
Maciej Bitner, Директор, Регулативи и истражување, Warsaw Stock Exchange
Gordan Šumanović, Претседател, Управен одбор на Raiffeisen mirovinski fondovi, Хрватска
модератор: Александра Томиќ, Bloomberg Adria

14:00 - 14:15

ЕТФ-овите како локален и регионален развоен драјвер

Krešo Vugrinčić, Главен извршен директор и Претседател на Управен одбор, Intercapital ETF, Хрватска

14:15-15:30

Ручек

Попладневен тематски мозаик
15:30 - 15:45

Преглед на идните глобални пазарни трендови

Blaž Hribar, член на Управен одбор, Pokojninska družba A, Словенија

15:45 - 16:15

Важноста на малите берзи во земјите во развој

Hüseyin Erkan, поранешен директор на Истанбулската берза и Светската Федерација на берзи
István Máté-Tóth, Заменик главен извршен директор, Будимпештанска берза, Унгарија

16:15 - 16:30

Комерцијална презентација: Fledgeworks – единствената HR платформа што било кога ќе ви треба

Илијанчо Гаговски, Соосновач, Fledgeworks

17:00
СОЦИЈАЛЕН НАСТАН: ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНО, ПОДДРЖАНО ОД ВВ ТИКВЕШ
21:30
ЗАБАВА - Octava Lounge Bar
САБОТА (27 СЕПТЕМВРИ)
10:00 - 11:00

Панел 3: Пред и после 2025-та – влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување -во соработка со ИСОС

Драган Давитков, Партнер, PWC North Macedonia
Драган Димитров, Партнер, БДО Македонија
Горан Тиловски, Лидер за Контрола, Сметководство и Даноци, Македонски Телеком АД Скопје
Коста Костадиновски, Основач, Капитал Ассет Менаџмент
модератор: Весна Прентоска, Претседател на Институт на сметководители и овластени сметководители

11:00 - 11:15

Трендови во дигиталната трансформација и македонската реалност

Филомена Пљаковска Аспровска, Претседател на Управен одбор, CaSys

11:15 - 11:45

Разговор „покрај оган“: ЦДХВ на стратешки крстопат

Даринка Дамјановиќ, Извршен директор, ЦДХВ
Даниел Ленардиќ, Партнер за менаџмент консалтинг, KPMG Croatia

11:45 - 12:45

Панел 4: Добри практики за корпоративно управување – норматива v.s. пракса

Орде Ѓорѓиоски, Директор на правни и општи работи, Витаминка АД Прилеп
Горазд Поповски, Директор на Сектор за правни работи, Стопанска банка Скопје
Тихомир Касапинов, ESG координатор, Менаџер за управување со менаџмент системи и Проектен менаџмент, Винарска Визба Тиквеш
модератор: Зорица Асенова, Главен правен советник,Македонска берза

Воведни говори

 

 
 
Gordana_Dimitrievska_Kochovska

Гордана Димитриеска-Кочоска

Министер за финансии

Гордана Димитриеска-Кочоска е магистер по економски науки. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2006 година како студент на генерација по предметот Макроекономија. Магистрирала од областа на финансискиот менаџмент на тема „Финансиското известување и паричниот тек како менаџерски алатки во процесот на одлучување“ на Економскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.

Димитриеска-Кочоска го надградува своето образование со голем број специјализации од областа на финансиите и контролингот и поседува голем број сертификати. Меѓу нив е Едногодишната контролинг академија сопроведена од Менаџмент центар Белград, лиценцирана од CA AKADEMIE AG, Минхен, Едногодишна програма за сертифициран сметководен аналитичар спроведена од АБИТ Академија Скопје. Посетува и обуки и семинари: „Kaizen foundation“ организиран од Менаџмент центар на Белград, „Развој и зголемување на професионалната и личната компетентност на менаџерите од потенцијал до талент“ во Хрватска организација за психологија, CAPEX анализа организиран од Менаџмент центар Белград, „Cash flow analyses“ организирано од Менаџмент центар на Белград, „Анализа на финансиски извештаи“ организиран од Менаџмент центар на Белград. Активно учествува и на конгреси.

Има богата кариера во областа на финансискиот консталтинг и корпоративното банкарство. Во 2006 година е ангажирана во Македонски телеком во Одделението за даноци, во 2006-2007 година е дел од Кабинетот на министерот во Министерството за финансии, Одделение за јавен долг, од 2007 до 2014 е во Секторот за корпоративно банкарство во Стопанска банка, од 2014 до 2017 е член на УО и директор за финансии во АД Електрани на Македонија, од 2018 до 2020 година е финансиски консултатнт од областа на контролинг, финансии и даноци во КФК ДООЕЛ и од 2020 до 2024 година исто така финансиски консултант од областа на контролинг, финансии и даноци во КФК ДООЕЛ.

Во 2020 година Димириеска-Кочоска ја извршува функцијата дополнителен заменик-министер за финансии во Техничката Влада на Република Македонија.

Димитриеска-Кочоска покрај македонскиот мајчин јазик, говори и англиски и шпански. Мажена е и мајка на две деца.

Bujare_Abazi

Bujare Abazi

Претседател на Комисија за хартии од вредност

М-р Бујаре Абази е избрана за Претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 20 мај 2025 година од Собранието на Република Северна Македонија.

Бујаре Абази своето образование го стекнала на Универзитетот во Загреб и на Државниот Универзитет во Тетово каде се здобива со звањето Магистер по економски науки и Сообраќаен инженер-поштенска технологија.

Од 2000-та година па се до изборот за Претседател е професионално ангажирана во АД „Пошта на Северна Македонија“ на повеќе позиции каде со својата експертиза и искуство извршува најодговорни задачи и дава значителен придонес за подобрување на квалитетот на услугите, внатрешната контрола и на корпоративното уредување на институцијата. Во март 2023 година, М-р Абази е именувана за Генерален Директор на компанијата, а функцијата ја извршува до февруари 2024 година.

Има богато искуство во решавањето на комплексни проблеми, менаџирање на човечки ресурси и во процесите на донесување на одлуки за што во текот на својот професионален развој посетува многу обуки и семинари, за кои поседува и сертификати.

М-р Абази, покрај албанскиот и македонскиот јазик, активно ги користи англискиот и хрватскиот јазик.

Специјални говори

 

 
 
Trajko_Slaveski

Трајко Славески

Гувернер на НБРСМ

Д-р Трајко Славески е роден во Охрид во 1960 година. Тој е редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и дипломирал. Постдипломските студии ги продолжил во САД, најпрвин на Калифорнискиот државен универзитет (1986/87 г.), а потоа и на Универзитетот Харвард (1989/90 г.). Во 1997 година престојувал како гостин професор на Државниот универзитет Аризона, Темпи, САД.

Во периодот 1999 − 2006 година предавал на постдипломската програма за Југоисточноевропски студии на Националниот и каподистриски Универзитет во Атина, Грција, на англиски јазик.

Во јавната сфера, д-р Славески одиграл значајна улога во развојот на економската политика во земјава. Д-р Славески е коавтор на првата Антиинфлаторна програма на Република Македонија, клучен документ во економската стабилизација по стекнувањето на независноста во 1992 година, со кој се поставија темелите за воведување на националната валута – денарот.

Во својата богата професионална кариера, д-р Славески има извршувано значајни јавни функции. Бил министер за развој (1999 – 2000 година) и министер за финансии (2006 – 2009 година) во Владата на Република Македонија, а во 2021 година, д-р Славески беше избран за претседател на Советот на Градот Скопје. Во својство на министер за финансии, тој ја претставувал земјата како гувернер во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој.

Како член на Владата, иницирал и водел повеќе значајни реформи, меѓу кои: воведување на рамниот данок; осовременување на платниот промет; интегрирање на наплатата на персоналниот данок од доход и социјалните придонеси во Управата за јавни приходи (концептот бруто-плата); и непосредно раководење со спроведувањето на фискалната политика во услови на високата инфлација од 2007 година (резултат на порастот на светските цени на храната и на енергијата) и Големата рецесија 2007 − 2009 година.

Познат е како долгогодишен активен учесник во јавните дебати за економски и финансиски прашања. Автор е на осум книги (неколку во коавторство), како и на бројни научни и стручни статии објавени во домашни и меѓународни списанија, како и во медиумите наменети за пошироката јавност.

Оженет е, татко на две возрасни деца и дедо на двајца внуци.

Blaz_Brodnjak

Blaž Brodnjak

Главен извршен директор, NLB Ljubljana, Словенија

Blaž Brodnjak е Главен извршен директор на NLB d.d., матичната банка на NLB Групацијата – водечка банкарска и финансиска групација со седиште и исклучив стратешки интерес во Југоисточна Европа.

Blaž Brodnjak е Главен извршен директор на NLB d.d., матичната институција на водечката банкарска и финансиска групација со седиште и фокус во Југоисточна Европа – NLB Групацијата. Тој поседува повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор, при што својата кариера ја започнал од основно ниво, а постепено напредувал кон повисоки менаџерски позиции во реномирани меѓународни банкарски институции како што се BACA, Raiffeisen, BAWAG P.S.K. и Hypo Alpe Adria.

Покрај професионалната експертиза во банкарството и финансиското управување, Brodnjak има значајна улога и во корпоративното управување, со учество во управни и надзорни одбори на бројни банки, осигурителни компании и производствени фирми во осум земји. Препознаен е и како лидер во заедницата, добитник на наградата „Менаџер на годината“ од страна на Здружението на менаџери на Словенија во 2022 година. Надвор од деловниот свет, тој активно работи во семејната винарија и е гласен поддржувач на одржливоста.

Преглед на идните глобални пазарни трендови

 

 
 
Blaz_Hribar

Blaž Hribar

член на Управен одбор, Pokojninska družba A,Словенија

Blaž Hribar е член на управниот одбор на Pokojninska družba A од 2015 година, каде што е одговорен за управување со инвестиции. Претходно, тој бил раководител на одделот за анализа во NLB Skladi и има речиси две децении искуство во управување со средства. Тој исто така е и автор на бројни статии и многу останати професионални придонеси во оваа област.

Актуелна понуда на ЕБРД за успешните и одважни домашни компании

 

 
 
Attila_Toth

Attila Toth

Раководител, Развој на финансиски пазари и пазари на капитал, EBRD

Attila Toth работи за EBRD како соработник во тимот за развој на пазари на капитал од 2018 година. Тој е специјализиран за пазари на капитал и развој на инфраструктура на пазарот на капитал каде што изградил 20-годишно искуство. Attila Toth ја започнал својата кариера во Унгарската агенција за управување со долгови во 1997 година и се приклучил на Берзата во Будимпешта кон крајот на 1999 година. За време на неговата 16-годишна кариера во BSE, тој бил одговорен за развој на бизнис и производи, тргување и посттргување. Помеѓу 2008 и 2016 година бил заменик извршен директор на Берзата, одговорен за односи со издавачи и членки, развој на производи, тргување и деловна стратегија. Attila Toth е предава на Budapest Corvinus University и Central-European Foundation for Broker-dealers. Attila Toth е магистер по финансии на Budapest Corvinus University.

Нашето IPO искуство

 

 
 
Darko_Perusheski

Дарко Перушески

сосопственик и извршен директор на СВОД Мастер АД (платформа GLEY)

Триесетгодишно искуство во областа на медиумите, маркетингот и ИКТ.

Директор на А1 Телевизија (2000-2009), oперативен директор на првата дигитална терестријална платформа – Boom TV, дизајн и имплементација на првата македонска национална стриминг платформа GLEY.

Панел 1: „Некој, на берза...“

 

 
 
Zlatica_Civkaroski

Златица Цивкароски

Член на Управен одбор, Шпаркасе Банка АД Скопје

М-р Златица Цивкароски е назначена за Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје на 1 април 2024 година. Таа својата кариера во банкарскиот сектор ја започнува во 2004 година во Тетекс Кредитна Банка, а подоцна продолжува во ТТК Банка, каде извршува повеќе менаџерски позиции, меѓу кои и В.Д. Директор на Дирекција за управување со пазарен и оперативен ризик, Супервизор во секторот за корпоративни клиенти и Директор на Дирекција за кредитна анализа.

Во мај 2012 година се приклучува на Шпаркасе Банка, каде последователно напредува на повеќе позиции. Била одговорна за системска и процесна имплементација на групациските политики за наплата во рамки на присоединувањето на Охридска Банка, а потоа ја извршувала функцијата Директор на Дирекција за наплата и управување со колатерали. Во јули 2023 година е назначена за Директор на Сектор за кредитен ризик и наплата. Како член на Управниот одбор на Банката е надлежна за стратешко управување со ризик, кредитен ризик и наплата, усогласеност со прописи, спречување перење пари и правни работи.

Zoran_Martinovski

Зоран Мартиновски

Претседател, Prime Blue Institute

Зоран Мартиновски е искусен експерт во развојни финансии со над 35 години меѓународно искуство во различни сектори, од меѓународна трговија до висока технологија. Повеќе од 20 години работел во International Finance Corporation (IFC) како претставник во Северна Македонија и Црна Гора, како и на проекти за приватни инвестиции и советодавни услуги низ Западен Балкан.

Има работено на инвестиции вредни над 300 милиони долари во енергетика, инфраструктура, производство, агробизнис, банкарство и здравство, вклучувајќи комплексни јавно-приватни партнерства. Има богато искуство во соработка со приватни компании, влади, донатори и инвеститори.

Мартиновски е економист со MBA диплома по меѓународен бизнис и финансии, Ron Brown стипендист и алумни на Harvard Kennedy School. Течно зборува српски, хрватски и бугарски.

Kristijan_Polenak

Кристијан Поленак

Управувачки Партнер, Адвокатско друштво Поленак

Кристијан Поленак е искусен адвокат со над 25 години работа во областа на корпоративното право, банкарството и комерцијалните трансакции. Тој е управувачки партнер на Адвокатското друштво Поленак и води тимови за спојувања и преземања, како и за финансиско и регулаторно советување на домашни и странски компании. Поленак има активно учество во развојот на правната рамка во Северна Македонија, како член на повеќе професионални и деловни здруженија.

Покрај правната пракса, Поленак има значајно академско и јавно присуство, предавајќи на Правниот факултет и учествувајќи во обуки за судии. Бил активен член на Постојаниот арбитражен суд при Стопанската комора и член на одбори на компании и банки. Автор е на бројни стручни трудови за корпоративно управување, финансиска регулатива и пазарот на капитал. Течно говори македонски и англиски јазик.

Hristijan_Kovacevski

Христијан Ковачевски

Сосопственик, Унипласт

 

Irina_Avramska

Ирина Аврамска

Сопственик, Finovate MK

Ирина има повеќе од 20 години искуство во поддршка и советување на компании со цел да го подобрат пристапот до финансии и да постигнат одржлив раст преку транспарентност, здраво финансиско управување и стратешко усогласување со новите пазарни барања. Нејзината работа ги опфаќа стратешкото планирање, бизнис дијагностиката, финансиската и оперативната анализа, како и дефинирање на системи за управување и известување кои ја зајакнуваат довербата на инвеститорите и подготвеноста за финансирање. Во последните години, таа исто така обезбедува различни услуги со кои им помага на компаниите и институциите да ги поврзат своите стратегии за раст со целите за декарбонизација и зелена транзиција, препознавајќи дека пристапот до финансии сè повеќе зависи од точни и транспарентни податоци, како и од усогласување и придонес кон постигнување на различни индикатори за зелена и нискојаглеродна економија. Комбинирајќи финансиска експертиза со практично знаење за зелено финансирање и иницијативи за праведна транзиција, таа им помага на бизнисите не само да се подготват за обезбедување финансии, туку и да се позиционираат за одржлива конкурентност во економија која е во процес на развој и декарбонизација.

Karolina_Karovska_Bozhinoska

модератор: Каролина Каровска Божиновска

Директор на сектор, Македонска берза

 

Едно IPO размислување: Neotel, денес и утре

 

 
 
Dame_Cvetkovski

Даме Цветковски

Извршен директор, Неотел

Даме Цветковски е дипломиран инжењер и целиот работен век е ангажиран во областа на Информатиката и Телекомуникациите.

Работниот ангажман го започнува во тогашното Претпријатие за ПТТ Сообраќај „Македонија“, во новоформираниот Центар за Автоматска Обработка на Податоци.

На почетокот на 90-тите години, во периодот на трансформацијата на македонското општество, преминува во новоформиранато претпријатие Неоком АД, кое се развива во водечка македонска фирма од областа на ИКТ (Информатички и комуникациски технологии). Долги години раководи со секторите за Продажба и Системска интеграција.

Во текот на 2004 година, по законската либерализација на телекомуникацискиот сектор, активно учествува во формирањето на првиот алтернативен телекомуникациски оператор Неотел, кој е формиран од страна на Неоком и 3 универзитетски професори.

Од април 2024 година Неоком го делегира Даме Цветковски непосредно да управува со работата на Неотел АД, кој прерасна во сериозен телекомуникациски оператор, особено препознатлив од страна на деловниот сектор.

Интервју на бина 1: Состојби и предизвици на Македонска берза

 

 
 
Ivan_Steriev

Иван Штериев

Главен извршен директор, Македонска берза

Г-дин Иван Штериев е Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје од 2005 година. Тој беше дел од тимот кој ја воспостави берзата во Република Македонија во 1996 година и работи во Македонската берза од нејзиното основање, најпрвин како раководител на трговска сала, а потоа како директор на Секторот за тргување до 2005 година.

Учествувал во бројни работни групи задолжени за изработка на закони и подзаконски акти поврзани со домашниот пазар на хартии од вредност. Исто така, бил член на Одборот на Македонскиот централен депозитар за хартии од вредност и комисионер во Комисијата за хартии од вредност на Македонија. Г-дин Иван Штериев е и член на Надзорниот одбор на SEE Link (SEE Link е проект започнат од берзите на Бугарија, Македонија и Загреб со цел создавање регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на овие три пазари. Проектот е поддржан од Европската банка за обнова и развој).

Учествувал како говорник и презентер на бројни домашни и меѓународни конференции на теми поврзани со функционирањето на пазарите на хартии од вредност.

Goran_Temenugov

Горан Теменугов

новинар, автор и водител на поткастот „Каде се парите?“

 

Панел 2: Што ќе донесат мултифондовите за пензиските членови и пазарот на капитал?

 

 
 
Goran_Martinoski

Горан Мартиноски

Раководител на сектор за управување со средства, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Горан Мартиноски е член на Инвестициониот одбор на КБ Прво пензиско друштво со повеќе од 18 години професионално искуство во областа на инвестициите и финансиските пазари. Како Раководител на сектор за управување со средства е одговорен за развој и имплементација на инвестициски стратегии, селекција на соодветни инструменти за инвестирање и континуирано следење на економските и индустриските трендови.

Мартиноски поседува експертиза во управување со инвестициски портфолиа, ЕТФ фондови, акции, обврзници, финансиски пазари и пазарите на капитал, исто така поседува високо професионално искуство во пензиската индустрија. Мартиноски има стекнато сертификати за инвестициско советување и работа со хартии од вредност. Тој е редовен гостин-предавач на универзитетите во Република Македонија. Во последните години е посветен и на ЕСГ инвестирањето и истото заедно со тимот го имаат имплементирано во портфолијата на фондовите со кои управува КБ Прво пензиско друштво. Во моментов Друштвото управува со над 1,4 милијарди евра пензиски заштеди а во изминативе години е наградувано со престижни меѓународни признанија за стратегијата која се имплемнетира во управувањето со фондовите.

Maciej_Bitner

Maciej Bitner

Директор, Регилативи и истражување, Warsaw Stock Exchange

Maciej Bitner се приклучува на Варшавската берза во февруари 2025 година, со цел да даде поддршка на законските реформи насочени кон развој на полскиот пазар на капитал. Неговиот тим е одговорен за регулаторен напредок во области како што се пензискиот систем, данокот на капитална добивка, ануитетите, како и развој на нови финансиски производи кои бараат законски измени.

Пред да се приклучи на Варшавската берза, Maciej поминува пет години како експерт во Полската агенција за финансиски надзор (KNF), каде што главна задача му беше имплементација на владината стратегија за развој на пазарот на капитал. Претходно, тој беше главен економист во тинк-тенкот WiseEuropa со седиште во Варшава, каде што координираше различни истражувачки и аналитички проекти на теми како што се „замката на средниот доход“ и влијанието на развојот на пазарот на капитал врз економскиот раст. Автор е на повеќе аналитички публикации, вклучувајќи и компаративна студија за трошоците на различни европски пазари на капитал.

Maciej има докторат по економија од Универзитетот во Варшава, како и две магистратури – по економија и по филозофија. Тој предава курс за капитални и обврзнички инструменти во рамки на програмата по Квантитативни финансии на Економскиот факултет при Универзитетот во Варшава.

Gordan_Sumanovic

Gordan Šumanović

Претседател на Управен одбор на Raiffeisen mirovinski fondovi, Хрватска

Гордан Шумановиќ, CFA, е именуван на позицијата претседател на Управниот одбор на Raiffeisen друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови д.д. во јануари 2022 година.

Титулата Bachelor of Commerce with Honours ја стекнал во 2000 година на насоката финансии на Универзитетот Witwatersrand во Јоханесбург, Јужноафриканска Република. По завршувањето на студиите во странство, работел на позиции поврзани со застапување во осигурување и финансиско советување. Од 2004 до 2006 година бил вработен во Raiffeisen Invest д.о.о. како финансиски аналитичар, а од 2006 до 2012 година во Raiffeisen друштво за управување со доброволни пензиски фондови д.о.о. и Raiffeisen друштво за управување со задолжителни пензиски фондови д.д. како портфолио менаџер, директор на Дирекцијата за инвестиции и анализи и член на Управниот одбор. Поседува CFA сертификат и лиценца за овластен управител на пензиски фондови.

Aleksandra_Tomic

модератор: Александра Томиќ

Bloomberg Adria

 

ЕТФ-овите како локален и регионален развоен драјвер

 

 
 
Kreso_Vugrincic

Krešo Vugrinčić

Главен извршен директор и Претседател на Управен одбор, Intercapital ETF, Хрватска

Krešo Vugrinčić е искусен инвестиционен професионалец со повеќе од 13 години искуство во истражување на инвестиции, управување со портфолио и раководни улоги на пазарите во Југоисточна Европа. Кариерата ја започнува во 2012 година како аналитичар на страната на продажба во InterCapital Securities. Во 2015 година се приклучува на InterCapital Asset Management, каде што го воспоставува секторот за истражување на акции на страната на купување, а подоцна го презема и управувањето со сите стратегии за вложување во акции.

Во 2022 година е назначен за Раководител на Front Office, а во 2024 година станува Главен инвестициски директор (CIO) и член на Управниот одбор. Од мај 2025 година е Главен извршен директор на InterCapital ETF – компанија специјализирана за управување со ЕТФ фондови, фокусирана на проширување на пристапот до UCITS ETF производи во регионот на Југоисточна Европа.

Krešo е и член на Одборот на директори на CFA Society Croatia, каде што активно ја поддржува мисијата на Институтот за унапредување на етиката, едукацијата и професионалната извонредност во финансиската индустрија.

Комерцијална презентација: Fledgeworks – единствената HR платформа што било кога ќе ви треба

 

 
 
Ilijanco_Gagovski

Илијанчо Гаговски

Соосновач, Fledgeworks

Илијанчо Гаговски е активен чинител во македонската информатичка индустрија во последните 25 години. Во 90-те работел како salesman во МБС – IBM Aliance, на почетокот на 2000-те како раководител на продажба и маркетинг во Логин Системи, од 2002 до 2013 бил директор на канцеларијата на Microsoft во Македонија, а од 2013 е соосновач и управител на PrymApps, компанија за производство на софтвер. По образование е електро-инженер, а по вокација е футурист. Негов постојан интерес се различните начини на кои технологиите ни ги менуваат животите и секојдневието.

Важноста на малите берзи во земјите во развој

 

 
 
Huseyin_Erkan

Hüseyin Erkan

поранешен директор на Истанбулската берза и Светската Федерација на берзи

Hüseyin Erkan е поранешен Главен извршен директор на Светската федерација на берзи (WFE), на чие чело бил од 2012 до 2014 година. Претходно, од 2007 до 2012 година, бил Претседател и Главен извршен директор на Истанбулската берза.

Своето образование го започнува во Англија, а дипломира и магистрира економија и меѓународни финансии на Њујорк Универзитетот – Stern Business School. Кариерата ја започнува во приватниот сектор, а на пазарите на капитал работи од 1989 година.

Во Истанбулската берза се приклучува во 1994 година, каде што извршува различни раководни позиции, меѓу кои и Заменик главен извршен директор, до 2006 година. Бил член на Управниот одбор на Takasbank и активно вклучен во бројни меѓународни иницијативи, како што се IOSCO, WFE, FEAS, SECI и COMCEC, со фокус на развој на пазарите на капитал и регионална соработка.

Во 2012 година е назначен за Главен извршен директор на WFE, каде што раководи со организацијата до 2014 година.

Hüseyin е оженет и татко на две деца. Зборува англиски јазик.

Istvan_Mate_Toth

István Máté-Tóth

Заменик главен извршен директор, Будимпештанска берза, Унгарија

 

Панел 3: Пред и после 2025-та – влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување -во соработка со ИСОС

 

 
 
Dragan_Davitkov

Драган Давитков

Партнер, PWC North Macedonia

Драган е партнер во PwC Централна и Источна Европа, каде што ја предводи Дирекцијата за ревизија за Северна Македонија, Албанија и Косово. Тој има повеќе од 23 години меѓународно искуство во финансиската индустрија, работејќи со врвни клиенти во различни сектори и пазари. Тој е сертифициран ревизор, со диплома по финансиски менаџмент.

Како финансиски експерт и лидер, Драган е посветен на обезбедување услуги и решенија со висок квалитет на своите клиенти, помагајќи им да се справат со сложени предизвици и да ги постигнат своите цели. Тој има богато искуство во областа на ревизија, алтернативни модели на испорака, консултантски услуги за приватниот сектор, сметководствено советување и дигитална трансформација. Бил член на Управниот одбор и претседател на Американската стопанска комора во Северна Македонија, каде што се залагал за интересите на бизнис заедницата и зајакнување на билатералните односи. Има искуство како член на управни одбори во неколку регулаторни институции.

Dragan Dimitrov

Драган Димитров

Партнер, БДО Македонија

Г-дин Драган Димитров, Управен партнер во БДО ДОО Скопје, е магистер по економски науки. Тој има работено во Народната банка на Република Македонија (4 години), на проект на USAID за развој на банкарството (1 година), како и повеќе од 2 години на проект на USAID за унапредување на сметководството и ревизијата во Северна Македонија. Од 2000 година активно е ангажиран во ревизија на финансиски извештаи во БДО ДОО Скопје, со двегодишен прекин кога ја извршувал функцијата Главен извршен директор во Статер банка АД Куманово.

Активно учествува во обуки на сметководители и ревизори за примена на МСС/МСФИ и МСР во Македонија. Исто така бил ангажиран во многу проекти за спојувања и преземања, due diligence анализи, корпоративни финансии и реструктурирања. Тој е овластен проценител и форензички експерт.

Г-дин Димитров моментално ја извршува функцијата Претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ).

Goran_Tilovski

Горан Тиловски

Лидер за Контрола, Сметководство и Даноци, Македонски Телеком АД Скопје

Горан Тиловски е Лидер на Секторот за контрола, сметководство и даноци во Македонски Телеком АД Скопје, каде што е одговорен за финансиско и стратешко планирање, IFRS известување, оданочување, трезор и финансирање на клиенти. Во компанијата се приклучува во 2003 година и оттогаш извршува повеќе раководни функции во областа на сметководството, усогласеноста и управувањето со ризици. Од 2017 година ја предводи работата на секторот, со надлежности кои вклучуваат управување со CAPEX, комерцијална контрола и интерно известување.

Пред да се приклучи на Македонски Телеком, Тиловски ја гради својата кариера во KPMG во Скопје, каде што раководи со големи ревизорски и due diligence проекти во различни индустрии. Исто така, придонесува и во образовниот сектор како предавач по сметководство и има завршено меѓународни програми за лидерство и усогласеност, креирајќи широка перспектива во својата финансиска експертиза.

Kosta_Kostadinovski

Коста Костадиновски

Основач, Капитал Ассет Менаџмент

Финансиски советник со положен стручен испит за инвестициски советник, застапник во осигурување, пензиски агент и инвестициски агент.

Vesna_Prentoska

модератор: Весна Прентоска

Претседател на Институт на сметководители и овластени сметководители

Весна Прентоска има повеќе од 20 години искуство во финансиска анализа, известување и подготовка на финансиски извештаи, прогнози, буџетирање и контрола, како и над 15 години искуство на раководни позиции, и тоа во национални и меѓународни компании. Иако финансиското управување е нејзина примарна професионална сфера, во минатото има водено и голем број проекти од различна комплексност.

Весна има докажано искуство во успешно водење на тимови кон имплементација на бројни проекти, притоа создавајќи позитивна работна атмосфера и поттикнувајќи тимска работа, критичко размислување, непристрасност и објективност, детална анализа и проценка на импликациите со цел избор на најдобри пристапи. Едно од нејзините најзначајни достигнувања е интеграцијата на известувањето според македонските стандарди, IFRS стандардите и буџетското известување во единствен систем, што овозможи поефикасни процеси и значително го намали времето за подготовка на конзистентни финансиски и буџетски извештаи. Со овој проект, како и преку другите работни активности, Весна ја демонстрира својата посветеност на континуирано подобрување и проактивност, разви силни аналитички способности и лидерски вештини, како и одлично владеење на англискиот јазик.

Разговор „покрај оган“: ЦДХВ на стратешки крстопат

 

 
 
Darinka_Damjanovik

Даринка Дамјановиќ

Извршен директор, ЦДХВ

Даринка Дамјановиќ е Извршен директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје (ЦДХВ), со повеќе од 23 години искуство во областа на деловното право и пазарот на капитал. Кариерата ја започнува како правен советник на Македонскиот регистерски проект, каде работи на развој на системот на Централен регистар и Централен депозитар за хартии од вредност. Потоа, од 2002 до 2012 година, ја извршува функцијата Раководител на одделение за правни работи во ЦДХВ, а од 2012 до 2017 година е Раководител на дирекција за деловни операции во истата институција.

Даринка е дипломиран правник од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со специјализација во трговско право. Го положила правосудниот испит во 2004 година и стручен испит за работа со хартии од вредност во 2008 година, за што поседува и валидна дозвола издадена од Комисијата за хартии од вредност на РМ.

Со своето долгогодишно искуство и експертиза, Даринка Дамјановиќ дава значаен придонес во развојот и унапредувањето на пазарот на капитал во Македонија.

Daniel_Lenardik

Даниел Ленардиќ

Партнер за менаџмент консалтинг, KPMG Croatia

Даниел е партнер одговорен за услугите од областа на менаџмент консалтинг во KPMG во Хрватска и Босна и Херцеговина, со 14 години искуство. Даниел има водено ИТ-проекти за бројни клиенти во различни индустрии. Проектите на кои работел опфаќаат области како што се бизнис стратегија и планирање, финансиско моделирање, истражување на пазар и студии за изводливост, корпоративно реструктурирање, организациски развој, унапредување на деловни процеси, управување со перформанси, менаџмент на операции, како и комерцијални длабински анализи.

Трендови во дигиталната трансформација и македонската реалност

 

 
 
Filomena_Pljakovska_Asprovska

Филомена Пљаковска Аспровска

Претседател на Управен одбор, CaSys

Филомена Пљаковска-Аспровска е Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на CaSys AD, водечкиот процесор на картички, електронска трговија и персонализација во Северна Македонија. Таа е дипломиран електроинженер и магистер по економија, со над 18 години искуство во финансиската технологија, вклучително и завршени програми на Schulich School of Business и Kellogg School of Management.

Во текот на нејзината кариера, Пљаковска-Аспровска раководела со имплементација на значајни проекти како што се првите персонализирани чип-картички, безбедносни стандарди (PCI DSS, ISO27001), и 3D модел за безбедна е-трговија. Таа е член на Националниот совет за платни системи при НБРСМ и активно се залага за зголемена употреба на електронски плаќања. Позната е по нејзината визија за иновации и континуирана едукација во финансиската индустрија.

Панел 4: Добри практики за корпоративно управување – норматива v.s. пракса

 

 
 
Orde_Gjorgjioski

Орде Ѓорѓиоски

Директор на правни и општи работи, Витаминка АД Прилеп

Орде Ѓорѓиоски е Директор на правни и општи работи во Витаминка АД Прилеп и доцент по деловно право на Меѓународниот Славјански Универзитет. Тој е двапати доктор по науки – во областа на правото и на менаџментот, и има објавено над триесет научни трудови и две книги. Со над 15 години правна пракса, од кои 12 години на раководна позиција, тој е активен и во академската и во бизнис заедницата.

Ѓорѓиоски е член на бројни организации и управни одбори, вклучително и GS1 Македонија, Пакомак, Џудо федерацијата, Ротари клуб Прилеп и Здружението на корпоративни правници. Тој редовно учествува како панелист и предавач на конференции од областа на право, менаџмент и корпоративно управување, а неговата стручност е препознаена и во меѓународни иницијативи и обуки, вклучувајќи студиски престои и тренинзи во странство.

Gorazd_Popovski

Горазд Поповски

Директор на Сектор за правни работи, Стопанска банка Скопје

Горазд Поповски е директор на Секторот за правни работи во Стопанска банка АД Скопје, каде што е одговорен за сите правни прашања. Моментално е и претседател на Правната комисија при Македонската банкарска асоцијација.

Тој поседува обемно искуство во областа на правото, со посебна експертиза во банкарско право, трговско право, граѓанско право, проценка на правен ризик и прашања поврзани со обезбедување на побарувања. Има значително искуство во водење и следење на комплексни комерцијални предмети со висока финансиска вредност.

Горазд Поповски редовно соработува со меѓународни банки, особено со Националната банка на Грција (NBG), која е доминантен акционер на Стопанска банка АД Скопје. Се одликува со одлични истражувачки, писмени и усни комуникациски вештини.

Tihomir_Kasapinov

Тихомир Касапинов

ESG координатор, Менаџер за управување со менаџмент системи и Проектен менаџмент, Винарска Визба Тиквеш

Тихомир Касапинов денес работи како ESG координатор, Менаџер за управување со менаџмент системи и Проектен менаџмент во Винарска Визба ТИКВЕШ АД - Кавадарци. Својата професионална кариера ја започнува во 2004 година како Машински инженер и Проектен менаџер во ВВ Тиквеш АД Кавадарци. Дипломиран на Машински Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, има положено Проект менаџмент, испит за Енергетски Менаџер, а посетувал и бројни домашни и странски обуки од областа на корпоративното управување, одржлив развој, менаџмент системи за управување, менаџирање со високо ефективни тимови, проценка на инвестиции. Координатор и водител на тимот за изработка и постигнување на целите за ESG стратегијата на компанијата.

Учествувал како говорник и презентер на домашни конференции на теми поврзани со одржлив развој, ESG,корпоративно управување. Практичното и теоретско знаење имал можност да го пренесе на студенти на повеќе факултети и средни школи во склоп на програмите за дуално образование.

Zorica_Asenova

модератор: Зорица Асенова,

Главен правен советник, Македонска берза

М-р Зорица Асенова денес работи како Правен советник во Македонска Берза АД Скопје почнувајќи од април 2018 година, а својата професионална кариера ја започна и градеше работејќи во Комисијата за хартии од вредност на РСМ од 2004 година. Дипломираше и магистрираше на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, има положено правосуден испит, испит за работа со хартии од вредност и испит за инвестиционо советување, а посетувала и бројни домашни и странски обуки и конференции од областа на корпоративното управување, преземање на акционерски друштва, издавање и тргување со финансиски инструменти, инвестициски фондови како и други обуки од областа на административното, деловното право и финансиското право. Преку учеството во работата на работни групи за изработка на закони од областа на пазарот на капитал и на работните групи за подготовка на Национална програма за усвојување на правото на ЕУ, се стекнува со широки познавања на легислативата на ЕУ во областа на финансиските услуги и со можноста да учествува во процесот на нејзиното транспонирање во македонското законодавство. Практичното и теоретско знаење имала можност да го пренесе на студенти, како и на пошироката стручна јавност, предавајќи на бројни обуки и конференции во земјата и во странство.

ДЕТАЛИ ЗА УЧЕСТВО
  • Конференцијата ќе се реализира двојазично, на македонски и англиски јазик.
  • Организаторот обезбедува симултан превод во текот на целата конференција.
  • Конференцијата ќе се одржи во хотелот Метропол Охрид.


Котизација за учество

Котизација за учество на конференцијата: 8.000 денари + ДДВ
Котизацијата вклучува:
- учество на конференцијата, конференциски материјали, ручек, пауза за кафе и коктел.
Котизацијата не вклучува:
- сместување и превоз до Охрид и други трошоци.


Попусти за групи

- Доколу се пријават 3 лица од иста компанија/институција: -10%

- Доколу се пријават 4 или 5 лица од иста компанија/институција:-20%

- Доколу се пријават над 5 лица од иста компанија/институција: -30%

-Специјален попуст за високообразовни инстуитуции: –50%

- Специјален попуст за студенти: –70%

- Бесплатно учество за претставници на компаниите членки на БУМ клубот

Детали за уплата:

Македонска берза АД Скопје
Жиро сметка за уплата на котизацијата: 300-0000032408-06 Комерцијална банка АД Скопје;

Сместување на учесниците:

За сместување на учесниците, Македонска берза АД Скопје изврши предрезервација на еднокреветни и дво/трокреветни соби во хотел Метропол Охрид. и хотел Белви Охрид, под следните услови:

 

Цени на база ноќевање со појадок Еднокреветна соба Двокреветна соба Трокреветна соба
Хотел Метропол и Хотел Белви 70 ЕВРА на ден 96 ЕВРА на ден 129 ЕВРА на ден

 

Цени на база полупансион Еднокреветна соба Двокреветна соба Трокреветна соба
Хотел Метропол и Хотел Белви 85 ЕВРА на ден 126 ЕВРА на ден 174 ЕВРА на ден

 

Цените се по соба, на ден, со вклучена туристичка такса и ДДВ



РЕЗЕРВАЦИЈАТА НА ХОТЕЛСКОТО СМЕСТУВАЊЕ СЕ ВРШИ ДИРЕКТНО ВО ХОТЕЛ МЕТРОПОЛ И ХОТЕЛ БЕЛВИ СО НАГЛАСОК ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА

Плаќањето за хотелското сместување се врши од страна на учесниците на конференцијата. При регистрација во хотелот ве молиме да нагласите каков тип на сместување ќе користите (ноќевање со појадок или полупансион). Плаќањето е во денарска противвредност. Во цената е вклучен ДДВ.


 
Напомена :

Бројот на учесници на конференцијата е ограничен. За откажувањата примени заклучно со 1 Септември 2025 година се рефундира 50% од котизацијата. За откажувањата примени по 1 Септември 2025 година не се врши рефундирање на котизацијата. Македонска берза го задржува правото на промена на програмата без најава.
Сребрен Спонзор

Replek

 

Спонзори

Komercijalna

 

NLB

 

wvp

 

Triglav

 

Telekom

 

WinnerLife

 

Медиумски покровители

pariMK

 

Kapital

 

BankarstvoMK

 

Telma

 

Поддржувачи

 

diners.mk

 

fledgeworks

 

fledgeworks

 

bucen_kozjak