МБНет


МБ НЕТ


Македонската Берза АД Скопје од 2006 година го пушти во употреба својот производ МБНет. Овој производ овозможува следење на сите активности кои се случуваат на нашиот пазар. Во продолжение би сакале да ве информираме за некои детали кои се однесуват на овој производ:
 

1.On-line добивање на сите податоци за сите хартии од вредност кои се тргуваат на Македонската Берза АД Скопје (најдобра куповна/продажна цена, последна цена, просечна цена со апсолтна и просечна промена на просечната цена, пазарна капитализација, максимална/минимална цена во текот на денот/годината, и др.)

2.Автоматско обновување на податоците за сите промени во текот на денот на тргување

3.Моментален промет по пазарни сегменти и видови на хартии од вредност

4.Моментална вредност на МБИ - 10 со апсолутна и просечна промена

5.Увид во пазарот по налози (длабочината на пазарот по налози)

6.Увид во пазарот по цени (длабочината на пазарот по цени)

7.Увид во сите дневни трансакции

8.Следење на прекинувачките аукции преку посебен прозорец за прекинувачки акуции

9.Историски податоци за сите котирани хартии од вредност со можност за нивно графичко представување (трансакции, дневно движење на цена, сумарни податоци за ден)

10.Преглед на движењето на МБИ - 10 со можност за исцртување на графикони (приказ на сите дневни вредности или приказ само на последните дневни вредност на МБИ - 10)

11.Софтверската апликација "МБ-НЕТ" се користи со инсталирање на работна станица "МБ-НЕТ" (која што се добива од Берзата) на персоналниот компјутер на корисникот. Корисникот е должен да обезбеди интернет конекција и статична IP адреса која ќе ја достави до Берзата. Апликацијата "МБ-НЕТ" можат да ја користат домашни и странски правни и физички лица кои немаат статус на учесник во тргувањето на МАкедонската Берза АД Скопје.


За сите подетални информации обратете се на телфон ++389 2 3122 055 или на e-mail: mse@mse.org.mk