Известување од Охридска банка АД Охрид
среда, 03 март 2004
Охридска банка АД Охрид известува за следното: • Собранието на акционери на Охридска банка АД Охрид ќе се одржи на 26.03.2004 година; • Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје му предлага на Собранието на Банката износот на дивиденда за 2003 година на една приоритетна акција да изнесува 278,00 денари, односно 10,5% од номиналната вредност, а износот на дивиденда за една обична акција да изнесува 265,00 денари, односно 10% од номиналната вредност; • Дивиденден календар на Охридска банка АД Охрид: o Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2003 година е 06.04.2004 година; o Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2003 година е 07.04.2004 година; o Датум на стекнување на право на дивиденда за 2003 година е 09.04.2004 година; o Исплатата на дивиденда за 2003 година ќе започне на 14.04.2004 година.