Ревидиран извештај за 2003 година на РЖ Услуги АД Скопје
среда, 07 јули 2004
РЖ Услуги АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 6.527.000 денари. Вкупната актива на РЖ Услуги АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 711.764.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 50.584.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на РЖ Услуги АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.