Јавна опомена за котираните друштва РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, Агроплод АД Ресен и Ветекс АД Велес
понеделник, 30 септември 2019

На седницата одржана на 27.08.2019 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар:

  • РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација, поради необјавување на целосните материјали за Собранието на акционери во рок од два дена од денот на свикувањето на седницата
  • Агроплод АД Ресен, друштво котирано на  на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување
  • Ветекст АД Велес, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација поради необјавување на дивиденден календар при донесување на одлука за исплата на дивиденда