Акција на годината по избор на јавноста

Со цел јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со пазарот на хартии од вредност, Македонска берза од оваа година воведува доделување на повеќе годишни награди во различни категории. Наградите ќе се доделат во втората половина од декември.

Наградата „Акцијата на годината по избор на јавноста“ се доделува на котирано акционерско друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда.

Гласањето се врши паралелно на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“ и акцијата на издавачот која ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно ќе биде прогласена за „Акцијата на годината за 2021 година„

Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Мислењето на јавноста е пресудно за објективно мерење на перформансите и однесувањето на котираните друштва на Берзата - извонредноста заслужува јавно признание – изберете ја „Акцијата на годината за 2021 година„ и гласајте подолу.

Анкетата е отворена од 17.11 до 17.12.2021 година.




Внесете Код