Македонска берза официјално ја претстави crowdfunding платформата Funderbeam – нов модел за финансирање на македонските компании во рана фаза на развој
четврток, 06 јуни 2019

Во среда, на 5ти јуни со почеток во 15:00 часот во Public room, Македонската берза и официјално ја претстави crowdfunding платформата Funderbeam пред сите заинтересирани за овој вид на шеми за колективно финансирање.   Имајќи ја предвид воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза оваа глобална и иновативна crowdfunding платформа станува полесно достапна и на македонскиот пазар. На настанот земаа учество Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза, Ivana Gazic, Претседател на Управен одбор, Zagreb Stock Exchange, Damir Bicanic, Директор на Funderbeam SEE и Каролина Каровска Божиноска, Раководител на оддел за промоција, едукација и развој. 

 

                        

Во првиот дел од настанот присутните имаа можност да чујат повеќе детали за  Funderbeam. Funderbeam е платформа преку која се поврзуваат стартап компании и компаниите во рана фаза на развој кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во вакви компании. Иновативниот систем на Funderbeam е базиран на технологијата blockchain.

Во вториот дел шест компании ги претставија своите тековни проекти пред претставниците од Funderbeam. 

                       

                      

Во наредниот период, Берзата планира самостојно или заеднички со другите чинители на македонскиот стартап екосистем да организира низа промотивни настани за подетално запознавање на сите заинтересирани околу можностите што ги овозможува оваа crowdfunding платформа.