Јавна опомена за котираното друштво АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје
петок, 24 јули 2020

На седницата одржана на 18.06.2020 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје, друштво котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација, поради тоа што друштвото не објави неревидиран биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2020 година во согласност со член 40 став 2 од Правилата за котација, што претставува неисполнување на постојаните обврски за известување согласно Глава 6 од Правилата во трет наврат, а по претходно изречени мерки опомена и јавни опомени преку интернет страната на Берзата, донесени на Одборот на директори на Берзата.