Јавна опомена за котираното друштво МЗТ Пумпи АД Скопје
вторник, 02 јуни 2026

На издавачот МЗТ Пумпи АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачот не постапи согласно член 39, став 5 од Правилата за котација.