Први котирани друштва внесени на „Листа за набљудување“
среда, 11 ноември 2020

Од вкупно 12-те котирани друштва , за 3 компании внесувањето на „Листата за набљудување“ на веб страната на Берзата претставува санкција поради посериозно непостапување согласно Правилата за котација, а за 9 друштва е информација за инвеститорите дека треба да обрнат внимание на одредени специфични ситуации поврзани со нивните хартии од вредност или пак за издавачот.

Внесувањето на котираните друштва на „Листата на набљудување“ се прави согласно член 57, односно 61-а од Правилата за котација, како мерка спрема котираните друштва или со цел обрнување внимание на инвеститорската јавност, респективно.

„Листата за набљудување“, a пред се обрнувањето на внимание на инвеститорската јавност претставува нов и транспарентен начин за комуникација со инвеститорите на македонскиот пазар на хартии од вредност и тоа поради нивно дополнително информирање дека кај одредена котирана компанија се настанати поспецифични околности што треба да се имаат предвид при донесувањето на инвестициски одлуки за тргување со конкретните хартии од вредност. Обрнувањето на внимание на инвеститорската јавност не претставува санкција спрема друштвото од страна на Берзата, туку воспоставен механизам во интерес на инвеститорите.

„Листа за набљудување“ на која се внесуваат издавачи кои котираат на Официјалниот Пазар се воспостави со последните измени и дополнувања на Правилата за котација на Берзата, за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност.

Листата може да ја најдете на следниот линк:

https://www.mse.mk/mk/content/15/9/2020/lista-za-nabljuduvanje