Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвата Оранжерии Хамзали АД Струмица и Нова стоковна куќа АД Струмица, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на промени кај акционери со значителни удели во пропишаниот рок со Правилата за котација, со што не постапија согласно член 38, став 1,2 и 3 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираните друштвa Оранжерии Хамзали АД Струмица и Нова стоковна куќа АД Струмица
четврток, 27 јуни 2024