Оглас за вработување Junior .NET Developer

Македонска берза е организирана како приватно акционерско друштво со учество на домашните и странски физички и правни лица во сопственоста на компанијата, при што доминантни акционери се неколку банки. Берзата веќе 25 години е единствен оператор на македонскиот пазар на хартии од вредност и има за мисија постојан развојот на овој сегмент од финансискиот пазар.
Берзата располага и управува со развиен и хетероген ИТ систем преку којшто обезбедува транспарентен, безбеден, економичен и ефикасен пазар на хартии од вредност и испорака на највисок квалитет на услугите со цел да ги задоволи потребите на акционерските друштва, инвеститорите во хартии од вредност, брокерите и сите други стејкхолдери.
Електронскиот систем за тргување со хартии од вредност што го обезбедува и одржува Берзата овозможува запознавање со карактеристиките и перформансите на развиените системи за берзанско работење во меѓународни рамки и нуди можност и предизвик за континуирана професионална надградба и следење на најновите технологии во оваа област.

Опис на работата


Македонска берза е во потрага по Junior .NET developer за да се приклучи на нашиот ИТ тим со цел развој на функционални апликации и web страници.


Одговорности
•    Асистирање на Директотот во Дирекцијата за информатичка и техничка поддршка во сите аспекти на креирање и дизајнирање на софтвер
•    Пишување и одржување на код.
•    Следење на техничките перформанси на внатрешните системи.


Потребни познавањa
•    Завршено високо образование во областа на информатичка технологија;
•    Основно работно искуство во областа на информатичка технологија;
•    Познавање на основни јазици за кодирање, вклучувајќи C #, HTML5 и JavaScript;
•    Одлично познавање на:
    -Microsoft .Net 5
    -ASP.Net Core MVC framework
    -Visual Studio
    -C#
    -SVN
    -Microsoft SQL Server 2008 ++
•    Способност за брзо учење на нов софтвер и технологија;
•    Способност за следење на упатства и работење во тимско опкружување;
•    Познавање на англиски јазик;


Нудиме:
- Соодветна и редовна заработувачка;
- Континуирано учење, тренинг и професионален раст;


Доколку сакате да бидете дел од тимот, Вашата биографија (CV) пратете ја на следниов e-mail: jobs@mse.org.mk или mse@mse.org.mk

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на интервју.