Обука за корпоративни секретари

Втора обука за корпоративни секретари (внатрешни правни советници)

Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори веќе подолго време соработуваат со цел да ги промовираат добрите практики на корпоративното управување во компаниите и воопшто на пазарот на капитал во Република Северна Македонија. Имајќи ги предвид светските трендови, трите инстутиции одлучија да ја организираат:

Втората Обука за корпоративни секретари во Република Северна Македонија

Улогата на корпоративниот секретар е да се унапреди квалитетот на корпоративното управување во компанијата и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики, притоа грижејќи се за примена на законските процедури од страна на органот на управување и остварување на правата и обврските на одборот на директори, односно надзорниот одбор во согласност со законите, статутот и другите акти на друштвото. Корпоративно управување ја дефинира и регулира позицијата на корпоративен секретар, кој им помага на органите на управување во исполнувањето на секојдиевните активности како инструмент за подобрување на работењето на друштвото преку поефикасни проверки и усогласувања на процесите. Како професионалец со единствен збир на знаења и способиости, корпоративниот секретар помага за воспоставување и одржување добра комуникација меѓу различните органи на управување на друштвото во согласност со статутот и со интерните акти на друштвото. Корпоративниот секретар е клучен играч во рамките на раководниот тим на било која компанија со соодветни способности, визија и вредности, потребни за даја водатсвојата компанија и нејзините клиенти напред. Корпоративниот секретар треба да ја зголеми довербата и кај другите лица кои се засегнати од работењето на компанијата.

Обуката е подготвена и ќе биде реализирана од страна на:
Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Македонската Берза АД Скопје и Институтот на директори, Скопје.

Обуката ќе се одржи од 19.06 (Среда) до 21.06 (Петок) 2019 година, од 13:00 до 18:00 часот, во просториите на Македонска берза АД Скопје (Сала за состаноци).


Пријавете се најдоцна до 17-06-2019 година (Понеделник) со аплицирање на следниве e-mail адреси (ivana@sec.gov.mk и karolina@mse.org.mk) или на телефон 02/3244-670 (Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија) или 02/3122-055 (Македонска берза АД Скопје). При пријавувањето наведете го името, презимето и е-mail адресите на учесниците, како и името и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.


Цената за учество на обуката за едно лице е 9.000,00 денари, а компаниите кои ќе пријават два или повеќе учесника ќе имаат -10% попуст за секое лице. Плаќањето за учество на обуката се врши по основ на про-фактура, пред започнување на обуката.


Обуката се спроведува врз основа на меѓународна методологија додека пак учесниците на обуката добиваат бесплатни материјали (дел на самата обука, а дел ќе бидат доставени по електронски пат по завршување на обуката) и сертификат за учество на обуката. 

ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА ВТОРА ОБУКА ЗА КОРПОРАТИВНИ СЕКРЕТАРИ