Оглас за вработување

Македонска берза е организирана како приватно акционерско друштво со учество на домашните и странски физички и правни лица во сопственоста на компанијата, при што доминантни акционери се неколку банки. Берзата веќе 25 години е единствен оператор на македонскиот пазар на хартии од вредност и има за мисија постојан развојот на овој сегмент од финансискиот пазар.
Берзата располага и управува со развиен и хетероген ИТ систем преку којшто обезбедува транспарентен, безбеден, економичен и ефикасен пазар на хартии од вредност и испорака на највисок квалитет на услугите со цел да ги задоволи потребите на акционерските друштва, инвеститорите во хартии од вредност, брокерите и сите други стејкхолдери.
Електронскиот систем за тргување со хартии од вредност што го обезбедува и одржува Берзата овозможува запознавање со карактеристиките и перформансите на развиените системи за берзанско работење во меѓународни рамки и нуди можност и предизвик за континуирана професионална надградба и следење на најновите технологии во оваа област.
 

Опис на работата

Македонска берза е во потрага по сениор .NET developer за да се приклучи на нашиот ИТ тим со цел развој на функционални апликации и web страници.
Одговорностите на сениор .NET developer-от вклучуваат учество во целиот животен циклус на софтверот, дебагирање апликации и конфигурирање на постојните системи. Ако знаете да  пишувате квалитетен код кој може да се употребува во повеќе сценарија и да ја прегледате работата на другите членови на тимот, би сакале да се сретнеме со вас.
 

Одговорности

  • Анализа на системските потреби и приоретизирање на задачите
  • Пишување на чист и скалабилен код со употреба на .NET програмските јазици кој лесно може да се тестира 
  • Развој на техничка спецификација и архитектура
  • Тестирање и дебагирање на разни .NET апликации
  • Ревизија и рефакторизација на постоен код
  • Поставување на апликации 
  • Надградба и миграција на постојните апликации
  • Поддршка на јуниор програмерите
  • Документација на развојниот циклус и оперативните процедури

Потребни познавањa

  • Работно искуство како .NET програмер од минимум 5 години
  • Познавања во развој на Web базирани апликации (HTML, CSS, Javascript, Angular)
  • Познавање на C#
  • Познавање на релациони бази (SQL Server, T-SQL)
  • Познавање на развојни шеми (design/architectural patterns (на пример Model-View-Controller (MVC), repository pattern и други)
  • Познавање и употреба на C# Generics, Reflectionсs, LINQ, Dapper, SignalR
  • Добри комуникациски вештини 
  • SVN, GIT и Redmine

Покрај опишаните професионални предизвици нуди и стимулативни услови во поглед на плата.

Доколку сакате да бидете дел од тимот, Вашата биографија (CV) пратете ја на следниов e-mail: jobs@mse.org.mk или mse@mse.org.mk

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на интервју.