Јавна понуда за запишување на корпоративни обврзници на ТТК Банка АД Скопје - II емисија
петок, 24 јануари 2020

Основните информации за јавната понуда за запишување се следните:

  • назив на издавачот: ТТК Банка АД Скопје    
  • шифра на корпоративните обврзници - предмет на јавната понуда: TTKOA32
  • број на корпоративните обврзници што се запишуваат: 1.500
  • количина на корпоративните обврзници на која гласи еден лот: 1     
  • продажна цена на една корпоративна обврзница: 1.000 евра по обврзница во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на уплатата
  • иницијален датум на запишување: 07.02.2020
  • последен датум за запишување: 07.05.2020        
  • модел и начин на продажба на корпоративните обврзници - предмет на јавната понуда: модел на фиксна цена – со примена на принципот на приоритет на налози со порано време на внес на налогот во БЕСТ системот.


Во продолжение може да ја преземете документацијата во врска со јавната понуда за запишување на корпоративни обврзници на ТТК Банка АД Скопје.

1. Покана за запишување и уплата на хартии од вредност (корпоративни обврзници) по пат на јавна понуда
2. Проспект за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност (корпоративни обврзници) по пат на јавна понуда
3. Прилог 1 Ревидирани финансиски извештаи со мислење на независен ревизор за 2016 година
4. Прилог 2 Ревидирани финансиски извештаи со мислење на независен ревизор за 2017 година
5. Прилог 3 Ревидирани финансиски извештаи со мислење на независен ревизор за 2018 година
6. Прилог 4 Неревидирани финансиски извештаи за период 01.01.-30.09.2019 година
7. Прилог 5 Деловна политика и развоен план на ТТК Банка за периодот од 2019 година до 2021 година
8. Прилог 6 Статут на ТТК Банка