Ве известуваме дека на ден 11.11.2025 година, Берзата изврши бришење на издавачот Раде Кончар- Апаратна техника АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што постапката за преземање на друштвото е завршена.
Издавачот Раде Кончар- Апаратна техника АД Скопје беше внесен на Листата на набљудување на 18.08.2025 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за преземање на друштвото.