Прирачник за самостојно учење

 

Прирачник за самостојно учење

ТРГУВАЊЕ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Издавач: Македонска берза АД Скопје

За Прирачникот

Овој прирачник има за цел да Ви овозможи пристап до детални информации во врска со најзначајните финансиски инструменти со кои се тргува на берзите, вклучувајќи ги фјучерсите и опциите. Прирачникот претставува соодветен вовед во материјата наменета за потенцијалните инвеститори во хартии од вредност и корисен водич за веќе инволвираните лица во тргувањето со хартии од вредност.

Прирачникот дава широк теоретски опфат на материјата поврзана со хартиите од вредност, при што се дава осврт и на термини и аспекти кои, од легислативни или од практични причини, не се во употреба во Република Македонија, а се’ со цел читателот да се стекне со што поширока база на теоретски предзнаења. Во однос на конкретните специфики на македонската пракса, читателите треба да ја консултираат важечката законска и подзаконска регулатива во Република Македонија. 

Ова е извадок од Прирачникот за самостојно учење кој е посветен на тргувањето со хартии од вредност.

Доколку сте заинтересирани за Прирачникот за самостојно учење, потребно е само да уплатите 600,00 денари на следнава жиро сметка:
300-0000032408-06

Учесниците на некоја од обуките организирани во рамките на Тренинг центарот на Македонска берза Прирачникот можат да го добијат по повластена цена од 350,00 денари.

Детали за уплата:

Цел на дознака – Прирачник за самостојно учење

Назив и седиште на примач – Македонска берза АД Скопје

Трансакцискa сметкa

Комерцијална банка АД Скопје 300-0000032408-06

По уплатата Прирачникот може да се подигне во просториите на Македонска берза на ул. Орце Николов бр.75, 1000 Скопје

или на Ваше барање да Ви биде доставен по пошта, по испраќање на електронска порака на treningcentar@mse.org.mk со потребните податоци за примателот и адресата на која треба да се достави Прирачникот.

За сите дополнителни информации можете да испратите e-mail на treningcentar@mse.org.mk или да го контактирате лицето Каролина Каровска Божиноска на тел: 02 3122 055.