Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Интерпромет АД Тетово на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Интерпромет АД Тетово на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што е донесена одлука од собранието на акционери за поделба на друштвото.